Контакт

Економија

Поддршката за авиопревозниците во согласност со законодавството на ЕУ

Објавено пред

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници што го користат аеродромот во Скопје.

Во однос на постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарната економија и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство.

Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварување поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Прилепска пиварница со донација кон Центрите за аутизам во Скопје и во Штип

Објавено пред

Од

Прилепска Пиварница потпиша договор за донација на 500.000МКД финансиска помош за Дневниот центар за аутизам во Скопје и за Дневниот центар за аутизам во Штип, кои претставуваат единствени центри од ваков вид во државата. Средствата се издвојуваат од Фондот за донации на Прилепска Пиварница.

Донацијата ќе биде наменета за потребите на дневните центри за аутизам за набавка на најразлични реквизити потребни за нормален развој и живот на децата, како и за набавка на специјално возило наменето за Центарот во Штип.

„Со цел да помогнеме и да ја искажеме искрената грижа и поддршка за децата со аутизам, тие да ги добијат потребните услови за нормален раст и развој, ние, од Прилепска Пиварница, одлучивме средствата од Фондот за донации да ги насочиме токму за нив. Силно веруваме дека ваквите иницијативи нема да останат изолирани случаји во земјата, туку ќе претставуваат позитивен пример за следење и од другите компании, да придонесеме за инклузија на сите жители во општеството. Оваа донација ја надополнува кампањата на нашиот бренд Златен Даб, насловена како „Без предрасуди, без етикети“, која повикува на меѓусебна толеранција, прифаќање на различностите и ослободување од предрасудите“ – изјавија од Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница ја продолжува стратегијата за општествена одговорност и преку реализација на многубројни проекти во иднинаќе им даде поддршка на различни ранливи категории. На тој начин ќе придонесе кон позитивни општествени промени и кон градење заедница отворена и толерантна кон различните, за подобра иднина на сите нас.

Прикажи повеќе...

Економија

„Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на „Фени“

Објавено пред

Од

ГСОЛ, заедно со своето претставништво „Еуроникел“, договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и советниците на Општина Кавадарци, на која ќе ги запознаат со планот за реорганизација на „Фени“, што сè досега било направено за спас на фабриката и кои се идните планови.

ГСОЛ и „Еуроникел“ сметаат дека е од суштинска важност претставниците на локалната самоуправа да бидат запознаени со предностите на планот за реорганизација, со што ќе се избегнат можни дезинформации кои би биле на штета на компанијата и на вработените и нивните работни места.

„На средбата ‘Еуроникел’ ќе ги презентира сите чекори што досега беа направени од ‘Еуроникел’ за спас на ‘Фени’, планот за реорганизација и идното инвестирање во комбинатот и како тоа ќе се одрази врз развојот на целиот регион и ќе се појасни дека сè друго од овој план е на штета на ‘Фени’ и може негативно да се одрази врз иднината на компанијата“, најавија од „Еуроникел“.

ГСОЛ извести дека преку своето претставништво „Еуроникел“ досега ги исплатиле сите доверители на „Фени“ чии побарувања беа влезени во стечајната маса. Нагласуваат дека отишле и чекор понатаму со тоа што ги исплатиле транспортерите од Кавадарци, кои не беа влезени во стечајната маса, за што се потрошиле 3,1 милиони евра и со нови договори веднаш повторно ги ангажирале.

„ГСОЛ своите намери за ‘Фени’ ги потврди и со излегување на огласот за преработка на никелова руда, каде што беше единствената компанија што даде гаранција преку сопствени ресурси за руда, инвестиција од 3 милиони евра и дополнителна банкарска гаранција од 5 милиони евра. Овој чекор беше клучен во спасот на ‘Фени’ и егзистенцијата на вработените. Гаранција за иднината на ‘Фени’ е и обезбедување рудни ресурси за понатамошна работа на ‘Фени“, а ГСОЛ располага со ресурси на висока квалитетна руда, што обезбедува работа за фабриката на долг период. Во досегашното работење со ‘Фени’, ГСОЛ, ‘Еуроникел’ преку договорот за преработка успеа да го одржи во живот ‘Фени’ во текот на целата стечајна постапка, но уште повеќе ја обезбеди егзистенцијата на вработените со редовна плата од 500 евра, како и со договори со транспортерите, со што го врати оптимизмот во ‘Фени’ и стекна доверба меѓу вработените“, велат од ГСОЛ.

