Контакт

Македонија

Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека воздухот околу „Дрисла“ не е загаден

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје направило проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривичното дело загадување на животната средина и природата од чл. 218 од Кривичниот законик, а во врска со работењето на депонијата „Дрисла“. Во насока на утврдување на фактите биле побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина за извршените контроли над работењето на депонијата и било констатирано дека нема загадување над дозволеното.

„Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител наведува дека депонијата ‘Дрисла’ постапува во согласност со спогодбата постигната во Министерството за животна средина и просторно планирање, а извршените мерења во кругот на депонијата за квалитетот на амбиенталниот воздух покажале дека резултатите од мерењето се во дозволените граници според европското и националното законодавство“, информираат од ОЈО.

Сепак, и покрај ваквиот одговор, тие велат дека надлежниот јавен обвинител продолжува со проверките во насока на утврдување на фактите во предметот.

Обвинителството по допрен глас во јануари отвори предмет за работењето во депонијата „Дрисла“ – Скопје за кривично дело загадување на животната средина и природата од чл. 218 од Кривичниот законик.

Тогаш, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата, како и доколку е извршена контрола, дали е констатирано почитување на протоколите за согорување медицински отпад од страна на депонијата и други информации.

Економија

(Видео) Шахпаска: Воведуваме загарантиран минимален приход и семеен пакет на права значително поголеми од досегашните

Објавено пред

Градиме фер и социјално праведно општество на еднакви граѓани. Со реформите на системот на социјална заштита и мерките во буџетот за 2019 обезбедуваме сериозно зголемување на расположливиот доход во семејствата, социјална праведност и подобар живот за сите граѓани, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Воведуваме загарантиран минимален приход и семеен пакет на права во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица. Примателите на социјална помош добиваат зголемен приход и до 300 отсто“, истакна Шахпаска.

Истовремено, како што рече, им се олеснува пристапот до надоместокот на 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства. Како што додаде таа, се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

„Новиот систем на социјална и детска заштита има цел најголема помош да им се даде на најранливите категории сограѓани. Неговото спроведување ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија. Паралелно со ова, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории граѓани на пазарот на труд“, наведе Шахпаска.

Воведувањето и спроведувањето на реформираниот систем на социјална и детска заштита, според Шахпаска, во наредната година година значи обезбедување дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ, пари што ќе се вратат назад кај граѓаните.

„Ова, почитувани, се само некои од мерките во полето на социјалната заштита што имаат цел да ја унапредат социјалната праведност, но и трајно да извлекуваат од сиромаштија. Предлог-буџетот за 2019 набргу ќе влезе во собраниска процедура. Повикуваме на конструктивна дебата за натамошни подобрувања во интерес на граѓаните. Продолжуваме посветено да работиме на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, заврши Шахпаска.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Анѓушев и Бектеши на Виенскиот економски форум: Регионалната економска област ќе ги заживее економиите на сите држави од Западен Балкан

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваа на јубилејниот 15-ти Виенски економски форум „Дијалог за иднината 2018 – Економијата се среќава со политиката“, кој денеска се одржува во Виена, Австрија.

Во фокусот на дискусијата на Виенскиот економски форум е важноста на регионалната соработка во процесот на ЕУ-интеграциите на земјите од Западен Балкан, преку процесите на дигитализација, поврзување и иницијативата за формирање регионална економска област како предуслов за интегрирање во единствениот европски пазар.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на премиерскиот панел на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции: Дигитализацијата – премостување на разликите и шанса за големи скокови“, потенцираше дека Виенскиот економски форум претставува добра шанса за дијалог на земјите од регионот, преку која треба да се интензивира и подобри меѓусебната економска соработка.

„Доколку сакаме да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани, потребно е да ја развиеме економијата. За таа цел потребно е најпрво да ги средиме работите во нашата држава, а паралелно да работиме на градење подобра соработка со нашите соседи, за повисоко ниво на регионална соработка. Внатрешно, во државите, во насока на креирање подобра бизнис-клима треба да работиме на креирање програми за поддршка на стопанството, за поттикнување нови инвестиции. Но тоа не е доволно, доколку најпрвин не се обезбеди политичка стабилност на земјата и не се обезбеди соодветно ниво на владеењето на правото“, нагласи вицепремиерот.

Вицепремиерот Анѓушев дополни дека Владата на Република Македонија веќе година и половина спроведува активности преку кои се зајакнува стабилноста и сигурноста на земјата и се разрешуваат децениски проблеми со соседите, а кои се во насока на интеграции на земјата во Европската Унија и НАТО. Тој подвлече дека во изминатиот период се потпишаа договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија и договорот со Република Грција, со кои се надминуваат разликите кои постоеја помеѓу Република Македонија и овие две соседни земји.

„До крајот на јануари 2019 година парламентот би требало да ги усвои предлозите за уставни измени, по што ќе се исполнат сите услови за да го продолжиме непречено нашиот пат кон евро-атлантските интеграции. Создадовме низа мерки преку кои се овозможува поддршка за странски, но и за домашни инвестиции. Исто така, преку средства од буџетот обезбедуваме поддршка за малите и средни претпријатија и за стартап-компаниите. Овој сет мерки веќе дава резултати, во изминатиот период потпишани се нови дваесетина договори со странски компании, а нивото на странски инвестиции во првата половина од годината е рекордно“, дополни Анѓушев.

