Економија
Македонци биле клиенти на швајцарската банка која перела пари од оружје, дијаманти и затајување на данок
Швајцарскиот огранок на британската банка HSBC им помагала на богати клиенти да ги избегнат даноците и да сокријат милиони долари, покажуваат податоците коишто ги објави Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство.
На списокот чии граѓани имале сметки во швајцарската банка, се наоѓаат и земјите од Западен Балкан. Највисоко рангирана земја е Македонија, која се наоѓа на 89 место со речиси 164 милиони американски долари вкупна сума, а според бројот на клиентите се наоѓа на 157 место. Девет клиенти од земјава отвориле 15 банкарски сметки во огранокот на HSBC во Швајцарија.На листата на клиенти на швајцарската банка најмногу се Швајцарци, потоа следуваат Французи, Британци, Бразилци, Италијанци, Израелци и Американци.Документите ги откри Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, преку францускиот весник „Монд“, а од нив се гледа дека клиентите од банката се поврзани со низа илегални активности. Во банката тајни сметки имале криминалци познати во повеќе земји, корумпирани лидери, политичари и јавни личности.„HSBC профитирала работејќи со трговци со оружје кои испраќале бомби на децата војници во Африка, посредници на диктаторите во земјите од третиот свет, шверцери со дијаманти и други криминалци“, се наведува во извештајот.Податоците покажуваат дека швајцарската банка им овозможувала на своите клиенти да повлекуваат огромни готовини, често во странски валути кои не се користат многу во Швајцарија.Истовремено банката разработила шеми коишто им овозможуваат на богатите клиенти да избегнат плаќање на данок во Европа.Меѓу клиентите има славни личности од спортот, музиката, од Холивуд, политиката. На листата се наоѓаат низа сегашни и поранешни политичари од Британија, Русија, Индија и бројни африкански земји, членови на кралските семејства од Саудиска Арабија, Бахреин, Јордан и Мароко, како и покојниот австриски медиумски тајкун Кери Пакер.Според Конзорциумот, банката им пружала услуги на луѓе блиски до режимот, меѓу кои поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, поранешниот туниски претседател Бен Али и актуелниот сириски претседател Башар Ал АсадОткриени се и документи од сметките на трговците со дијаманти за кои се знае дека работат во воените зони и продаваат драги камења од тие подрачја, финансирајќи ги војните.ХСБЦ има седиште во Лондон и претставништва во 74 држави на шест континенти. Податоците се однесуваат на период од 2005 до 2007 година и тоа на околу 30.000 сметки во ХСБЦ со речиси 120 милијарди долари.По објавувањето на податоците банката соопшти дека во последните неколку години превела значајни мерки за реформирање и отфрлање на клиентите кои не ги задоволуваат новите и построги стандарди, вклучувајќи ги оние чие даночно прашање не е апсолутно чисто./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.