Контакт

Македонија

Американскиот Универзитет на Европа ФОН инвестира 5 милиони евра за подобро образование

Објавено пред

Американскиот Универзитет на Европа-ФОН (АУЕ-ФОН) инвестира повеќе од 5 милиони евра во подобро образование за своите сегашни и идни студенти. Како дел од инвестицијата, Универзитетот студиската 2021/2022 година ќе ја започне во новиот дел од административната зграда со површина од 17 000 метри квадратни, којшто беше промовиран денеска. Новиот дел од зградата е опремен со најсовремени кабинети, предавални, амфитеатри, лабаратории, библиотека, спортски сали, вклучувајќи го дополнително и студентскиот дом, којшто во целост е уреден според најсовремените светски стандарди.

„Со инвестицијата од над повеќе од 5 милиони евра, ние вложуваме во иднината на нашите генерации. Нашата инвестиција како приватен универзитет ќе придонесе за подигање на образованието на едно понапредно ниво, затоа што младите заслужуваат да имаат високо квалитетно образование“, истакна Фијат Цаноски, основачот и сопственик на АУЕ, на свеченото отворање на новите простории на Универзитетот. Тој додаде дека инвестицијата на приватниот универзитет АУЕ-ФОН значи нè само подобри услови за работа или учење на академскиот кадар и студентите, туку дека вложувањето претставува двигател во иновациите и држење чекор понапред со стандардите за едукација кои што ги поставуваат светски познатите универзитети.

„Инвестициите во приватното образование ќе ја зголемат перспективата на младите луѓе, ќе се креираат нови вредности за студентите и ќе се зголеми конкуренцијата, со што идните генерации ќе ја формираат берзата на трудот, според потребите на современото живеење“, потенцираше Цаноски.

Првиот приватен универзитет АУЕ-ФОН, покрај обезбедување на современи услови за престој и учење на своите студенти, ќе го збогати и својот академскиот кадар и менаџерскиот тим со искусни експерти кои своето образование во целост го стекнале или работеле на универзитети низ САД. Aмериканскиот модел на студирање е докажан со години наназад ширум светот, тој е подостапен, персонализиран, пофлексибилен и во фокусот го става студентот. Ваквиот систем на образование ќе биде само додадена вредност за Република Северна Македонија и регионот.

Во рамките на промоцијата на новите простории на АУЕ-ФОН, денес се одржа и изложба на студенти од Факултетот за дизајн и мултимедија, на која беа презентирани нивните дела. Во истовреме беа доделени и дипломи на студентите коишто го завршиле своето образование и се прогласија најдобрите студенти на Универзитетот. Ангела Упеска, студент на втор циклус на студии од Факултетот за правни и политички науки, е првенец за академската 2019/2020 година и Никола Данаиловски, студент на прв циклус на студии од Факултетот за дизајн и мултимедија е најдобар студент за академската 2016-2017 година на АУЕ-ФОН Универзитетот.

Ректорот на американскиот Универзитет на Европа-ФОН, професорот д-р Мирко Трипуноски, на младите дипломци кои штотуку го завршија своето образование им посака успешна кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и да го имплементираат знаењето и искуството, стекнати на универзитетот во својот иден професионален ангажман.

(ПР-текст)

Економија

Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија ја доделија последната група договори за општински проекти

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродрома во Скопје и Охрид. На настанот присуствуваше и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, и директорот на акционеското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на настанот, рече дека во третата и последна група на договори се содржани 35 инфраструктурни проекти во 32 општини, како и проект за подобрување на условите на терминалите на двата аеродроми со кои оперира ТАВ, во вкупна вредност од 22,3 милиони евра. Тој потсети дека преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма, ќе се рализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, кои во наредниот период ќе се реализираат во целата земја.

