Контакт

Македонија

ЕБОР се откажа од финансирањето на „Бошков мост“

Објавено пред

 

Откако го одобри пред шест години, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја откажа финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“, која беше планирано да се гради во Националниот парк „Маврово“.

 

Својата одлука најголемиот финансиер на проектот и официјално ја потврди одлуката на својата веб-страница. Европската банка за обнова и развој обезбеди кредит од 65 милиони евра за изградба на енергетски капацитет со инсталирана моќност од 68,2 мегавати.

 

Хидроелектраната „Бошков мост“ треба да произведува 117,54 мегават часови електрична енергија на годишно ниво. Проектната документација планираше да се искористи водниот потенцијал на Мала Река и на нејзините притоки.

 

Одлуката од ЕБОР доаѓа само неколку месеци по усвоеното барање за суспендирање на сите инфраструктурни проекти во Националниот парк Маврово, кое беше донесено на крајот од 2015-та година од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа.крај/мф/дѓс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Објавено пред

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари.

Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад.

САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот.

По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти.

Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки.

Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот.

Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив.

Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.

Прикажи повеќе...

Економија

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Објавено пред

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“.

Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Намалени акцизи за горивата, се очекуваат пониски цени за бензините

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со одлуката на Владата е овозможено намалување на акцизите за горивата – за дизелот за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денари по литар.

Тој додаде дека по разговори со раководствата на ОКТА и „Хеленик Петролеум“ е обезбеден дополнителен период од еден месец за намалување од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин.

„Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од таа којашто е сега“, изјави Мицкоски, додавајќи дека за дизелот не би требало да има покачување на одредени бензински пумпи.

Тој посочи дека државата располага со доволни количини на гориво и дека нема потреба од стравувања, иако потрошувачката е зголемена од околу 1,5 на 2 милиона литри дневно, со притисок на одредени погранични места.

Мицкоски информираше дека е продолжена и мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со цел заштита на стандардот на граѓаните и бизнисите.

Во однос на движењата на цените, тој рече дека по отворањето на берзите на Исток се забележува намалување на цените на продуктите, но дека ќе се следи како ќе завршат денот и неделата за да се утврдат идните цени на горивата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 минути

(Видео) Нејмар во расправија со навивачите

Бразилскиот фудбалски гигант Сантос одигра нерешено 1:1 со парагвајскиот Депортиво Реколета во втората групна фаза од Купот Судамерикана. Ова е...

Забава8 минути

Заборавете на успехот пред триесеттите години: Луѓето родени под овие знаци имаат златно доба што допрва доаѓа

Кој влегува во својата златна ера дури по педесет години? Ако моментално се чувствувате заглавени, запомнете дека вашиот часовник отчукува...

Спорт12 минути

(Видео) Анри: Гризман ти благодарам за сè што направи за фудбалот

Тиери Анри (48), легендарен француски фудбалер и актуелен стручен коментатор, го остави напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (35), без...

Свет19 минути

Трамп: Не знам дали ќе имаше некаква разлика ако одев во Унгарија наместо Венс

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му рече на Џонатан Карл од „Еј-Би-Си њуз“ дека не е загрижен за поразот на...

Свет23 минути

Русија нуди помош за Иран со залихите збогатен ураниум

Во услови на растечки шпекулации за нова рунда мировни преговори меѓу САД и Иран, Русија ја повтори својата понуда да...

Македонија27 минути

Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше...

Свет28 минути

Иран: Нема информации за нови преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп наговести за можноста за продолжување на разговорите со Иран, велејќи дека „нешто може да се случи“...

Македонија30 минути

Support Kocani обезбеди креми во вредност од над 1 милион денари за лицата погодени од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за...

Свет37 минути

Трамп повторно ја критикува Британија. „Каков однос е тоа? Тие не беа тука кога ни беа потребни“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Скај њуз дека верува оти е „многу можно“ САД да постигнат договор со Иран...