Компании
Нови планови за заштита на животната средина од Coca-Cola HBC и Пивара Скопје
Пивара Скопје, како заедничко вложување на Coca-Cola HBC и Heineken, останува посветена на својата агенда за одржливост во насока на поттикнување одржлив раст и развој. Компанијата во целост е усогласена со најдобрите стандарди за одржливост на двете корпорации на кои им припаѓа.
Coca-Cola HBC неодамна го потврди статусот на глобален лидер меѓу компаниите за производство на пијалаци, според остварените резултати и заложбите за оджливост и заштита на животната средина. Ова следува откако корпoрацијата, втора година по ред е рангирана на прво место во светската индустрија за пијалаци, од страна на глобалниот „Дау Џонс индекс за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Index). Истовремено, за своите напори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата, Coca-Cola HBC го задржа првото место меѓу производителите на пијалаци и осмото место на листата ТОП 100 водечки компании кои го формираат FTSE 100 индексот на Лондонската берза.Потврдувањето на статусот светски индустриски лидер во одржливост ја мотивираше Coca-Cola HBC да ги објави новите амбициозни заложби за заштеда на водата за 30% и редукција на емисиите на јаглерод диоксид за 50% до 2020-та година.„Горди сме што, како членка на системот на Coca-Cola HBC, учествуваме во исполнувањето на овие заложби, на тој начин придонесувајќи за заштеда на вода, како еден од есенцијалните природни ресурси и во натамошно унапредување на животната средина во Македонија, но и во глобални рамки“, изјави Витце Мутерс, вршител на должност генерален директор на Пивара Скопје, која во рамките на Coca-Cola HBC системот, две години по ред, ја добива наградата за квалитет и одржлив развој, како највисоко признание за реализираните активности и остварените резултати во четири области: квалитет; здравје и безбедност; заштита на животната средина и почитување на највисоките стандарди во деловните операции.Придонесот на Пивара Скопје во достигнувањето на високите таргети за одржливост на Coca-Cola HBC е реализиран преку спроведување на неколку конкретни проекти, како што се: оптимизација на користењето на топлинската енергија во производството на ПЕТ амбалажа; унапредување на системите за загревање во процесот на производство со подобрување на ефикасноста на задржување на топлината; користење соларна енергија за загревање на техничката и санитарната вода; независен автоматски регулиран систем за загревање на работните простории; употреба на енергетски ефикасни светилки во целата компанија; како и системи за рециклирање на водата која се користи во процесот на производство.Благодарение на досегашните иницијативи, Пивара Скопје значително придонесе во вкупните вложувања и остварувања на Coca-Cola HBC во областа на одрживиот развој, меѓу кои секако се: директна и индиректна редукција на емиисите на јаглерод диоксид за 7,8% годишно; инвестиции од 5,8 милиони евра во инсталации со кои се овозможи заштеда од 1,1 милиони метри кубни вода, како и 4,3 милиони евра инвестирани во проекти за енергетска ефикасност. Во составот на Coca-Cola HBC се наоѓаат компании од 28 земји, меѓу кои и Пивара Скопје, кои произведуваат брендови од портфолиото на Coca-Cola за пазар од вкупно 589 милиони потрошувачи. Со годишно производство од повеќе од 2 милијарди единечни пакувања, Coca-Cola HBC е водечки производител на најпопуларните безалкохолни пијалаци на светот./крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)
Економија
Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино
Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.
Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.
Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.
За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.
Економија
Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.
Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.
Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.
„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.
ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.
„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.
ПР