Компании
Пријавете се веднаш и преземете 50 евра за тргување со цената на акциите на Microsoft
Доколку сакате да се испробате во тргување со цената на акцијата на Microsoft и да заработите на светската берза, FXLider Ви доделува 50 EUR за почеток во тргувањето. Доволно е само да се пријавите на линкот подолу и да започнете со тргување.
Пријавете се овде и преземете 50 EUR за тргување
Во вторник 21-ви јули Microsoft објави мешовити резултати за заработката во четвртиот фискален период, по што следеше турбулентно движење на цената на акциите во вид на наизменичен пад и раст. Голем проблем беше што Microsoft повторно ги намали прогнозите за приходот и профитот во наредниот квартал. Ова е четврти последователен квартал во кој се очекува намалување.
„Според финансискиот директор Ејми Худ, во наредниот квартал се очекува приход меѓу 20,7 до 21.3 милијарди долари. Пазарот беше разочаран затоа што се очекуваше дека овој износ ќе достигне до 22,7 милијарди долари. Покрај тоа што во претходниот квартал покажана е очекувана слабост околу продажба на компјутери поради намалениот пазар, она што не се очекуваше, а се случи е пад на продажбата на некој комерцијални производи за работа. Меѓутоа, добра вест е дека е остварен солиден раст во областа на cloud computing низ приход кој достигна рекордни 24,5 милијарди долари низ договори кој сé уште не се реализирани“, наведуваат од FXLider.
Microsoft успеа да го придобие General Electric како нов клиент за Office 365. Околу 300 илјади вработени во General Electric ќе го користат овој софтверски пакет, со што ќе стане најголем договор за Office 365 досега. „Microsoft во моментов ја менува својата деловна стратегија. На 18-ти јули беше објавена реконструкција на досегашното работење и намалување на бројот на вработени за 7.800, главно во секторот на телефонија. Оваа вест ги израдува оние кои не го сакаат Microsoft, меѓутоа сериозните аналитичари знаат дека стратешки посматрано ова е добра вест. Satya Nadella, генерален директор на Microsofta, со овој потег ги преусмерува кадрите и ги намалува трошоците. Хаотичната стратегија на претходниот CEO е заменета е со фокусот на мобилна телефонија и i cloud, од фокусот на Office 365 како доминантен софтверски пакет за работење во однос на конкуренцијата“, истакнуваа од FXLider.
Пријавете се овде и преземете 50 EUR за тргување
Најновите стратешки потези на Microsoft ефикасно се репозиционираа за оптимистичка иднина и сега е на ред само реализација на оваа стратегија.
FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.
Предупредување од ризик и одрекнување од одговорност
Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за Вашиот капитал затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за Вас. Загубите можат да ги надминат Вашите депозити и од Вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и заради тоа морате да бидете сигурни да сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет. Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на било кој финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба на овие коментари ниту за последиците кои од тоа можат да проистекнат. Не се дава никакво уверување ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи спрема нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)
Економија
Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино
Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.
Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.
Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.
За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.
Економија
Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.
Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.
Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.
„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.
ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.
„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.
ПР