Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Еуроимпекс“ и алатите „Irimo” со голема промотивна акција во месец август

Објавено пред

Доколку ви е потребен рачен алат  што е синоним за квалитет, функционалност и доверливост веќе 89 години, посетете ги салоните на „Еуроимпекс“, како генерален увозник на “Irimo“ и бидете дел од прмотивната акција, само во месец август!

„Еуроимпекс“, со почетоците на 2001 година, станува ексклузивен увозник на брендот “Irimo“ за Република Македонија и веќе 18 години успешно ја раскажува приказната на брендот.

Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија. Широкиот асортиман на  алатот на „Irimo“, меѓу другото вклучува и алати за поправка и одржување автомобили, што го издвојува како лидер во овој сегмент.

Едно е сигурно, професионалците ги бираат алатите на „Irimo“ бидејќи им веруваат!
Како дел од понудата можете да најдете: колички со фиоки за алати, работна маса, куфери, количка за транспорт, ранци за алати, одвртувачи, имбус-клучеви, клешти, сечици и многу други алати корисни за вашето секојдневно работење.

Целата понуда можете да ја погледнете на следниов линк.

Компанијата „Irimo“ е основана во 1930 година во Urretxu, Шпанија, со производство на оски за колички и лагери. Во 1995 Irimo е купен од глобалниот лидер во производство на рачен алат компанијата Snap-On Incorporated од САД со што се отвора нова страница во историјата на овој бренд.

Во 2005 година сопственикот Snap-On го најавува партнерството со обединување на неколку европски водечки брендови за производство на алат и основање на групацијата SNA Europe, каде и денес припаѓа „Irimo“.

Во 2014 година се преземени активности за ребрендирање на брендот „Irimo“ со ново лого и боја. Подоцна во производство се вклучуваат рачни алати за голем број апликации. На тој начин на производство еволуирале од шпански во европски бренд и ги адаптирале своите потреби за еден таков широк пазар.
Оваа еволуција и динамика продолжува сè до денес, овозможувајќи „Irimo“ да ја добие довербата на клиентите кој истовремено ги задоволува нивните потреби.

Прикажи повеќе...

Економија

„Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“ за еден ден изгубиле 162 милијарди долари

Објавено пред

Водечките американски технолошки компании изгубиле 162 милијарди долари на вчерашното тргување на „Волстрит“, при што најголема загуба имал „Епл“.

Тоа било најдраматичен пад на американските индекси во оваа година.

„Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“, петте највредни американски компании, заедно изгубиле 162 милијарди долари, што покрена поширока криза на пазарот на акции, предизвикана, меѓу другото, и од загриженоста поради трговската војна меѓу САД и Кина.

Овие компании во петокот изугбија 66 милијарди долари од пазарната вредност.

Прикажи повеќе...

Економија

Недела на големи попусти и до 60 рати без камата во „Нептун”

Објавено пред

HAPPY WEEK акција во „Нептун” со големи попусти и до 60 рати без камата на сите производи! Од 05-12 август, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за HAPPY WEEK може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун” има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

„Нептун” во месец јуни лансираше дигитална верзија на “haPPy” картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка “haPPy” картичка на својот мобилен телефон преку веб сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат “haPPy” картичка, „Нептун” им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн “дигитална haPPy” картичка на 50% попуст. Со дигиталната “haPPy” картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на “Нептун” ширум Македонија како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.

„Нептун” најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска...

Свет1 час

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 час

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет2 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет14 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет14 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион15 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион16 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет17 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет19 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион23 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ23 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет1 ден

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Досие