Контакт

Македонија

Македонија го промовира активниот туризам на саем во Словенија

Објавено пред

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија втора година по ред го промовира активниот туризам на саемот за туризам Natour Alpe Adria во Љубљана, Словенија.

Покрај активниот туризам, Агенцијата за туризам промовира и традиционална македонска храна и вино, а посетителите имаат можност да дегустираат и македонски ајвар и сирење.

Делегација на Агенцијата за туризам, на саемот во Словенија на кој се присутни 330 тур –оператори од 15 земји, оствари состанок со претставници на вионската компанија Adria Airways, кои покажаа интерес за зголемување на бројот на патници од Љубљана до Скопје. Покрај нив, значајни се средбите со тур-операторите Kompas, Oscar, Elephant travel, Slovenia Experience, а остварена е средба и со Асоцијацијата на словенски водичи, со кои е договорена соработка за споделување на експертиза и професионално искуство за основање на одржлив етички кодекс на туристичките водичи.

На новинарите од Словенија, посебно на Здружението на новинари FIJET, интересот им го разбуди винската рута и планинскиот туризам, но изразија желба да ја промовираат и туристичката понуда на Скопје и Охрид.

На саемот за туризам во Љубљана (1-4.02.2017) ко-егзибитор на штандот на Македонија беше тур-операторот Бадем Тур. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Објавено пред

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари.

Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад.

САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот.

По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти.

Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки.

Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот.

Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив.

Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.

Прикажи повеќе...

Економија

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Објавено пред

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“.

Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Намалени акцизи за горивата, се очекуваат пониски цени за бензините

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со одлуката на Владата е овозможено намалување на акцизите за горивата – за дизелот за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денари по литар.

Тој додаде дека по разговори со раководствата на ОКТА и „Хеленик Петролеум“ е обезбеден дополнителен период од еден месец за намалување од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин.

„Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од таа којашто е сега“, изјави Мицкоски, додавајќи дека за дизелот не би требало да има покачување на одредени бензински пумпи.

Тој посочи дека државата располага со доволни количини на гориво и дека нема потреба од стравувања, иако потрошувачката е зголемена од околу 1,5 на 2 милиона литри дневно, со притисок на одредени погранични места.

Мицкоски информираше дека е продолжена и мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со цел заштита на стандардот на граѓаните и бизнисите.

Во однос на движењата на цените, тој рече дека по отворањето на берзите на Исток се забележува намалување на цените на продуктите, но дека ќе се следи како ќе завршат денот и неделата за да се утврдат идните цени на горивата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални...

Спорт7 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт7 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион8 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт9 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника9 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија9 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт9 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт9 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...