Контакт

Компании

Пријавување за натпреварот за „Интернет на нештата“ решенија и награда за рекламна кампања за бизнис од 30.000 евра

Објавено пред

Ако првата револуција во светот на информатичката технологија беше изумот на самIoT компјутер, втората револуција појавата на интернетот, тогаш „Интернет на нештата “можеме слободно да ја наречеме третата голема ИТ револуција што во моментов почнува, а која допрва ќе се разгори во светот, смета Мартин Михајлов, професор на Економски факултет при УКИМ-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) не е утописка идеја за иднината, туку фундаментален концепт кој веќе го менува животот, кој има сé поголема примена во здравството, транспортот, во компаниите кои се бават со автоматизирано производство на материјални добра и каде сè не.

Токму поради неговото значење, Дојче Телеком како компанија која континуирано поттикнува иновации во телекомуникациите со цел да им го подобри деловниот и приватниот живот на своите корисници, го иницираше и натпреварот Business Wall of Fame, за избор на најдобри македонски решенија за „Интернет на нештата“(„IoT“). Конкурсот започна на 20-ти април и ќе трае до 25-ти мај. Гласањето на бизнис корисниците е од 11-ти мај до 22-ри јуни Победниците ќе бидат обајвени на 7-ми јули годинава и ќе обезбедат учество на меѓународниот натпревар за иновации на Телеком којшто ќе се одржи во втората половина на 2015 година.

„Паметните автомобили сè повеќе навлегуваат на глобалниот пазар како значаен дел од “Internet of Things”. Порше Македонија во соработка со Македонски Телеком работи на локализација и адаптација на овој глобален тренд на македонскиот пазар”, рече Златко Муцунски, генерален директор на компанијата „Порше Македонија“.

Платформата ‘Интернет на нештата’, не е нешто далечно и за македонските корисници. Напротив, вакви решенија се имплементираат и во Македонија. Пример се апликациите Fleet management и SmartWine креирани во партнерство со Т-Мобиле Македонија и Македонски Телеком. Првата е апликација за следење на автомобилската „флота“ на компании кои се занимаваат со превоз или диструбуција, која Македонска пошта ја имплементираше во 2012 година.

„Во овој период од речиси 4 години, постигнати се директни заштеди од повеќе од 20 отсто и зголемување на ефикасноста на доставување на пратките за повеќе од 30 отсто. Свесни сме дека овој резултат немаше да го постигнеме без успешната имплементација на оваа технологија на Македонски Телеком, прилагодена за нашите потреби“, велат од Македонска пошта.

SmartWine, пак, е апликација за интелигентен мониторинг на лозови насади, базирано на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите. Овие мрежи овозможуваат 24 часовен мониторинг и информации за состојбата и во случај на опасности, системот го алармира корисникот да ги преземе потребните мерки, со што го намалува ризикот на минимум. „Ние сме компанија која верува дека континуирани инвестиции во технологијата со цел унапредување на нашиот процес на производство на вино ќе нè направи единствени и конкурентни. Затоа, IP технологијата и М2М, односно, поврзани машини се дел од нашата стратегија за континуирана контрола и навремена реакција за постигнување на висок квалитет на производите, што претставува и наш најголем императив. Во оваа насока, Македонски Телеком ни е примарен партнер од доменот на дигиталните технологии и поврзани луѓе и машини”, смета Цветанка Ицева, менаџер за ИТ, Винарска визба „Тиквеш“

IoT ќе има значително влијание врз бизнисот, а до 2020 се очекува над 26 милијарди уреди да бидат поврзани преку интернет! Затоа во иднина, компаниите колку побрзо ги имплементираат и користат Интернет на нештата (Internet of Things,- IoT), ќе можат да ја зајакнат својата конкурентност, продуктивност и ефикасност.

Тоа ќе значи целосно поинакво секојдневие, нов начин на користење на домашните уреди, мобилните и јавните сервиси, споделување на информации, нов начин на организирање на слободното време, како и ново користење на медицината.

https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

 

За натпреваротНатпреварот е наменет за сите компании кои до сега немале можност, а сакале да ги промовираат своите „IoT“ решенија и да ги направат достапни за широката јавност. Најдобрите „IoT“ решенија ќе влезат во финалето според бројот на добиени гласови од гласачи и поддржувачи на нивните решенија, по што стручно жири ќе ги избере победниците од националниот и од меѓународниот натпревар. Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.

Исто така, и гласањето може да се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.

Категории и награди од натпреварот „Business Wall of Fame“:• Национален победник: Најдобро „IoT“ бизнис решениеРекламна камања вредна 30.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер• Национален победник: Најдобар поддржувач на национално „IoT“ решение Рекламна камања вредна 20.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер • Специјална награда: Најдобро интернационално „IoT“ бизнис решениеПартнерството со Дојче Телеком во осум земји и можност за поврзување со потенцијалните 10,8 милиони бизнис корисници, како и меѓународна промоција во вредност од 10.000 евра

Распоред на настаните:• Аплицирање за учество на компаниите: 20 април – 25 мај 2015• Гласање на бизнис корисниците: 11 мај – 22 јуни 2015• Објава на победници: 7 јули 2015./крај/мф/сд

Регистрирајте се на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

Повеќе информации околу натпреварот, учеството, гласањето и условите на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија27 минути

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија33 минути

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија48 минути

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија1 час

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија1 час

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија1 час

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија2 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија2 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија3 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија4 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија6 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија8 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија8 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија8 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија10 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија10 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион10 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет11 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...