Контакт

Македонија

Бензинот поскапува, дизелот останува со иста цена

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на одлуката од 6.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар за литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 6.9.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,552 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,395 денари за килограм.

Од 14.9.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 75,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 63,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 38,395 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,142 %, дизелот за 0,066 %, кај екстра-лесното масло има намалување од 0,11 % и кај мазутот има зголемување за 2,34 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,343 %.

Економија

(Видео) Ковачевски: Го оживеавме проектот Топлификација на Битола, изградбата почнува во октомври

Објавено пред

После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање топлификација, ние, од проект оставен во фиока и тргнат на страна, за само две години стигнавме до потпишување договор и подготовка за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Како што нагласи тој, топлификацијата се гради со кредит од германската KFW банка во вредност од околу 40 милиони евра, а компанија дополнително ќе инвестира 7 милиони евра сопствени средства.

„За разлика од сите претходни најави за изградба на топлификацијата од РЕК до Битола, овојпат има неколку суштински причини заради кои ја уверувам јавноста дека овој проект ќе се реализира.

Јавниот повик за претквалификација беше распишан во октомври 2019 година, јавниот повик за комплетни понуди за првата фаза беше распишан годинава, а договорот со избраниот изведувач беше потпишан пред 10 дена. KFW Банката, консултантот IC consulenten и нашиот тим од Секторот развој и инвестиции вложија максимални напори во 20 месеци да спроведат успешна постапка и да имаме договорен орган. Тоа е конзорциумот RBA Termo JV, составен од три реномирани фирми: АД Гранит, Рапид билд и бугарската фирма Атом енерго ремонт, коj ги исполни сите критериуми на KFW банката како кредитор и на нашата компанија како инвеститор, односно нарачател.

Изведувачот има рок од две години за изведување на првата фаза од проектот за која е потпишан договорот, а тоа е ископ за трасирање на топловодот и поставување на топловодните цевки од РЕК Битола до градот Битола, како и секундарна мрежа во градот. Веќе следниот месец, започнуваат активностите на терен, по што ќе биде поставена потстаница која ќе го поврзе РЕК Битола со цевките, а потоа и потстаница на влезот на Битола која ќе го поврзува топловодот со разгранетата мрежа низ градот.

Планот е на топлификацијата, на почетокот да се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила.

Топловодот дополнително ќе даде можност и за загревање на земјоделски оранжерии, со што ќе обезбеди поддршка на развојот на земјоделството во пелагонискиот регион.

Сакам да потенцирам дека овој проект за Топлификација што го реализираме, АД ЕСМ го направи економски исплатлив, што не беше случај претходно. Имено, со предвидената изградба на когенеративна гасна електрана во РЕК Битола за производство на електрична и топлинска енергија, инвестицијата во топловодната мрежа станува економски оправдана во иднина. Претходно беше нејасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе го замени јагленот со еколошки прифатливи ресурси за производство на струја.

Кога сме кај екологијата, еколошките придобивки од Топлификацијата се исклучително значајни, односно со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите. На тој начин, создаваме долгорочно и одржливо решение за намалување на загадувањето во Битола и околината”, истакна Ковачевски во своето обраќање.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими: Реформските мерки ќе бидат насочени кон зелена и дигитална транзиција, подобрување на деловното опкружување и намалување на неформалната економија

Објавено пред

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и членовите на меѓуресорската работна група за подготовка на програмата на економски реформи 2022 – 2024, го одржаа вториот состанок во рамките на процесот на подготовка на програмата.

На состанокот имаше дискусија за предлог-реформските мерки што ќе бидат вклучени во програмата за 2022 – 2024, а ќе бидат насочени кон зелена транзиција, дигитална трансформација, подобрување на деловното опкружување и намалување на неформалната економија, како и унапредување на човечкиот капитал.

Предложените мерки, кои ќе бидат дел од ПЕР 2022 – 2024 година, произлегуваат од препораките што се дел од усвоените заклучоци на годинашниот дијалог за економски политики одржан во јули 2021 година со претставниците на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, како и оценката на ЕК за програмата на економски реформи 2021 – 2023.

Се дадоа препораки за подобрување на првиот нацрт-текст на предлог реформските мерки. Тие во наредниот период ќе бидат разгледувани во рамките на советодавната мисија на ЕК и дадени на консултации со јавноста.

Ова е континуиран процес што се спроведува заедно со ЕУ и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјата, кои ќе го интензивираат дијалогот со ЕУ.

Програмата на економски реформи ја прикажува усогласеноста на среднорочната макроекономска и фискална рамка со секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот. Целокупниот процес на подготовка на документот го координира Министерството за финансии со учество на релевантните државни институции. Програмата треба да биде доставена до ЕК најдоцна до 31 јануари 2022 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Герасимовски и Исени: Заштитата на правата е основа за развој на бизнисите

Објавено пред

Продолжува соработката меѓу Државниот завод за индустриска сопственост и Стопанската комора на северозападна Македонија. Директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски, и извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени, денеска имаа средба на која се прецизираа идните активности.

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод ќе ги посетуваат фирмите членки на Комората. Притоа ќе се објаснуваат бенефитите и процедурите за заштита на трговска марка, како и другите права од индустриска сопственост. Заштитата на правата е основата за успешен развој на секој бизнис. Дополнително, стопанствениците ќе се информираат за можностите за пристап и користење на меѓународните електронски бази, велат од двете институции.

Во рамките на досегашната соработка на овие две тела одржани се работилници за заштита на правата од индустриска сопственост во повеќе градови во Северозападниот Регион и посетени се 57 компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет2 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија14 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија17 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија18 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија20 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија22 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија23 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија23 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија23 часа

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија24 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Досие