„Како никогаш досега, во исто време, во целата земја, во сите плански региони, во речиси сите општини, ќе започнат да се реализираат 94 проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните. Тоа се реални проекти, за секојдневни, реални потреби за граѓаните. Во целата земја ќе се спроведуваат инфраструктурни проекти, за нашите населени места да  бидат подобро поврзани, за секој еден да има квалитетно и континуирано водоснабдување, ќе го зголемиме квалитетот на комуналните услуги и ќе обезбедиме повисоко ниво на заштита на животната средина, ќе се работи и на училишни згради, болници, домови на култура, младински центри, домови за стари лица, спортски сали и игралишта, партерно уредување на градските и општинските средини, уредување на речни корита, со една реченица: граѓаните ќе добијат поквалитетен живот во местата во кои живеат“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на третата група на договори, кои беа доделени на настанот, вицепремиерот посочи дека дека најбројни се проектите од комуналната инфраструктура, вкупно 14, по што следуваат 10 проекти за улици и патишта, 7 проекти се однесуваат за водоснабдување, два проекта за реновирање на домови и еден основен проект за изградба на мост.

„Граѓаните имаат потреба од квалитетна комунална инфраструктура, тоа е предизвик кој го прифативме и кој како Влада, со сериозен пристап и ангажираност, се нафативме да го надминеме. Во таа насока во оваа трета група ќе се реализира основен проект за линиска инфраструктурна градба за изградба на канализациски линии во Вевчани. Ќе започне изградба на примарна и секундарна канализација во селото Орман во Ѓорче Петров, ќе се гради фекална канализација во село Лешани со пречистителна станица во с. Грко Поле во општина Дебрца, нова фекална канализациона мрежа ќе добијат граѓаните во населбата Јака во Илинден, а ќе се гради колектор за селата Жилче и Шемшово во Јегуновце. Ќе се реализира и проект за фекална канализација за дел од селото Конче во истоимената општина, нова канализациска мрежа со пречистителна станица ќе добијат жителите на село Обршани во Кривогаштани, во село Пеширово во општина Свети Николе ќе се гради фекална канализација, како и во село Уларци во општината Чешиново Облешево, додека во општините Брвеница, Врапчиште, Студеничани, Центар Жупа и Чучер Сандево ќе се работи на комуналната инфраструктура“, ги претстави проектите од комуналната инфраструктура вицепремиерот.

Тој презентираше дека во однос на проектите кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на локални патишта и улици, граѓаните на с. Кочилари во општина Градско ќе добијат нова улица и ќе се реконструира локалниот пат во с. Отишан во близина на Дебар. Нова улица ќе има и во село Сопотница во општина Демир Хисар, а во општина Долнени ќе се работи на градба на локалниот пат Костинци-Долгаец-Маргари. Во општина Кавадарци ќе се реконструира локалниот пат до село Дреново, а реконструкција ќе се прави и на локалниот пат во село Конопница, во Крива Паланка. Во општина Пласница ќе се реализираат три патни инфраструктурни проекти: реконструкција на улица и краци во Лисичани, изградба и реконструкција на улицата Јурија и нејзините краци и изградба и реконструкција на 9 други улици во општината. И во Радовиш ќе се работи на патната инфраструктура, конкретно на локалниот пат Радовиш – пристап до градскиот водовод.

Битиќи се осврна и за останатите проекти кои се однесуваат на водоснабдување, реконструкција на домови, основен проект за нов мост во Битола и за проектите за подобрување на условите на аеродромите во Скопје и Охрид.

„Во оваа група има и седум проекти за водоснабдување, и тоа во Василево, каде што ќе се гради систем за водоснабдување за селата Дукатино и Трибичино, во Кочани ќе се врши изградба на дел од потисен цевковод до пумпна станица Грдовски орман.Во општина Лозово ќе се работи на примарната водоводна мрежа во селото Каратманово, во општина Маврово-Ростуше за водоснабдување на селото Скудриње, а во Македонски Брод за водоснабдување на викенд-населбата Здуње. Основен проект за водоснабдување на манастирскиот комплекс Трескавец во Прилеп и водоснабдување на селото Дренак во општина Пробиштип се уште два проекта од овој вид. Имаме и проекти со кои ќе се влијае на подобрување на социјалното поврзување и грижата за постарите генераци. Во општина Гевгелија ќе се работи на реконструкција на домот во селото Прдејци, а во општина Ранковце со проектот е предвидена реадаптација на два објекти во клубови за пензионери. Во општина Битола започнуваме со основен проект за изградба на мост на реката Драгор, а секако треба да споменеме дека и ТАВ Македонија ќе реализира проекти со кои ќе ги подобри условите на терминалите на аеродромите во Скопје и Охрид“, соопшти вицепремиерот.

