Контакт

Македонија

Експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во завршна фаза

Објавено пред

Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во должина од 25,9 километри. Останато е поставувањето на сигнално сигурносни уреди на двата железнички премини и во скоро време граѓаните од источна Македонија ќе имаат современо патно поврзување со Коридорот 10.

Ова во сабота на прес конференција го соопшти Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, при тоа додавајќи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период активно и посветено работеше на подобрување на сообраќајната инфраструктура во државата.

Тој најави дека во наредниот период ќе се отпочне со изградба на експресните сообраќајници од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш, експресен пат Ранковци-Крива Паланка, како и фазна изградба на експресен пат од Градско преку Росоман до Дреново во должина од 33,5 километри. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Објавено пред

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари.

Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад.

САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот.

По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти.

Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки.

Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот.

Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив.

Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.

Прикажи повеќе...

Економија

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Објавено пред

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“.

Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Намалени акцизи за горивата, се очекуваат пониски цени за бензините

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со одлуката на Владата е овозможено намалување на акцизите за горивата – за дизелот за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денари по литар.

Тој додаде дека по разговори со раководствата на ОКТА и „Хеленик Петролеум“ е обезбеден дополнителен период од еден месец за намалување од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин.

„Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од таа којашто е сега“, изјави Мицкоски, додавајќи дека за дизелот не би требало да има покачување на одредени бензински пумпи.

Тој посочи дека државата располага со доволни количини на гориво и дека нема потреба од стравувања, иако потрошувачката е зголемена од околу 1,5 на 2 милиона литри дневно, со притисок на одредени погранични места.

Мицкоски информираше дека е продолжена и мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со цел заштита на стандардот на граѓаните и бизнисите.

Во однос на движењата на цените, тој рече дека по отворањето на берзите на Исток се забележува намалување на цените на продуктите, но дека ќе се следи како ќе завршат денот и неделата за да се утврдат идните цени на горивата.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава46 секунди

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...

Забава6 минути

(Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга

Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено,...

Забава10 минути

Како да изгубите пет килограми без ригорозни диети? Не сте го знаеле ова

Многу луѓе веруваат дека губењето тежина бара гладување, строга диета и откажување од сè што сакате. Сепак, тоа не е...

Европа35 минути

(Видео) Ова е роботот што ги брка дивите свињи во Варшава

Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на...

Свет42 минути

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава...

Свет47 минути

(Видео) Протести во Њујорк против продажбата на оружје на Израел: „90 лица беа приведени“

Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на...

Свет1 час

Лавров до Аракчи: Клучно е да се спречи обновување на сите непријателства на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да...

Свет1 час

Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека...

Свет1 час

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД,...