Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Peugeot со Black Friday понуда!

Објавено пред

Од Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во регионот, информираат за најновата понуда креирана за своите потрошувачи, за различни модели на возила, со конкретни цени, мотори, ниво на опременост и бои.

Креирани се посебни “Black Friday” цени со цел да им излезат во пресрет на своите потенцијални клиенти и да имаат можност да заштедат и до 4000€!

Подготви се за старт со својот Peugeot!

За нови импресии, нови сензации и нови авантури…добредојдени се во салоните на Еуроимпекс сите љубители на Брендот.
Клиентите можат да изберат помеѓу Peugeot 308, 301, 2008, 3008 и 508 по неодоливи цени!

Сите заинтересирани ги очекуваме во двата продажни салони на Еуроимпекс или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип, Гевгелија и Битола каде ќе бидат целосно запознаени со моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите во Black Friday понудата.

Побрзајте, количините се ограничени. Понудата трае до 7.12.2020

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Две турски компании во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод

Објавено пред

Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во Северна Македонија, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Компаниите ‘Акса догалгас дагити А.С.’ и ‘Палмет енерџи аноним ширкети’ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза, која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија“, напиша Бектеши на својот „Фејсбук“.

👉Dy kompani turke kanë hyrë në garë për ndërtimin e gazsjellësit kryesor të gazit në Maqedoninë e Veriut.

✔️Kompanitë “…

Posted by Kreshnik Bekteshi on Wednesday, 25 November 2020

Условите што требаше да ги исполнат заинтересираните инвеститори за учество на јавниот повик што го објави Министерството за економија се: најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција, да имааат дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 во последните 3 години и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години.

„Природниот гас е едно од горивата што значително ќе придонесе за енергетска транзиција до 2040 година. Затоа гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Оправданоста за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија произлегува од фактот што на граѓаните како и на субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор треба да им се понуди и друга можност за снабдување со гас како поеколошки енергенс во споредба со постојните енергенси“, објаснува Бектеши.

Прикажи повеќе...

Економија

Индустријата на игри на среќа поддржува речиси 70.000 работни места

Објавено пред

Иако претпреа огромни загуби за време на пандемијата на коронавирусот, приредувачите и понатаму имаат големо влијание на стабилноста на економијата на државата. Било какво ограничување на нивното право на работа, би оневозможило понатамошно континуирано полнење на државниот буџет кој на годишно ниво изнесува преку четвртина милијарди евра.

Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголемува околу 40 отсто! Легалните приредувачи и за време на кризата предизвикана од коронавирусот продолжија да ги исполнуваат своите редовни обврски кон државниот буџет и буџетите на локалната самоуправа, кои годишно изнесуваат повеќе од четвртина милијарди евра, а претходните месеци акцент во општествено одговорните активности дадоа на здравствениот систем.

Имено, само минатата година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 280 милиони евра. Од тие, 155 милиони евра од директни приходи и 125 милиони евра благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални даноци, придонеси и даноци на добивка, закуп на деловен простор… За плата на своите вработени, компаниите кои приредуваат игри на среќа издвоиле околу 50 милиони евра.

Сите директно вработени во оваа индустрија, кои ги има околу 10.000, обезбедуваат уште по седум работни места во други индустрии, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од жителите во Северна Македонија директно и индиректно живеат од оваа индустрија.

Од година во година, индустријата вработува се повеќе образовани кадри – што го отсликува позитивното влијание што го има оваа индустрија врз намалувањето на стапката на невработеност во земјата и стабилноста на пазарот на трудот. Во индустријата во главно се вработени студенти и дипломирани студенти кои претставуваат околу 15% од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа индустрија континуирано отвораат работни места.

Со своето работење приредувачите на игри на среќа поддржуваат и бројни други компании, нивните добавувачи, кои вработуваат, остваруваат приход, плаќаат даноци. На тој начин тие ја поттикнуваат работата на други економски активности кои се протегаат низ целиот синџир на вредности и со тоа директно и позитивно влијаат на домашната економија.

Индустријата има голем удел во развојот и зголемувањето на обемот на производство на добавувачите кои ја опслужуваат. Така на пример, при отворање на ново уплатно место, кои во земјата ги има околу 700, се вложува од 50.000 до 80.000 евра, а за одржување на постоечките уплатни места се издвојува од 10.000 до 15.000 евра. Овие средства во главно се влеваат во претпријатија за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возен парк и слично.

Меѓу придобивките што заедницата ги има од индустријата за игри на среќа е фактот дека 3% од буџетските приходи се средства доделени на Агенцијата за млади и спорт, директни инвестиции за развој на спортот и младите во нашата земја.

И во услови на голема криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, компаниите од оваа стопанска гранка со добра реорганизација на работата некако успеаја да опстанат, а една од мерките која беше клучна е воведувањето на онлајн обложување. Нашата држава со тоа покажа дека ги следи европските процеси, и понатаму е овозможено континуирано полнење на државниот буџет и чување на десетина илјади работни места. Легалните приредувачи на игри на среќа очекуваат дека и идните законски решенија ќе го следат тој пример.

Еден од предизвиците со кои се соочуваше оваа индустрија во последно време се популистичките обиди на одредени интересни групи под изговор за заштита на населението од прекумерна изложеност на игрите на среќа, да се воведат некои рестриктивни одредби, како што се произволни, без никаква втемеленост одредување на растојание на кое би требало да се наоѓаат локалите, што е во спротивност со секоја европска практика. Се споменуваа дури и 500 метри?!

Сепак, истражувањата кои се правени на оваа тема го кажуваат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенција се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.

Со постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.

Со воведувањето на било какво минимално растојание на уплатно-исплатните места од основните и средните училишта, на приредувачите на игри на среќа директно би им се одземало правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на закон, односно правото на работа и остварување на приход од регистрирана дејност на местата на кои приредувачот со години работи и каде ја има стекнато довербата на своите клиенти и во кои места има вложено огромна сума на пари. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смеат да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.

Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Потоа, воведување на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, заради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.

Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.

НЕЛЕГАЛНИОТ ПАЗАР НОСИ СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НАДВОР ОД ЗЕМЈАТА
Било какви лоши законски решенија можат да имаат несогледливи последици врз економијата и општеството, а една од нив е загубата на стотици милиони евра кои би се одливале од земјата преку нелегалниот пазар. Доколку заради ограничувањето на работа згасне легалното, игрите на среќа ќе се преселат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет9 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија11 час

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија12 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија15 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија15 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија16 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет16 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион17 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа18 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа18 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт19 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија1 ден

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион1 ден

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа1 ден

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион1 ден

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Досие