Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Мицкоски најави голема странска инвестиција во Битола

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им се заблагодари на битолчани за големиот успех во првиот круг, за мнозинството советници во Советот на Општина Битола коишто доаѓаат од коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ освоило најголем број гласови во Советот на Општина Битола.

„ ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг овде, во Битола, и во трката за градоначалник, Тони Коњановски победи во првиот круг и ќе победи во вториот круг за тоа што на битолчани им е преку глава веќе од лаги, криминал, предавства, од корупција, од неуспеси во здравството, од нереформирано образование, од сето она што се случуваше изминативе 52 месеци во Македонија, но и сето она што се случуваше изминативе четири години овде, во Битола“ рече Мицкоски.

Тој најави дека работат на голема странска инвестиција во индустриската зона „Жабени“.

„ Ќе ве молам да оставите на времето да покаже која ќе биде таа голема странска инвестиција, којашто во наредниот период ќе дојде и ќе инвестира  во Битола. Да не бидеме како тоа што го правеше Зоран Заев и Владата на СДСМ, лиферувајќи имиња од типот на голем германски инвеститор во автомобилската индустрија, па Фејсбук, па Гугл, па последно на едно наше заедничко соочување ИКЕА ја споменуваше, и уште ред други имиња. Не би сакал да наликувам на човек што споменува имиња бидејќи и самите тие нормално дека не би сакале да се открие тоа име“, истакна тој.

Мицкоски додаде дека во периодот што следи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донеселе голема странска, мултинационална компанија што ќе инвестира и ќе обезбеди во почеток неколку стотици, а во подоцнежна фаза и повеќе од неколку илјади нови работни места овде за Битола и за битолчани, и за Пелагонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Јунајтед Груп лансира EON TV платформа во Грција

Објавено пред

ЕОН сега е достапен на пазар од над 40 милиони луѓе

 

Јунајтед Груп, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, денеска објави дека ја започна платформата ЕОН во Грција.

Најпопуларната ТВ платформа во Југоисточна Европа сега е достапна за корисниците на компанија Нова благодарение на Јунајтед Груп, која исто така ја носи најмодерната технологија и голем избор на ексклузивни кино и спортски содржини на грчкиот пазар, со врвни квалитетни услуги достапни за секого. ТВ платформата ЕОН беше претставена заедно со пакетите ЕОН со супер брз оптички интернет и фиксна телефонија.

Во рамките на Јунајтед Груп, во С. Македонија работи компанијата Тотал Тв преку која е активна мобилната апликација ЕОН и за корисницте во С. Македонија.

Платформата ЕОН ТВ, развиена од Јунајтед Клауд, иновативен центар на на Јунајтед Груп, сега им нуди на клиентите во Грција, како што тоа го правеше во Србија веќе три години, иновативен начин за гледање телевизија со најдобро корисничко искуство достапно во секое време, насекаде, преку Smart Box или преку EON апликациите на мобилен телефон, таблет, компјутер или телевизор.

Покрај бројните функционалности, како што се враќање на содржина до 7 дена на скоро сите канали, мулти -екран, гласовно пребарување, EON профили, EON Kids и многу други, EON доаѓа со елегантен далечински управувач кој што е награден со признание Red Dot Design.

Како дел од пакетот ЕОН, достапни се Нова Спорт девет канали во Грција, кои имаат ексклузивни права за пренос на натпревари од Премиер лигата во следните шест сезони, почнувајќи од август следната година – грчката Супер лига, Ла Лига, Бундеслига и Лига 1, како како и повеќе од 3.000 преноси во живо во повеќе од 40 врвни натпревари и турнири со најдобрите тимови и спортисти од целиот свет.

Нова потпиша ексклузивни договори со некои од најголемите холивудски филмски студија – Universal, Sony Pictures, MGM и Warner Bros, што и овозможува на компанијата исклучиво да емитува холивудски филмови и серии.

Откако започна со работа во Бугарија и Хрватска на почетокот на оваа година и беше воведен во Грција, ЕОН стана водечка ТВ-платформа во Југоисточна Европа, која е достапна за дијаспората ширум светот, како и пазарите на Јунајтед Груп за повеќе од 40 милиони луѓе.

За Јунајтед Груп:

Јунајтед груп, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји, има приближно 11 милиони клиенти, речиси 14.500 вработени и годишен приход од околу 2 милијарди евра. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ -содржини од целиот свет. Значајни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумска содржина и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги нуди на клиентите. Од март 2019 година, Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот. Во рамки на Јунајтед Груп (United Group) во Р.С. Македонија работи Тотал ТВ.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Германските амбасадори од регионот во посета на „Дрекслмајер Кавадарци“

Објавено пред

Амбасадорите на Сојузна Република Германија во земјите од регионот предводени од Анке Холштајн, амбасадор на Германија во земјава, како дел од агендата во рамки на регионалната конференција чиј домаќин беше германската амбасада, остварија посета на „Дрекслмајер“ како германски инвеститор во земјава. На воведната презентација им беа прикажани најважните моменти од основањето на компанијата, како и идните стратешки проекти.

За време на обиколката низ фабриката, гостите беа придружувани од страна на генералниот менаџер на „Дрекслмајер“ Македонија, Лукас Мирингер, и добија целосна слика за целокупниот синџир за производство на производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.

„Драго ни е што имавме можност да им посакаме добредојде на германските амбасадори од земјите од регионот во ‘Дрекслмајер Кавадарци’. За време на нашата средба со нив ги разгледавме најважните аспекти за нас како што се нашите вработени и меѓународните Дрекслмајер стандарди имплементирани на двете локации во земјава, а ги претставивме и идните перспективи и планови“, вели генералниот менаџер на „Дрекслмајер Македонија“, Лукас Мирингер.

Гостите беа запознаени со бројните проекти во рамки на делот за општествена одговорност кои „Дрекслмајер“ ги иницира и ги реализира заедно со своите вработени. Дипломатите ја посетија и специјализираната училница за практична настава во рамки на моделот на дуално образование според германски стандарди.

„Добивме многу позитивен впечаток за она што го видовме во ‘Дрекслмајер’ на локацијата Кавадарци. Воодушевени сме од добрата организација во фабриката. Особено го поздравуваме залагањето на ‘Дрекслмајер’ во делот на спроведувањето на германскиот модел на дуално образование. Младите луѓе се нашата иднина. Поддршката која ‘Дрекслмајер’ ја дава кон заедницата во којашто делува е одличен пример за општествено одговорно однесување“, рече амбасадорката Холштајн.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина штити и дека е сигурна за деца

Компанијата „Модерна“ ги објави позитивните резултати од својата вакцина против коронавирус кај деца на возраст од шест до 11 години...

Македонија13 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија15 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет16 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија17 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија19 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет20 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет21 час

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет21 час

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион1 ден

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион1 ден

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ2 дена

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион2 дена

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион2 дена

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет2 дена

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ2 дена

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Досие