Компании
Жената треба да издвои време за своето здравје за да биде успешна
Дваесет и четири часа се малку за секоја жена, жените секогаш бараат час повеќе за да ги завршат сите свои обврски, да ги згрижат своите деца, да обезбедат топлина во својот дом, а на работа да бидат професионални и успешни во она што го работат.
Секоја жена и покрај многубројните обврски треба да издвои половина до еден час и да се посвети на себеси. Виолета Анѓелковска, директор на хотелот „Русија“ којшто е дел од новиот спортски комплекс „Јане Сандански“ работи како долгодишен менаџер и се соочува со предизвиците кои и се наметнуваат на секоја современа успешна жена менаџер. „Македонската жена е спој на традиционална балканска жена и жена којашто треба да ги следи трендовските европски случувања на жените во светот. Одоговорностите помеѓу жена домаќинка, жена мајка и жена менаџер со големи одговорности е пакет во којшто треба да се направи комплетен баланс за жената да биде успешна на секое поле. Моето видување како жена менаџер е дека секоја жена, ако сака да биде успешна на сите овие полиња мора да одвои дел сама за себе. Тоа значи дека треба секој ден од половина до еден час, да одвои за фитнес или спа центар каде преку посебна релаксирачка програма ќе овозможи опуштање на своето тело, ревитализација на својот ум и детоксикација на телото. Од нашиот спа центар ќе излезат со исполнетост, подорбрување на своето тело. Секоја жена и покрај сите обврски што ги има во текот на 24 часа треба минимум да одвои време за себе. Ако таа сама не си го чува сопствениот организам значи нема да ги постигне сите овие активности кои и се предвидени“, вели Анѓелковска. Македонските жени не си посветуваат доволно вниманиеСпоред неа, македонските жени напредуваат во балaнсирањето на своите активности, но сепак не си посветуваат доволно внимание себеси.„Македонските жени во последните две години напредуваат во балансирањето на своите активности да бидат успешни на сите полиња, но сметам дека недоволно посветуваат внимание на себе и на своето здравје. Дел е убавина, но дел е и нивното здравје бидејќи од тоа зависи нивната успешност“, додава Анѓелковска.Токму и Анѓелковска, жена која повеќе години работи како менаџер се соочувала со потешкотии во својата работа, поради големиот број обврски кои и ги носи денот.„Сум се соочила со пречки, од типот, дали може денот да трае 26 часа наместо 24, односно со недостаток на време. Сум се соочила со опаѓање на имунолошкот систем во одредени временски периоди. Сето тоа сум го надминала со одвојување на дополнително време за релакс масажа, физикална масажа бидејќи во последно време нашите позици се осумчасовно седење пред компјутер и згрчување во грбот“ вели Анѓелковска.Со вакви пробелеми особено се соочуваат жените кои што работат во информатичкиот сектор. „Нивната работа е 12 часовно работење на компјутер кое доведува до згрбавување, дискусхернија, искривување на рбетен столб, трнење на рацете, со тоа што сметаме дека посебно тој сектор треба да подлежи на ваков третман“, објаснува Анѓелковска. Релакс масажата најбарана во спа центарот во „Русија“Најбарани масажи во нивниот спа центар се релакс масажата и масажата на грб и рамења, што докажува дека токму начинот на живот го оптоварува телото.Спа центарот во хотел „Русија“ располага со базен долг 22 метри во којшто водата е постојано загреана на 28,5 степени, инфраред сауна на 40 степени, финска сауна на 85 степени, парна бања на 60 степени, турска бања или амам на 50 степени, хидромасажа – џакузи, топли лежалки и студија за третмани и масажи.„Самиот стрес е тој кој што влијае на згрчување целата мускулатура на грбот вратот и главата. Главоболките најчесто се предизвикан од умор, стоење во иста положба или недоволна циркулација“, вели Анѓелковска. Во спа центарот жените може да уживаат со своите деца, тие да се опуштаат , а нивните деца да го подобруваат имунолошкиот систем, особено во период кога владеат белодробните заболувања.„Нашиот базен е од особено значење за правилен развој на детското тело. Често мајките не посетуваат со своите деца, мајката ги користи турска бања, амам и џакузи, а детето си плива во базенот. Има спасувачи кои се грижат за безбедноста на посетителите. Но, децата треба да се под постојан родителски надзор бидејќи сепак станува збор за многу топли просотории“ , објаснува Анѓелковска и додава „Ги поканувам заинтересираните гости да го посетат нашиот спа центар и да се уверат во квалитетот и услугата “.Спортистите од „Вардар“ редовни гости во фитнес центаротВо фитнес центарот „Cybex“ вежбаат фудбалерите, ракометарите, ракометарките и младинските екипи од македонскиот клуб „Вардар“. Фитнес инструкторот, Мартин Видоевски вели дека со секој се работи индивидуално, со оние кои имаат потреба од опоравување од некоја спортска повреда, за кондиција или сила.„Има четворица тренери, сите сме специјализирани за различни области, еден работи пострехабилитација, еден сила, еден кондиција, еден издржливост. Фитнес центарот опфаќа површина од 800 метри квадранти“ објаснува Видоевски. Спортистите го користат фитнес центарот до 12 часот, а потоа е отворен за сите граѓани. Таму се одржуваат и часови по ритмичка гимнастика за деца над четири години, а инструктор е Адела Кецеља. Хотел „Русија“ е модерен лускузен и удобен хотел со четири ѕвезди кој нуди услуги домашни и меѓународни посетители и гости кои може да уживаат во македонски, руски и интернационални специјалитети во ресторанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)
Економија
Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино
Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.
Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.
Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.
За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.
Економија
Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.
Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.
Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.
„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.
ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.
„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.
ПР