Контакт

Билтен

Годишен извештај на Херитиџ: Македонија на 31-то место во светот во однос на економските слободи

Објавено пред

 

Премиерот Емил Димитриев во четвртокот оствари средби со Тери Милер, директор за трговија и економија на фондацијата Херитиџ и Антони Ким, менаџер за истражување на оваа фондација. Претставниците на фондацијата Херитиџ му го предадоа годишниот извештај на фондацијата за индексот на економските слободи според кој Република Македонија е рангирана на 31-то место во светот, во конкуренција на 186 држави и при тоа го потенцираа континуираниот напредок што Република Македонија го бележи изминатите 10 години.

 

Димитриев истакна дека овој одличен резултат на Република Македонија според кој како држава сме лидер во регионот според индексот на економските слободи претставува потврда за одличната работа на Владата на Република Македонија изминатите 10 години во сферата на економијата, подобрувањето на бизнис климата, одличната даночна политика и постојаните реформи на националното законодавство.

 

Потенцирајќи го моментот дека и покрај политичката криза која е присутна во државата изминатиот период како и мигрантската криза со која како држава се соочивме сепак Република Македонија продолжи да се движи по трасираниот пат што е евидентно и со овој извештај според кој Република Македонија бележи скок од 16 места во споредба со претходната година како и со други извештаи на реномирани меѓународни институции и организации.

 

Директорот Милер на средбата истакна дека 31-то место на Република Македонија во светот и 18-ото место во Европа претставува одличен напредок за Република Македонија кој се базира на големиот број спроведени реформи и на економската посветеност на Владата како од аспект на подобрување на целокупната регулатива, условите за бизнис и политиката на ниски даноци така и од аспект на привлекување странски инвестиции и отворање на нови работни места.

 

Потенцирајќи го одличниот раст на Република Македонија според индексот на економски слободи, Милер на средбата истакна дека како фондација во сите држави го претставуваат успехот и сработеното на Република Македонија како пример за успешен модел на раст и економски развој.

 

На средбата соговорниците ја истакнаа значајноста и потребата од продолжување на фокусираноста на Владата и институциите на економските приоритети, поддршката на домашните компании, привлекувањето на странските инвестиции и отворањето на новите работни места.

 

Димитриев истакна дека Владата на Република Македонија и во следниот период ќе продолжи да работи на реализација на стратешките приоритети на државата како во сегментот на реформите и ЕУ и НАТО интеграциите така и од аспект на економските реформи и продолжување на континуитетот на намалување на невработеноста./крај/мф/бс

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Daily news

„Априлијада“ во чест на Денот на шегата

Објавено пред

Традиционалната „Априлијада“, по повод 1 април – Денот на шегата, ќе се одржи во сабота од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, а на која се очекува да учествуваат деца од сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината.

Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, а за крај и настап на Диџеј.

Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда. /крај/мф/ст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет2 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија2 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија3 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион3 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа5 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион6 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија7 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт9 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа10 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија11 час

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет13 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет13 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија14 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет1 ден

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Досие