Контакт

Македонија

ОРМ обезбеди широка поддршка за предлозите за измени на законите за извршување и за нотаријат

Објавено пред


Иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) за измени и дополнувања на законите за нотаријат и за извршување добија поддршка од најголемите стопански комори во земјата, од компании кои членуваат во нив, како и од нотарската и комората на извршители на Македонија.

Поддршката на иницијативата е обезбедена откако претходно работната група на ОРМ составена од искусни професионалци од бизнис секторот, предложи конкретни текстови за измени и дополнувања на споменатите закони кои беа детално разгледани од сите заинтересирани компании, организации и комори.

„Досегашната дебата по оваа наша иницијатива и предложените текстови за измени и дополнувања на законите за извршување и за нотаријат покажа дека кај бизнис секторот во земјата постои висок степен на согласност дека спорните одредби во овие закони со кои од почетокот на оваа година на правниците кои работат во компаниите им е оневозможено целосно да ги застапуваат интересите на своите компании, мора да бидат отстранети од правниот поредок на земјата“, оцени претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, нагласувајќи дека „обезбедената голема поддршка за оваа иницијатива претставува дополнителен мотив за Организацијата на работодавачи да продолжи активно да го застапува интересот на бизнис секторот по ова прашање, ставајќи го меѓу приоритетните предлози кои ќе бидат доставени на разгледување и усвојување пред новата Влада и во Собранието на РМ“.

Инаку, со последните измени и дополнувања на Законот за извршување и на Законот за нотаријат, кои стапија на сила на почетокот на оваа година, а беа донесени без претходни пошироки консултации со бизнис секторот, меѓу останатото адвокатите добија ексклузивно право да ги застапуваат компаниите во нотарските и постапките за извршување на договори кои надминуваат 10.000 евра во денарска противвредност.

На ваков начин, правниците во компаниите и покрај тоа што се работи за високостручни лица со положен правосуден испит и големо практично искуство се ставија во подредена позиција во однос на адвокатите, а истовремено се зголемија и трошоците на компаниите за водење на овој вид правни постапки.

За експертите, нееднаквиот третман на правниците во компаниите, наспроти адвокатите, претставува директна дискриминација која е наметната со споменатите законски акти, што само по себе го отвора прашањето за нивната уставност. Дополнително, според Законот за парнична постапка, но и според европското законодавство, адокатите не се и не можат да бидат единствено надлежни за обезбедување правна помош. Тие се само дел од единствената правна професија и имаат исто знаење и способности како и другите лица со завршен правен факултет и положен правосуден испит.

Во реализација на оваа и останатите активности кои се од интерес на социјалните партнери, а кои придонесуваат за унапредување на бизнис климата и работењето на компаниите во Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија добива поддршка од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ кој е финансиран од Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Економија

Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Објавено пред

Од

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни сертификати. Ппричината што сега се става во функција, според него е , да се прикаже дека автопатот е завршен по заслуга на СДСМ.

„Една година новиот автопат го држеа завршен, а неотворен со лажно објаснување дека не е завршен, а всушност од градежните работи не беше завршено само преместувањето на еден далновод и контролната соба. Нешто за што требаат најмногу три месеци, поточно на крајот на август 2017-та делницата Демир Капија – Смоквица на тогаш автопатот именуван како „Александар Македонски“ да се пушти во употреба. Реалната причина всушност беше да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил овој автопат. А, всушност нема изградено ниту еден метар од автопатот во време на нивното владеење“, пишува Груевски на Фејсбук.

Според него, власта целосно ги заборавила формалните процедури поради кои ниту еден автопат во Европа не би можел да биде пуштен во употреба.

„Нема технички персонал што ќе го менаџира тунелот. За ваков тунел треба посебен режим (машински инженер, контролор на воздух, сообраќаен инженер , болничка кола 24/7, противпожарна екипа) вкупно околу 40 луѓе; огласот отворен во време на ВМРО, го поништија вработија несоодветен кадар кој не може да се обучи; нема сертификат за безбедност од ТУВ-германското сертификационо тело кое треба да потврди дали се исполнети потребните стандарди; Нема агрегат како бекап варијанта. Ова значи дека ако нема струја нема да се вози по тунелот, пишува Груевски.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Ѓорѓиевски: ЕЛЕМ плаќа 197 денари за услуга која порано била плаќана 120 денари

Објавено пред

Од

Раководството на АД ЕЛЕМ склучи договор за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола по пат на непосредна спогодба со фирмата СВ-Инвест, во висина од 21 милион и 240 илјади денари, фирма чиј сопственик според нашите информации е близок пријател на директорот на РЕК Битола, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено според информациите со кои располагаме со оваа услуга СВ-Инвест ќе наплаќа 197 денари од час, додека порано истата услуга била вршена и за 120 денари од час. Што се смени во меѓувреме па цената на истата услуга одеднаш порасна за 77 денари? Информациите велат дека СВ-Инвест од парите добиени за час работа за вработените на работниците им дава 97 денари од час“, рече тој.