Тој потенцираше дека повисокото ниво на регионална соработка, не само декларативна, туку реална, ќе придонесе за побрз економски развој, но и за одржливост не економиите на земјите во регионот.

„Можеме да креираме какви сакаме мерки за поддршка или да потрошиме десетици, стотици милиони за подобро поврзување меѓу нашите земји, за да го скусиме времето за патување, но сето тоа нема смисла доколку стоката на границите стои со часови. Треба заеднички сите недвосмислено да седнеме и да покажеме дека сакаме повисоко ниво на соработка и да се ослободиме од непотребните административни бариери, за подобра економија на секоја од земјите, но и подобар живот на нашите граѓани“, заклучи вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, се обрати на министерскиот панел на кој свои обраќање има министри од Владите на Албанија, Романија, Словенија и Бугарија.

„Очекуваме во парламентот да се усвојат уставните измени и да продолжат интеграциите на Република Македонија во ЕУ И НАТО. На економски план донесовме нов закон за поддршка на инвестициите, ги изедначивме условите за инвестирање на домашните и странските компании. Фокусирани сме на поддршка на малите и средни претпријатија. Одвоивме значајни средства да ја поттикнеме иновативноста и да ги отвориме шансите за работа и успех на младите луѓе во Македонија“, соопшти министерот Бектеши и ги презентираше проектите на кои Република Македонија работи на поврзување на земјата преку енергетска, патна и железничка инфраструктура со соседните земји.

Во тек на одржувањето на Виенскиот економски форум, вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши дадоа кратки изјави за медиумите. Вицепремиерот Анѓушев даде краток осврт од средбата со канцеларот Курц, комесарите на Европската комисија, Хан и Габриел и лидерите на Западен Балкан, оценувајќи ја како важна за градење добрососедски политики, за надминување на билатералните проблеми и економско поврзување на земјите од регионот како важен предуслов за обезбедување  подобар животен стандард за граѓаните.

„Агендата за формирање  регионална економска област ќе придонесе за заживување на економиите на сите држави од регионот. Добивме поддршка дека Република Македонија е на добар пат да ги оствари своите амбиции да биде дел од евро-атлантското семејство на народи“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Министерот Бектеши во својата изјава ја потенцираше важноста на регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и во таа насока рече дека Владата на Република Македонија преку владините политики и мерки настојува да се соработува и да работи на поврзување со соседните земји на најдобар можен начин.

„Ја потенцирав важноста на повеќегодишниот акциски план којшто произлегува од Берлинскиот процес. Ние веќе преземавме неколку мерки коишто се во согласност со ЦЕФТА со протоколите 5,6 и 7. Република Македонија во тој поглед е подготвена. Со Србија почнавме да воспоставуваме заеднички гранични премини и да ја зголемуваме трговијата помеѓу нашите две држави, а од почетокот на наредната година тоа ќе го направиме и со Албанија“, нагласи министерот Бектеши.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Локвенец: Владата рекордно ќе ја намали невработеноста, а со предлог-буџетот предвидува поголеми плати во сите сектори

Објавено пред

Предлог-буџетот за 2019 предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема социјална еднаквост и подобра живејачка за сите, рече денеска на прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата.

Како што кажа тој, платите ќе растат во сите сектори за да се зголеми мотивацијата, да се заштити професионалното достоинство и да се зголеми ефективноста во работата.

„Докторите специјалисти добиваат зголемување на платите од 10 отсто почнувајќи веќе од јануари 2019 година. Тоа ќе важи и за другиот медицински персонал кој добива повисоки плати од 5 отсто. Со ваквите мерки постигнуваме плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите со тенденција до крајот на годината таа да биде 100 илјади денари онака како што ветивме пред граѓаните“, посочи Локенец во своето обраќање.

Тој истакна дека зголемување на платите од 5 отсто ќе следува и во другите сектори.

„Повисоки плати добиваат вработените во образованието, детските градинки, социјалните центри, судството, полицијата, армијата и за културните работници. Со ваквото зголемување ќе се зголеми расположливиот доход на домаќинствата, а просечната нето-плата во овој период ќе продолжи да расте, според очекувањата 4,5 отсто на номинална основа. Исто така, во 2019 година ќе продолжи трендот на раст на платите во приватниот сектор, што ќе биде поддржано со владините мерки“, објасни пратеникот на СДСМ и коалицијата.

Додаде дека пакетот-активни мерки за вработување ќе изнесува 1,1 милијарда денари, со што, како што рече, се очекува намалување на невработеноста на рекордно ниско ниво од 20 отсто.

Локвенец посочи дека буџетот следната недела ќе биде и пред пратениците и повика на конструктивна дебата за дополнителни подобрувања во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized2 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија2 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски3 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија3 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски3 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија6 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет7 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија7 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“7 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски8 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа9 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија10 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија10 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија22 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет22 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија24 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие