Македонија
Министрите за енергетика од Западен Балкан остануваат посветени кон регионалната агенда за поврзување
Вицепремиерот Владимир Пешевски во четвртокот се обрати на попладневната заедничка пленарна сесија на министрите за надворешни работи и министрите задолжени за секторот енергетика на земјите од Западен Балкан вклучени во „Берлинскиот процес“, при што истакна дека сите учесници на претпладневниот состанок на министри за енергетика усвоија заклучок со кој потврдуваат дека остануваат посветени кон целите на „Берлинскиот процес“ како и на агендата за поврзување како клучен фактор за развој на регионот.
Тој додаде дека на состанокот се нотираше дека веќе се одвиваат важни активности за физичкото енергетското поврзување на регионот но и помеѓу енергетските пазари. На состанокот се разгледуваше и статусот на имплементација на таканаречените „меки мерки“, со посебен осврт на Регионалниот пазар за електрична енергија, кои се насочени кон унапредување и измена на постечката легислатива и регулаторни бариери и подобрување на капацитетите на институционалните капацитети за креирање на пазар во согласност со „Договорот за Енерегетска заедница“ и законите на ЕУ.
Посветеноста кон реализација на целите на усвоената „Повелба за одржливост“ останува, преку имплементација на мерки за енеретска ефикасност и повисоко користење на обновливите извори на енергија, а придобивката е унапредување на животната средина, дополни Пешевски.
Со оглед на фактот дека земјите од Западен Балкан имаат голем потенцијал за производство на енергија од хидро извори, на состанокот се предложи досегашниот „Хидро мастер план“ да преминие во „Студија за развој на хидро потенцијалите на Западен Балкан“ со што ќе се ќе се идентификуваат нови хидро енергетски пректи и ќе се земат во предвид и пошироките национални интереси, додаде вицепремеирот.
Наша заедничка цел е да создадеме целосно функционален, ефективен и ефикасен енергетски пазар, да ја подобриме енергетска поврзаност и да го следиме обемниот план за енергетско производство, за да ги постигнеме заеднички договорените цели и веќе подготвени целосно да се интегрираме во Европската унија, оцени вицепремиерот.
По состанокот претставници на Европската комисија и на меѓународните финансиски институции: Европска банка за обнова и развој, германската КфВ, Европска Инвестициска Банка и Европскиот инвестициски фонд потпишаа два договори за енергетска ефикасност (Регионалниот Програм за енергетска ефиксност – REEP Plus и Фондот за залена развој – Green for growth Fund) со кој за енергетски ефикасни проекти на земјите од регионот ќе им бидат гарантирани над 50 милиони евра./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) Поскапеа и зеленчукот и овошјето, а мерки нема, рече портпаролката на СДСМ, Кузеска
Портпаролката на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Богданка Кузеска, оцени дека економијата бележи пад и дека граѓаните се соочуваат со влошен животен стандард.
„Помина 60 дена од почеток на кризата на Блискиот Исток а Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните“, рече Кузеска, додавајќи дека и по најавите за мерки по Велигден, „повторно излажа, наместо мерки продолжија поскапувањата“.
Таа истакна дека, и покрај намалувањето на цените на нафтата, цените на храната и основните производи останале високи. „Скапите цени на храната и на основните производи секојдневно ги празнат џебовите на граѓаните“, рече Кузеска.
Според податоците на Државен завод за статистика, како што наведе, зеленчукот поскапел за над 38%, овошјето за над 10%, а продажните цени во земјоделството за 23%. Додаде дека веќе два месеци растат и цените на месото, зејтинот, маслото и јајцата.
„Ова не се обични бројки туку секојдневие на граѓаните со празни фрижидери и празни џебови“, изјави Кузеска.
Од СДСМ наведоа дека предложиле мерки како намалување на ДДВ за храна на 0%, намалување на акцизите, намалување на ДДВ за горивата на 5% и намалување на патарините, оценувајќи дека Владата ги најавува истите мерки „во фази – доцна и половично“.
Кузеска посочи дека во други земји се преземаат мерки за поддршка, додека „само кај нас Мицкоски не презема ништо“.
„Мицкоски се фали со ‘трета економија во Европа’, а во реалноста – тотален дебакл на економијата“, рече таа.
Според неа, платите остануваат најниски во Европа, инвестициите се намалуваат, а фабрики се затвораат. „Странските инвестиции паднаа за 60% од 1,2 милијарди евра во времето на СДСМ на само 467,5 милиони евра сега“, изјави Кузеска, додавајќи дека 180 милиони евра е долгот за поврат на ДДВ кон компаниите.
Таа рече дека десетици фабрики се затворени и дека над 1.500 работници останале без работа во изминатиот период.
„Реалноста боли. Народот осиромашува. Потребни се итни мерки – веднаш за намалување на цените, поддршка на ранливите граѓани и поддршка на економијата“, порача Кузеска.
Економија
Авиосообраќајот расте: македонските аеродроми со 30 проценти повеќе патници
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Меѓународен аеродром Скопје останува лидер во регионот, со раст од 32 проценти во споредба со истиот период лани.
„Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година“, напиша Николоски, повикувајќи се на податоци пренесени од специјализираниот авио-портал EX-YU Aviation News.
Тој посочи дека во првите месеци од годинава македонските аеродроми бележат раст од 30 проценти по број на патници и околу 20 проценти по број на операции, што, според него, ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот.
Во објавата се наведува дека годинава се воведени нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, како и од Охрид кон Милано и Братислава, додека во јули се најавуваат линии од Охрид кон Катовице и Вроцлав, како и од Скопје кон Палермо и Алгеро.
„За речиси две години од работа на оваа Влада се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка“, наведува Николоски.
Тој информира дека во тек е проект за реконструкција, надградба и проширување на Аеродром Св. Апостол Павле во Охрид, со цел зголемување на капацитетите за патници и операции.
Николоски најави дека годинава се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, а следната година да достигне и до 4 милиони.
Во однос на состојбата со горивата, тој посочи дека таа е стабилна и дека авиосообраќајот се одвива непречено.
Економија
ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.
На средбата беше нагласено дека Народната банка активно придонесува кон иницијативата на ММФ за проширување на СДДС плус стандардот. Во таа насока, од јануари 2026 година започна редовна дисеминација на дополнителен индикатор, кој се однесува на показателот за нето-отворена девизна позиција во однос на капиталот, на Националната страница за стандардни податоци (NSDP).
Значаен напредок е постигнат и во областа на финансиските сметки, со објавување на кварталните податоци за трансакции. Со тоа, Народната банка целосно ги имплементира препораките на ММФ, во однос на опфатот на податоците, со што се постигна усогласување со најновите меѓународни стандарди во оваа област.
Во доменот на екстерните статистики се преземаат активности за натамошно подобрување на квалитетот и деталноста на податоците. Во овој контекст, се реализира и проектот за воспоставување единствен склад на статистички податоци, финансиран од Европската комисија преку ИПА 2021.
Во доменот на монетарната статистика, продолжуваат активностите за воспоставување интегриран систем за известување за статистички и супервизорски потреби. Подзаконските акти донесени во 2025 и 2026 година воспоставуваат сеопфатна рамка за усогласено известување од банките и штедилниците, при што новиот систем ќе започне со примена од септември 2026 година, а известувачите веќе активно го тестираат.
Соговорниците ја истакнаа важноста на досегашната соработка и изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на унапредување на статистичките практики и усогласувањето со меѓународните стандарди.
