Контакт

Економија

МЗШВ најави дека со одгледувачите на овците заеднички ќе креираат политики за развој на овчарството

Објавено пред

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржаа работен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Институтот за сточарство. На средбата се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и просечната откупна цена.

Претставниците од здруженијата на одгледувачи на овци ги изнесоа своите барања. Поради ниската откупна цена, побараа државата да интервенира со дополнителна мерка што ќе ја покрие разликата помеѓу производната и пазарната цена. Второто барање на одгледувачите на овци беше за оние сточари што се влезени во системот на контрола за исплата на субвенции да се забрза постапката за исплата на субвенциите.

Од страна на МЗШВ беше посочено дека по завршувањето на откупот на јагне ќе се анализираат податоците од терен и по завршувањето на вториот круг на претстојните претседателски избори, МЗШВ ќе излезе со соодветно предлог-решение со цел сточарите да не трпат загуби од сопственото производство. Во однос на исплатата на субвенциите, МЗШВ ги информира одгледувачите на овци дека ќе ја извести Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој.

Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, таа ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци.

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ, што во моментот се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите важно е да се знае точната бројка на овци.

Во текот на вчерашниот ден во МЗШВ се одржа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на кој исто така се разговараше за состојба со откупот на јагне и за извозот. Од страна на откупувачите беше посочено дека нè очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.

Од МЗШВ велат дека заедно со Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци од својот производ да прават загуба. Паралелно, МЗШВ посочи дека континуирано работи на воспоставување контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото, а веќе течат преговори за добивање квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.

Економија

Состаноци со високи претставници на ММФ: Монетарната политика е соодветна и постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви

Објавено пред

Монетарната политика во земјата е соодветна, со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e и што успешното одржување на ниска и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, годинава, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Главно како резултат на овие интервенции, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви на земјата. На крајот на август, за првпат досега, тие изнесуваа над 3 милијарди евра. Нивниот раст продолжи и според најновите податоци, заклучно со минатиот месец, тие изнесуваат 3 милијарди и 127 милиони евра. Високото и според сите показатели адекватно ниво на девизните резерви е цврста гаранција за стабилноста на денарот. Ова меѓу другото беше истакнато на состаноците со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто ги оствари делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, во рамки на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка (СБ) во Вашингтон.

Тие имаа состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу.

Во фокусот на состаноците, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката Ангеловска-Бежоска меѓу другото посочи дека расположливите податоци за реалниот сектор упатуваат дека остварувањата се во линија на проекцијата за економски раст од 3,5% за оваа година.
Со високите претставници на ММФ се дискутираше и за состојбите во банкарскиот сектор кај нас, при што беше истакнато дека се очекува негово натамошно окрупнување, кое би требало да резултира со поголема конкуренција и со подобар пристап на граѓаните до финансиските услуги. Истовремено беше одбележано дека трендот на раст на капитализираноста продолжува, а ликвидноста се задржува во адекватни рамки. За порастот на ликвидноста во изминатиот период беше нагласено дека доминантно придонесоа интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. При анализирањето на податоците, на состаноците беше посочено и дека е мошне значајно што нефункционалните пласмани се на релативно ниско ниво.

На овие состаноци се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска имаше одделни средби и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, на кои се дискутираше за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење. Во текот на вчерашниот ден, како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, таа учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Учеството на Годишните средби на ММФ и СБ, Ангеловска-Бежоска го искористи и за состаноци со свои колеги, гувернери на други централни банки. Притоа се разменија мислења за повеќе актуелни економски прашања, а се разговараше и за развивање на соработката.

Делегацијата на нашата земја имаше состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе, како и со директорката за Европа и Централна Азија на Меѓународната финансиска корпорација, Вибке Шломер.
Годишните средби на ММФ и СБ завршуваат денес.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: За побрз економски раст – повеќе жени на раководни позиции

Објавено пред

Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150 илјади во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6% од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво “Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

„Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6% од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции“ рече Ангеловска.

На панелот на кој зборуваше Ангеловска, говореа и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Катерина Матернова. Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17% од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени ко-сопственици и дека ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку социјални норми.

Прикажи повеќе...

Економија

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Објавено пред

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата, да се модернизира пензискиот сектор и земјоделството, ќе се подобри енергетската ефикасност на јавните институции и ќе се обезбеди пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги. За ова стана збор на состанокот помеѓу делегацијата предводена од министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателот на Светска банка (СБ) за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и со извршниот директор на Групацијата на СБ за Конституенцата Кун Дејвитсе, за време на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои се одржуваат во Вашингтон.

Од Министерството за финансии соопштија дека до почетокот на следната година треба да се потпише договорот со Светска банка (СБ) со која ќе се обезбедат 70 милиони евра за реализацијата на Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта. Преку Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта општините со проекти за локалните делници ќе можат да ги искористуваат средствата за да ја подобрат локалната инфраструктура.

Преку Проектот за енергетска ефикасност во вредност од 25 милиони евра ќе се вложува во подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините и на објектите на јавните институции.

Проектот за модернизација на земјоделството е во вредност од околу 46 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра ќе бидат грант средства. Преку овој проект ќе се подобри конкурентноста на земјоделскиот сектор преку советодавен едношалтерски систем и земјоделски откупни центри, а истовремено ќе се јакнат и капацитетите за спроведување на ИПАРД. Се очекува договорот за овој проект да се потпише со Светска банка на почетокот на 2020 година.

Исто така, во рамки на поддршката која ни ја дава Светска банка за пензиските реформи е и Проектот за модернизација на пензискиот сектор. Со овој проект ќе се модернизира пензиската администрација, ќе се воспостави единствен регистар на социјално осигурување, ќе се зајакне системот на вработување и професионална рехабилитација на лицата со инвалидност. Се очекува проектот да се потпише на почетокот на следната година.

До средината на следната година треба да се потпише и договор со Светска банка за финансирање на проектот Дигитална Македонија во износ од 30 милиони евра со кој ќе се овозможи пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Македонија2 часа

Вечерва средба на Заев со коалициските партнери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва по завршувањето на лидерската средба, во 20 часот ќе оствари и средба со лидерите...

Топ3 часа

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Македонија3 часа

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба. Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако...

Топ4 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија7 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија8 часа

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија9 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет10 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет10 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет11 час

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија11 час

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет11 час

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет11 час

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет1 ден

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Досие