Компании
ОНЕ, Близу и Вип станаа само Вип, понудени нови пакети во мобилниот сектор и бесплатни меѓусебни разговори
Телекомуникацискиот оператор оне.Вип објави дека од денес корисниците на поранешните брендови Вип, Оне и Близу, стануваат една голема заедница под брендот Вип.
Бесплатните разговори кои до сега корисниците на мобилните мрежи ги користеа во рамки на само Вип или ОНЕ мобилните тарифи, сега ќе можат да ги користат во рамки на големата Вип заедница од над 1,1 милион мобилни корисници. Во рамки на фиксните мрежи пак, бесплатните фиксни минути можат да се користат кон сите корисници на ОНЕ, Вип или Близу тарифните модели. При тоа, корисниците нема потреба да ја променуваат својата СИМ картичка, тие ги добиваат овие поволности со нивните постојни договори и тарифи.„Денес ги обединуваме нашите брендови и нашите корисници, денес сите сме Вип и кога зборуваме бесплатно, зборуваме со многу повеќе корисници од големата Вип заедница. Ги прошируваме придобивките на нашите корисници, ги обединуваме нашите места за контакт со корисниците и го унифицираме искуството на сите наши корисници и грижата за нив на наjвисоко ниво. Вип сега им нуди многу повеќе на своите корисници и за македонскиот пазар во целина. Наскоро корисниците може да очекуваат уште повеќе понуди и нови услуги од Вип“, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип. Исто така, од денес за корисниците е достапно и ново единствено тарифно портфолио во мобилната телефонија. Од денес за сите нови корисници и оние кои сакаат да го обноват својот договор достапни се 4 нови Vip Mobile тарифи S,M, L и XL, кои соодветствуваат на побарувањата на корисниците. Така, за корисниците кои имаат потреба од зголемен податочен сообраќај во рамки на Vip mobile L и XL, покрај неограничениот број минути и СМС пораки кон сите мрежи, во рамки на месечната претплата од 749 денари, односно 1299 денари, вклучени се и 3GB, односно 6GB брз 4Г интернет, соодветно на пакетот. За корисниците, се достапни и Vip Mobile S, каде за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат неограничени разговори кон големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници, вклучени минути кон сите мрежи и 4Г интернет и Vip Mobile М со месечна претплата од 549 денари со повеќе минути кон сите мрежи и 4Г интернет. Во сите тарифни модели има вклучено 4Г ЛТЕ сообраќај, по завршувањето на вклучениот интернет корисниците можат да продолжат да користат 4Г ЛТЕ по цена од 39 денари за 200 MB. Со тоа што сите корисници се во рамки на Вип заедница, од сега ќе имаат поедноставна и полесна комуникација преку единствен број на контакт центарот 077 1234 и преку една веб страница за сите кориснички потреби и информации www.vip.mk . Сите корисници ќе можат да ги добијат сите услуги во мобилна, фиксна телефонија, како и конвергентната понуда во сите продажни места – Вип продажни места, а сите припејд корисници ќе можат да ги надополнат нивните сметки на сите места означени со Вип. Сметките исто така ќе бидат означени со Вип.„Ни претставува огромно задоволство што денес го редефинираме нашиот бренд Вип и силно го поддржуваме исполнувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата на македонскиот пазар. Ветивме дека ќе донесеме повеќе вредност и повеќе придобивки за корисниците во Македонија и ги исполнуваме нашите ветувања. Денес го продолжуваме она што го започнавме на крајот на минатата година и убедени сме дека нашите следни активности и инвестиции ќе им донесат повеќе на нашите корисници – повеќе услуги, најдобро корисничко искуство, мрежи со најдобар квалитет, најдобра понуда и многу повеќе. Нашите тимови работат напорно за да им го овозможат најдоброто на корисниците и ќе продолжиме со истото темпо“, изјави Јиржи Дворјанчански, Главен извршен директор на Кластерот Хрватска и Македонија на Телеком Австрија Групацијата.Оваа интеграција на комерцијално ниво е подготвена во исклучително кус рок, при што голем тим на експерти работеше напорно за да ги соедини сите системи на страна на операторот и да овозможи непрекинато корисничко искуство. Паралелно на ова, оне.Вип работи на изградба на нова мобилна мрежа и до сега се завршени регионите на Скопје, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Охрид и Струга. Во моментот се работи регионот на Повардарието, а до крајот на годината сите урбани делови на Македонија ќе добијат нова мобилна мрежа. Новата мобилна мрежа на сите корисници на Вип ќе им обезбеди значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент. Истовремено, компанијата е фокусирана и кон целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура, со цел создавање на конвергентен оператор со можност да понуди најдобри конвергентни сервиси. Новата кабловска HFC технологија на Вип ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, со до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за најголемиот дел од домаќинствата каде Вип има кабелска покриеност во Македонија. Овие инфраструктурни проекти се комплексни и по однос на временска рамка и по однос на инвестиции, при што само во првиот квартал за 2016 година компанијата има инвестирано над 6,4 милиони евра. Компанијата планира да го зголемува својот инвестициски капацитет и понатаму оваа година и до крајот на 2016 година да инвестира повеќе од 30 милиони евра со цел да обезбеди најквалитетни мрежи за корисниците во Македонија. Компанијата најави дека во блиска иднина Вип ќе подготви уште повеќе посебни понуди и придобивка за сите корисници. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)
Економија
Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино
Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.
Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.
Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.
За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.
Економија
Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.
Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.
Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.
„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.
ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.
„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.
ПР