Контакт

Компании

Загубата на Nokia ја спушти добивката на Microsoft

Објавено пред

Добивката на технолошкиот гигант Microsoft изнесуваше во вториот квартал 4,6 милијарди долари, седум отсто помалку во однос на истиот период лани, што е исклучиво последица од загубите на Nokia.

 

 

Nokia, која Microsoft ја купи во април за 7,2 милијарди долари за да се вклучи на брзорастечкиот пазар на паметни телефони, оствари во изминатиот квартал загуба од 692 милиони долари, извести најголемито светски производител на софтвери.

 

Раководството на Microsoft проценува дека Nokia ќе престане да ниже загуби до половината на 2016 година, иако нејзиниот нов Лумиа модел не оствари успех каков што се надеваа во Microsoft, освојувајќи само четири отсто од светкиот пазар на мобилни телефони.

 

За да се намалат трошоците во работењето, Microsoft минатата недела најави укинување на 18.000 работни места од вкупно 127.000, што ќе претставува најголемо реструктуирање во 39-годишната историја на технолошкиот гигант. Притоа 12.500 работни места ќе бидат укинати во Nokia.

 

„Растот на компанијата го поттикнуваме со дисциплинирани одлуки, важни иновации и насочување кон извршување на одлуки“, се истакнува во соопштението на Сатја Надела, извршен директор на Microsoft.

 

Вкупните приходи на Microsoft пораснаа во вториот квартал за 17 отсто, на 23,4 милијарди долари што е повеќе од очекувањата на аналитичарите, а дел од растот се додавањето на приходите на Nokia од околку две милијарди долари.

 

Добивката на Microsoft од околу 4,6 милијарди долари, или 55 центи по акција, сепак е нешто помала од проценките на анлитичарите од 59 центи. /крај/

Економија

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“

Објавено пред

Сите купувачи, љубители на онлајн шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата „Купувам домашно“ и на Групер.мк, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај зделки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Групер шопинг мол, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер „Купувам домашно“ каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку мобилната апликација на „Групер“. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со која било друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15 август.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски ги повика производителите на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи

Објавено пред

Министерот за земјоделство и шумарство, Трајан Димковски, денеска од Дојран ги повика сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети да ги заштитат своите производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Тој нагласи дека југоисточниот дел на нашата држава изобилува со самоникнати диви смокви, посебно на подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Од дивите смокви, во овој крај традиционално се произведува познатото слатко од диви смокви. Сепак, слаткото од диви смокви се произведува само за домашна употреба. За да може овој вкусен традиционален производ да се пушти во слободна продажба на пазарите и да прерасне во бренд специфичен за овие простори, потребно е да се заштити со ознака за гарантиран традиционален специјалитет, објасни министерот.

Министерството неодамна го објави јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

„Ние имаме многу наши надалеку познати традиционални специјалитети кои досега не беа заштитени со ниту една од предвидените ознаки. Затоа ги повикувам сите оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав и кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик за кој останува уште 31 ден, заклучно со 2 август“, изјави министерот Димковски.

Со цел да ги потикнеме нашите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи, во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, одвоивме средства во висина од 1.500.000 денари, додаде Димковски.

„МЗШВ оваа година ќе почне со заштита на неколку производи и секоја наредна година ќе продолжи да одвојува средства за заштита на уште многу други земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети, онака како што тоа се прави во останатите европски држави.

На тој начин, со нашето пристапување во Европската Унија нашите заштитени производи ќе можеме да ги промовираме на европскиот пазар со заштитени ознаки“, порача министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“

Објавено пред

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“.

• OCTAVIA COMBI освои награда за „Најдобар дизајн“
• OCTAVIA COMBI и SUPERB COMBI ја освоија наградата за „Најдобра технологија“
• SUPERB COMBI беше прогласен за „Најдобра вредност за парите“
• „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година

Читателите на германското специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ (AUTO Straßenverkehr) ги изгласаа моделите на „Шкода“ за „Семеен автомобил на годината“ во шест категории. Ова значеше дека чешкиот производител однесе дома повеќе награди од кој било друг бренд учесник. Вкупно 128 возила се натпреваруваа во три различни категории за „Најдобар дизајн“, „Најдобра технологија“ и „Најдобра вредност за парите“. За секоја од нив, читателите избраа еден автомобил и еден генерален победник. OCTAVIA COMBI се искачи на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, а исто така ја освои и наградата за „Најдобра технологија“. SUPERB COMBI беше крунисан како „Најдобра вредност за парите“ во целина. Исто така, беше изгласан за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија. „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на „АУТО Штрасенверкер“ во 2011 година.

Изборот на „Семеен автомобил на годината“ од читателите во 2020 година се одржа по деветти пат. Во него беа вклучени само седани, SUV и Combi-возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.

„Шкода“ има освоено неверојатни 34 награди за „Семеен автомобил на годината“ од 2011 година
Оваа година, вкупно 9.341 читател на германскиот специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ го дадоа својот глас за своите омилени семејни возила. ŠKODA освои шест награди: три за OCTAVIA COMBI и три за SUPERB COMBI, повеќе од кој било производител, потврдувајќи ја извонредната позиција na „Шкода“ меѓу брендовите на семејни автомобили оваа година. Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, ја освојува посакувана титула вкупно 34 пати од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година.

Поглед одблиску на резултатите на „Шкода“

Новата четврта генерација ŠKODA OCTAVIA COMBI беше номинирана за првпат и ги импресионира читателите во повеќе области. Бестселерот на брендот ја освои генералната и наградата за увозно возило за „Најдобар дизајн“ на возила под 25.000 евра и беше прогласен и за омилено увозно возило со „Најдобра технологија“ во оваа категорија.

Исто така, ŠKODA SUPERB COMBI освои неколку признанија „Семеен автомобил на годината“. Автомобилот со средна големина се натпреваруваше меѓу моделите со вредност од 25.000 до 35.000 евра. Беше крунисан во конкуренцијата на „Најдобра вредност за парите“, како увозен автомобил и во целина. Дополнително, се искачи на врвот во категоријата за „Најдобра технологија“ меѓу возилата во својот ценовен опсег.

Читателите истакнуваат: „Возилата на ‘Шкода’ се импресивни семејни автомобили“

Моделите на чешкиот производител освоија поени со нивниот извонреден простор за патници и багаж или намирниците од неделното пазарење. Нивниот концепт за флексибилен простор обезбедува дополнителни придобивки: седишта на преклоп и многу едноставни детали, вклучувајќи куки за торбички, држачи за пијалаци, прегради и мрежи во багажникот, кои обезбедуваат максимална функционалност. Покрај тоа, возилата на „Шкода“, претставуваат најсовремена безбедност, редовно постигнувајќи максимален рејтинг на тестовите на Euro NCAP.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 минути

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ27 минути

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“,...

Македонија57 минути

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион2 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија3 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион3 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија3 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион13 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион14 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион15 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет18 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион19 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија20 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија20 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија23 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион23 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион24 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Досие