Според Ѓорѓиевски, дополнителен сомнеж отвора фактот што покрај постапката во четири очи е водена и транспарентна јавна постапка, но истата откако договорот го добила фирмата СВ-Инвест била поништена.

„Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори зошто спроведува двојни постапки и зошто наместо по пат на транспарентна и редовна постапка, каде што постои конкуренција и судир на понуди склучува договори во четири очи“, рече Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Економија

Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

Објавено пред

Од

Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 мај.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април. На веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.

Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици.

„На земјоделците во програмата за 2018 година на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Запазувањето на рокот за аплицирање е важно за да може навреме да се обработат барањата и навреме да исплатат субвенциите. Од 2018 година се воведуваат нови мерки за директни плаќања. Дел од нив, се повисоки субвенции и нов модел на субвенционирање во три нивоа за тутунот, 20 отсто повисоки субвенции за растителното производство, односно градинарство, овоштарство, лозарство за земјоделците со потенцијал за развој, директните плаќања во сточарството нудат 10% повисоки суми за истата целна група, 30% повисока поддршка за промена на типот на производство и тоа промена од житни култури во градинарски култури, овошни култури и лозови насади, за вкупни површини помали од 5 хектара, 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади заради промена на сортна структура и други“, соопшти Министерството.

Во програмата е предвидена и ставка за исплата на обештетувањата од временските непогоди што се случија во 2016 и во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 минути

Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни...

Македонија56 минути

Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со...

Свет2 часа

Експлозија во Кабул, над 30 загинати

Најмалку 31 човек загина, а 54 се повредени во експлозија во центарот за регистрирање на гласачи во авганистанската престолнина Кабул,...

Македонија3 часа

Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на...

Македонија4 часа

Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно...

Регион4 часа

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината,...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Македонија17 часа

Милевски до Филипче: „Немаш право да ги уценуваш родителите да ги вакцинираат децата

Претседателот на Либарално демократската партија, Горан Милевски ја критикуваше одлуката на министерот за здравство, Венко Филипче за задолжително вакцинирање на...

Македонија21 час

(Видео) Нови вакцини против стрептокока и рота вируси

Главни приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Вакцините се најдобрата инвестиција во здравјето

Долго време Македонија беше еден од лидерите по процентот на вакцинација, за жал сега веќе не е така. Мораме напорно...

Македонија23 часа

Неказнивоста останува проблем во Македонија, се наведува во новиот извештај на Стејт департментот

Владата преземала некои мерки за истражување, гонење и казнување на претставници кои извршиле злоупотреби, вклучително полицајци виновни за употреба на...

Македонија1 ден

(Видео) Стоп за извршителите -протест на 1 мај

Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата,...

Македонија1 ден

(Видео) МВР во лов на пијани возачи во Скопје, за една ноќ казнети се 248 лица

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со...

Македонија1 ден

(Видео) Ако во мај објавиме решение за името, поканата за НАТО автоматски ќе се активира, вели Заев

Имаме условена покана за НАТО и таа ќе се активира автоматски откако ќе се постигне решение за името, порача премиерот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа

Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев во врска...

Вести1 ден

Русија: Одлуката на Северна Кореја не е доволна, потребни се возвратни мерки од САД

САД требa да преземат возвратни мерки откако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетните тестирања, смета шефот на меѓународниот комитет...

Вести1 ден

Трамп за одлуката на Северна Кореја: Ова е добра вест за целиот свет

Порака од Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања и тестирањата на интерконтинентални балистички ракети. Исто така ќе...

Вести1 ден

Пресврт во политиката на Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања

Северна Кореја соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и планира да ги затвори полигоните за...

Економија1 ден

Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

Нови проекти од областа на социјалата, инфраструктурата и поддршка на малите и средни претпријатија во фокус на Пролетните средбите на...

Македонија1 ден

(Видео) Приведената скопјанка тврди дека ја однеле во полициска станица без никаква основа

Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, вчеравечер беше приведена во Градскиот парк, на...

Досие