Завршувајќи го своето излагање, Битиќи потенцираше дека ваков обем на проекти, кои се за вистински потреби на граѓаните и кои се изведуваат во ист момент, досега не се случиле.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на форумот: Нема зошто камионот да чека на македонската граница, ако носи стока од Албанија за Србија

Објавено пред

Нема зошто камионот да чека на границата на Северна Македонија, ако носи стока од Албанија за Србија. Загубите што се прават со отворање на границите, треба да се претворат во средства за нови инвестиции за отворање на нови бизнис потфати што отвораат нови работни места, истакна премиерот Заев на панелот на Економскиот форум за регионална соработка, на која учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, како и претседателите на стопанските комори од Албанија, Србија и Северна Македонија.

Панелот беше насочен кон интересот на деловните луѓе од регионот кои во голем број учествуваа на форумите за поврзување и кои изразија силна поддршка за новите конкретни проекти што ги предвидува иницијативата.

Претставниците на стопанските комори на трите земји соопштија дека ќе формираат заедничко тело што ќе ја мониторира имплементацијата на преземените мерки и активности како и напредокот на придобивките.

Тие порачаа дека очекуваат колоните камиони конечно да исчезнат од границите и дека преземените активности ќе ја остварат оваа цел.

Стопанствениците изразија поддршка и за меморандумите во кои се исцртани насоките за слободно движење на работната сила низ регионот без пречки и за остварување на политиката за една работна дозвола за целиот регион и признавање на квалификациите со што ќе се создадат услови младите да се задржат во регионот.

„Тука сме и да разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и го полнат буџетот. Отворени сме за сите добри идеи и имаме силна политичка волја и јас и претседателот Вучиќ и со премиерот Рама. Да ги отстраниме сите причини кои ги создаваат колоните камиони на границите. Ќе ги интензивираме процесите за дигитално поврзување за проверка на сите документи и за поврзување на софтверите за ДДВ. Тоа ќе го покрие целиот регионален простор и границите ќе станат прашање на време кога конечно ќе бидат тргнати“, истакна Заев на панелот.

На панелот беше детално објаснета идејата за поттикнување на комуникацијата меѓу младите луѓе, ученици, студенти, со соодветни програми за поврзување со што ќе се продолжат сезоните во туристичките центри во Албанија, Србија и Северна Македонија.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ истакна дека отворените граници се потенцијал за создавање дополнителна пријателска атмосфера која е стимулативна за поврзување не само на деловните заедници, туку и меѓу обичните луѓе и граѓани.

„Ова не е иницијатива на неколку политичари, ова е иницијатива за иднината на сите граѓани од целиот регион“, потенцираше претседателот Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама истакна дека во трите земји веднаш ќе започнат подготовките за применливост на одредбите од меморандумите што денеска ги потпишаа трите влади.

„Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан што денеска ќе го потпишеме е првиот чекор во таа насока. Парадоксално е ние да ги признаваме работните дозволи од ЕУ, а да не си ги признаваме работните дозволи меѓу нас“, потенцираше премиерот на Албанија Еди Рама.

Прикажи повеќе...

Економија

Шахпаска: Со промена на критериумите поголем број на стечајци до месечен надоместок од 9.242 денари

Објавено пред

Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог – законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34% од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година, ќе добиваат 1100 нови стечајни работници.

„Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека Предлог законот е дел од решавање на прашањето на стечајците, кое се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.

„Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните со цел да се опфати што е можно поголем број на лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните“, рече Шахпаска. ​

Предлог законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови .

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија3 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија5 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија6 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ6 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ7 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет8 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ9 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет9 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет10 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија10 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет21 час

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет23 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие