Контакт

Економија

Владата потпиша меморандум со четири стопански комори

Објавено пред

Владата и бизнис-заедницата првпат потпишаа меморандум за формално воспоставување јавно приватен дијалог. Од Владата велат дека целта на меморандумот е градење стабилна и плодна соработка помеѓу Владата и бизнис-заедницата, како и зајакнување на дијалоготот меѓу јавниот и приватниот сектор.

Во рамките на потпишувањето воведно обраќање имаше претседателот на Владата, Зоран Заев, кој рече дека јавно приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирање на политиките во насока на реформи на владеењето и за реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување.

„Како Влада што промовира демократско и отворено владеење сметаме дека само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, вашето учество во креирањето политики, заложбата кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеноста со демократските институции, може да бидат предуслов за добро владеење и одджливи реформски измени“, изјави Заев.

Свое обраќање имаше и директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес, кој истакна дека е зголемен дијалогот меѓу Владата и приватниот сектор во последните месеци.

„Денешниот меморандум е пример за зголемување на дијалогот, станува збор за договор помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори што ја претставуваат бизнис-заедницата. Коморите, поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите, заедно со Владата на Република Македонија, ќе ги градат политиките што ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија“, истакна директорот на канцеларијата на УСАИД, Гонзалес .

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, рече дека јавно приватниот дијалог е основа за економски напредок и заклучи дека договорот претставува форма преку која трајно ќе се унапреди институционалната соработка со цел развој на националната економија.

По презентацијата на спроведената анкета и истражувањето на четирите стопанските комори, која ги нотира барањата и размислувањата на бизнис-секторот, се отвори дискусија во која претседателите на стопанските комори споделија ставови и размислувања.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, рече дека потпишувањето на меморандумот ја официјализира одличната соработка меѓу Владата на Република Македонија и сите стопански комори.

„На терен сме и ги слушаме потребите на бизнис-секторот. Ако ја раздвижиме економијата, ќе обезбедиме и подобар животен стандард за граѓаните. Водиме инклузивни политики и законите ги носиме преку дијалог со стопанството. Мерките за поддршка на инвестициите произлегоа од потребите на стопанството. Очекувам голем број компании да аплицираат по мерките од планот за економски раст, кој беше донесен во Собранието на Република Македонија, и по чии мерки компаниите веќе може да се пријават“, потенцира вицепремиерот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во своето обраќање порача дека е создаден поволен амбиент заедно Владата и бизнис-секторот да ја зголемат соработката за надминување на состојбите, посебно во делот на успешна имплементација на законските решенија.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, ја истакна важноста на денешното потпишување на меморандумот за јавно приватен дијалог како важен чин на официјализирање на партнерството помеѓу Владата и бизнис-секторот за надминување на предизвиците.

Драган Чепујноски од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ порача дека многу е важно сите фактори да бидат вклучени во подобрување на климата за економска соработка и во креирањето функционална, ефикасна и ефективна законска рамка.

 

 

Најново

Свет1 минута

Трамп најави можна средба со Путин и Ши: „Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во Кина би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин...

Свет8 минути

(Видео) Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска...

Свет13 минути

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија....

Забава17 минути

(Фото/Видео) Во „море од голотија“, таа е вистинско освежување во светот на модата

Шведскиот модел Елса Хоск им се придружи на дамите со беспрекорен стил на еден голем настан во Лос Анџелес. Нејзината...

Спорт19 минути

Гоф „преживеа“ против Пегула, блескаво деби на Носкова

Коко Гоф и Линда Носкова го отворија Завршниот ВТА мастерс, во Индијан Велс со победи, откако славеа над Џесика Пегула...

Македонија25 минути

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски“, прашува СДСМ

„Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра....

Македонија29 минути

„СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот...

Забава29 минути

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го промовираа спотот за „Уште ми требаш“

Десет дена промоцијата на песната „Уште ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен го објавија и официјалниот спот за својот...

Забава33 минути

(Фото/Видео) Нејзиното деколте ни овој пат не разочара

Софија Вергара примени свој препознатлив стил за да постигне беспрекорен изглед, уште еднаш оправдувајќи ја титулата „кралица на раскошното деколте“....