Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Визијата станува реалност – светска премиера на Volkswagen ID.3

Објавено пред

Volkswagen го претставија пионерскиот ID.3 на Меѓународниот Автомобилски Саем (ИАА) во Франкфурт. Ова возило е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на Volkswagen како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила – со нула емисии, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, а исто така е и првиот модел со новото лого на Volkswagen.

„ID.3 е сеопфатен автомобил, погоден за секојдневна употреба. Тој е компактен, а како таков, нуди карактеристики на маневрирање на мал автомобил со внатрешен простор на средно возило. Тој комбинира возбудлив дизајн со иновативна технологија и значителен досег“, истакнува Силке Багшик, раководител на продажба и маркетинг за ID. семејството, вечерта пред ИАА.

ID.3 од Volkswagen отвора нова ера на мобилноста. Ова е прв модел од ID серијата на возила која се карактеризира со 0 емисии на штетни гасови, импресивна динамика на возење што е карактеристична за електричните автомобили и целосна поврзаност. Како и сите идни ID модели, ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис.

ID.3 го користи новиот дизајнерски јазик, што го прави веднаш препознатлив како возило со нулта емисии. Наменето за електричната иднина, носи ново ниво за квалитет на дизајн во категоријата на компактни возила. „Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината“, објаснува Клаус Бишоф, шеф на дизајн на брендот Volkswagen, и во продолжение потенцира: „Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.“

Внатрешноста е исто така револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание на MEB платформата, во комбинација со многу кратки преклопувања, резултира со просторен ентериер на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот обезбедуваат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат во ID.3. Покрај дисплејот во кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, десет-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации.

Сите контроли – вклучително и оние на електрично прилагодливиот мултифункционален управувач – се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Благодарение на App Connect, ID.3 може да се поврзе со вашиот паметен телефон за неколку секунди.

При лансирањето, ID.3 ќе биде достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува електричен досег до 330 километри (според WLTP). Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kW, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км (според WLTP). Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри (според WLTP). Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни ID.3 за досег од околу 290 километри (WLTP) во рок од 30 минути, користејќи излез за полнење од 100 kW.

Самите батерии се интегрирани во подвозјето. Ова позиционирање има позитивен ефект врз динамиката на возењето, бидејќи го поместува центарот на гравитација значително пониско. ID.3 се карактеризира и со оптимална дистрибуција на тежина помеѓу предната и задната оска.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Џенерал моторс“ повлекува 3,4 милиони возила

Објавено пред

„Џенерал моторс“ (ГМ) повлекува повеќе од 3,4 милиони пикап и СУВ-возила во САД поради проблеми со сопирачките.

Ќе бидат повлечени моделите „шевролет силверадо“ и ГМЦ Сиера 1500, 2500 и 3500 произведени од 2014 до 2018 година, како и „кадилак ескалад“ од 2015 до 2017 година, како и ГМЦ Јукон, „чеви субурбан“ и „тахое“ од 2015 до минатата година.

ГМ објасни дека пумпата во сопирачките може да произведе помалку вакуумска моќност отколку што е потребно, со што се зголемува растојанието за застанување и можноста од судир.

Повлекувањето дојде откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата почна истрага минатиот ноември.

Прикажи повеќе...

Економија

Новото „пежо 208“ добитник на наградата „Еуростар“ за патничко возило за 2019 година

Објавено пред

Новото „пежо 208“ е добитник на наградата за патничко возило за 2019 година од страна на Automotive News Europe.

На 9 септември, во името на тимот на „Пежо продукт” воден од Laurent Blanchet, проект-менаџерот на новото „пежо 208“ и e-208 – Guillaume Clerc, ја прими наградата „2019 Еуростар” за патничко возило за 2019 година доделена од Automotive News Europe.
Првата церемонија на Eurostar Awards била одржана во 1998 година.

Од тогаш, секоја година Automotive News Europe го наградува автомобилскиот сектор во различни категории за нивните иновации на одредени возила.
Оваа година, во категоријата патнички возила, Guillaume Clerc и својот тим се добитници на наградата за новото „пежо 208“.

Жирито го пофали иновативниот карактер на „пежо 208“, најпрво за својот уникатен стил, но исто така и за новата генерација на PEUGEOT i-Cockpit© која понудува: 3D head-up дисплеј во комбинација со опции за помош при возење преземени од повисоките класи.

„Пежо 208“ е исто така награден за својата нова платформа, дизајнирана да понуди и возила со внатрешно согорување и електрични верзии. Навистина, новото „пежо 208“ е креирано од платформата на најновата генерација на PSA: CMP (Common Modular Platform). Модуларноста се огледува во димензиите и моќноста на моторот.
Со својата мулти-енергетска понуда, им овозможува на своите потенцијални купувачи да одберат помеѓу: внатрешно согорување (бензин/дизел) или електрична верзија. Оваа нова платформа помага да се ограничи емисијата на CO2 на новото „пежо 208“.

Новото „пежо 208“ ќе биде достапено од моментот на своето лансирање, со 3 типови на мотори: електричен, бензин или дизел.
Имено, брендот пежо веќе се здоби со наградата „Еуростар“ минатата година, доделена на Pierre-Paul Mattei за дизајнот на новото „пежо 208“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет8 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија10 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија16 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија16 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија16 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет19 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија19 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија19 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион19 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ19 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет20 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет20 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион1 ден

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија2 дена

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија2 дена

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет2 дена

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 дена

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Досие