Контакт

Економија

ЛДП: Дупката во буџетот е резултат на неспособност и аматеризам, а не на нафтената криза

Објавено пред

Дупката во буџетот е резултат на неспособност и аматеризам, а не на нафтената криза, велат од ЛДП.

„По деталната анализа што економските експерти на ЛДП ја направија во текот на викендот врз основа на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, јавноста мора да ја дознае вистината. Тврдењата на Владата дека е потребен нов ребаланс на Буџетот поради наводна дупка од 115 до 130 милиони евра (7 до 8 милијарди денари) настаната од намалената акциза и ДДВ-то за горивата се целосно неточни, манипулативни и далеку од реалноста. Бројките не се на страна на премиерот. Реалните пресметки покажуваат дека дупката од даноците за горива е во најдобар случај половина од тоа што се тврди. Сите останати десетици милиони евра се резултат на катастрофално менаџирање со буџетот, потфрлање во собирањето на буџетските приходи и зголемени, неконтролирани трошоци“, соопштија од ЛДП.

Експертите и познавачите, додаваат од таму, имаат повеќе од јасни причини да не веруваат во фикциите на Владата.

Според ЛДП, толкава буџетска дупка и потребата од втор ребаланс за само неколку месеци не се последица на надворешни кризи, туку се директен одраз на лошо планирање, лошо менаџирање и неспособност.

„Ваквиот аматеризам, дилетантизам и драстично потфрлање во буџетските калкулации мора јавно да се признаат како грешка врз која ќе се учи или ќе се побара совет. Грешките и некадарноста не се поправаат со маскирање зад изјави за наводно несобрани даноци поради нафтената криза. Граѓаните не се должни со своите пари да ги плаќаат сметките за некадарноста на тие што ги водат институциите денес“, велат од ЛДП.

Партијата бара „Владата веднаш да ги извади розевите очила, да престане со расфрлањето на народните пари како што се измислените функции а ла „Фетаи во Брисел“, неспособните скапо платени партиски членови на Управни Одбори како оние од „Македониумот“, купот безгласни и беспотребни заменици министри и заменици директори и кабинети, финансирањето на бесполезни партиски институти и центри за комуникации“.

ЛДП предлага од поврат на ДДВ за горива само за македонските граѓани и бизниси, преку итно укинување на измислените министерства, заменички позиции и преплатени управни одбори, па сѐ до одземање на четирите милиони евра што партиите ги влечат од буџетот за сопствени луксузи.

„Овие заштедени средства мора да се пренасочат онаму каде што се најпотребни — за заштита на стандардот на граѓаните, подобрување на здравството, за студентскиот оброк и за реално намалување на давачките, наместо да се трошат за задоволување на лични хирови за власт“, велат од ЛДП.

Партијата бара Владата веднаш да ги објави сите пресметки со фактуирани бројки — приход по приход и расход по расход.

 

foto/Depositphotos

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија8 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт34 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника39 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија41 минута

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија44 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт50 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт1 час

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава1 час

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...