Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Средбата со Меркел беше пријателска, идната недела ќе имаме конечен став за референдумот

Објавено пред

Во рамките на посетата на Македонија, германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата поминала во пријателска атмосфера и се разговарало за актулените политички прашања а Мицкоски ги изнел неговите ставови за престојниот референдум на 30 септември но не откри детали од разговорот.

„Средбата помина во пријателска атмосфера како што наликува на средба меѓу претседатели на две сестрински партии од едно пошироко европско семејство. Ги истакнав оние позиции кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, односно зошто нашата партија не може да го прифати овој договор и неговата содржина. Во текот на наредната недела официјалните партиските тела на партијата ќе донесат конечна одлука за ова прашање врз основа на навигација од граѓаните“, изјави Мицкоски.

Економија

Заев на трибина со Стопанската комора: Со членството во ЕУ и НАТО, економијата забрзано ќе се развива

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата, Зоран Заев  учествуваше на трибината „Перспективите на македонската економија од членството во ЕУ И НАТО“ во организација на Стопанската комора на Македонија, којашто се одржа во кругот на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, општина Битола.

„Податоците покажуваат дека од политиките на градење пријателство, на отворање перспективи кон големите пазари, отворање надеж и охрабрување за инвестиции, странските и домашните вложувања веќе се зголемуваат во Македонија. 327 милиони евра се странските директни инвестиции во првото полугодие во Македонија во споредба со лани, кога беа 105 милиони евра. Тоа е податок што покажува дека Македонија станува попријатно место, доволно мотивирачко овде да се создава профит, а очекувањето на државата е преку ваквите инвестиции странски или домашни да расте БДП“, потенцираше Заев.

Во однос на економските придобивки кои се очекуваат во иднина од воспоставеното пријателство со Република Грција, Заев рече дека преку комплетирање на изградбата на пругата Битола – Кременица, битолскиот регион инфраструктурно ќе се поврзе со Грција и како резултат на тоа се очекува да расте соработката на економски план помеѓу двете земји и да се продлабочуваат бизнис-релациите помеѓу граѓаните од двете земји.

„Она што е наша надеж е дека со отворањето на преговорите со ЕУ ќе имаме пристап до нови фондови. Паралелата што ја правиме помеѓу земји членки на ЕУ и земји кандидати како нас покажува десет пати повисоко користење или овозможување европски фондови. Ако Македонија за 2007-2014 имала на располагање 680 милиони евра, Хрватска имала за тој период кога била земја кандидат 850 милиони евра. Еве Хрватска денеска е земја членка и има 10 милијарди и 500 милиони евра фондови за користење за една програма во период од шест, седум години“, рече премиерот.

На трибината присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој истакна дека Владата оваа година во буџетот издвои рекордни средства, односно преку 30 милиони евра за поддршка на стопанството.

Овие средства пред сè се насочени кон поддршка на компаниите преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, среднорочната програма на работа на Фондот за иновации и технолошки развој, како и за мерките за вработување на Агенцијата за вработување.

„Владата издвојува средства за поддршка на конкурентноста на македонските компании. Слушнавме дека само околу 6% од компаниите се извозно ориентирани, а ние сакаме да го поттикнеме технолошкиот развој и иновации во компаниите за да бидат поконкурентни на меѓународните пазари. Како држава одвојуваме средства за развој, но во влез во ЕУ и НАТО компаниите добиваат шанса да црпат финансиска поддршка од фондовите на ЕУ. Еве на пример, за технолошки развој, компаниите во Бугарија имаат на располагање околу 400 милиони евра. Воедно се добива шанса да се конкурира на меѓународни тендери. Секако, треба да се испорача квалитет, но тоа е шанса за компаниите. Видете, нашиот идентитет е гарантиран, сега на македонскиот народ му треба економски раст и развој, а Владата секако работи на нови вработувања, на повисок стандард и со тоа на посилна економија. Растот на БДП во вториот квартал од 3,1% е добар чекор напред, бидејќи е креиран од реалната економија, од стопанството“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Николовски: Членството во НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и благосостојба на животните

Објавено пред

Од

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните и обезбедување безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој присуствуваше на 5. состанок на меѓународниот конгрес на Групацијата Вет-истанбулска група и 8. меѓународен научен собир Денови на ветеринарна медицина 2018, кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина како институција чии експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија ја пофали Македонија за мерките што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата, но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг-програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти, кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

Прикажи повеќе...

Економија

Николовски: На младите и невработени луѓе им нудиме шанса да станат успешни земјоделци

Објавено пред

Од

Инвестирањето во младите земјоделци како двигател во земјоделскиот сектор е од исклучителна важност за министерството за земјоделство, порача министерот Љупчо Николовски на Саемот за млади земјоделци кој денеска се оддржа во Свети Николе, а во рамки на истиот, тој додели плакета и на најуспешниот млад земјоделец.

Како што рече Николовски, целта е да се придонесе кон зголемување на искористеноста на природните капацитети.

„Во таа насока, Агенцијата за финансиска поддршка, неодамна објави повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци, со акцент на оние млади луѓе кои се невработени за период поголем од две години, како и млади членови на земјоделски задруги“, рече министерот кој додаде дека приоритет овој пат им се дава на младите луѓе кои се занимаваат или сакаат да започнат да работат со сточарство.

„Дополнително, на врвот на листата се искачуваат младите кои се занимаваат или сакаат да започнат со органско производство, без разлика дали е земјоделско или сточарско“, истакна тој.

Министерството за земјоделство годинава за првпат финасиски поддржува 32 манифестации на локално ниво кои организираат промоција на македонската храна, традиција, култура на руралниот развој, на туризмот. Со финансиска помош од 2.000 евра министерството го поддржа и Саемот на млади земјоделци во Свети Николе кој е во организација на Мрежата на млади фармери.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија49 минути

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет1 час

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 час

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ1 час

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија20 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија21 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет1 ден

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Досие