Од ГСОЛ велат дека ја обезбедиле егзистенцијата на вработените во „Фени“ со редовна плата од 500 евра

Од компанијата велат дека за разлика од нив, ниедна друга компанија, освен декларативно покажување интерес за „Фени“, не вложила ни еден денар во исплаќање на побарувањата кон доверителите, во платите на вработените или во каква било инвестиција во фабриката. Секој друг чекор и враќање на процесот назад сметаат дека ќе предизвикаат ‘Фени’ повторно да биде затворен, печките да не работат, а работниците да останат без сигурен месечен надомест.

На претставниците на локалната самоуправа ќе им бидат презентирани предностите и бенефициите од успешното рестартирање на „Фени“ и како кавадаречката компанија со својата успешна работи ќе придонесе за развој на целиот регион.

Прикажи повеќе...

Економија

Започна имплементацијата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Објавено пред

Од

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција во Владата ги презентираа усвоените правилници за добивање и исплата на финансиска поддршка, со што практично е овозможена имплементација на мерките што произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Анѓушев истакна дека правилниците за добивање и исплата на финансиска поддршка се усвоени и стапија во сила на 7 јуни оваа година и со тоа е овозможена имплементација на мерките од првиот и вториот столб од планот за економски раст.

„Ги повикувам сите компаниии од Република Македонија, кои имаат реализирано нови инвестиции и кои имаат вработено нови луѓе во текот на 2017 година, до крајот на јуни да аплицираат за финансиска поддршка од страна на Владата. Постапката за аплицирање е едноставна и освен барањето, кое е достапно на веб-страниците на владините институции, потребно е да се достават и други документи што компаниите ги имаат во секој момент. Средствата во буџетот се обезбедени и очекуваме со овие мерки да ги стимулираме компаниите уште похрабро да инвестираат и да вработуваат. Сметаме дека овој закон и мерките се најтранспарентниот начин за доделување државна поддршка на компаниите и за економски раст и развој на Република Македонија“, потенцира Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека реализацијата на мерките од третиот столб е веќе започната, првиот јавен повик е завршен, а пристигнати се над 200 апликации од компании на овој повик.

Министерот за економија, Бектеши, нагласи дека процесот за реформа на системот за државна поддршка на компаниите е заокружен на транспарентен начин преку јавни дебати и дискусии и во соработка со стопанските комори и компаниите.

„До крајот на оваа година ќе овозможиме финансиска поддршка за сите компании што направиле инвестиции во 2017 година имајќи ги превид мерките од трите столба на планот за економски раст. Сите компании што се лоцирани во ТИРЗ барањата за финансиска поддршка треба да ги достават до Дикрекцијата за ТИРЗ, а компаниите што работат надвор од слободните зони своите барања ги доставуваат до Агнецијата за странски инвестиции и промоција на извозот“, нагласи Бектеши.

Министерот појасни дека, освен стандардизиран формулар/барање, компаниите до надлежните институции треба да достават и писмо со намери, деловен план за инвестициски проект, тековна состојба за деловниот субјект, издадена од Централниот регистар, потврда од Централен регистар дека над деловниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, годишни сметки со финансиски извештаи и консолидирани годишни сметки и консолидирани финансиски извештаи за последните четири години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност, како и потврда од надлежен орган на странска држава за пријавено живеалиште или привремен престој за државјани на Република Македонија, кое се однесува за инвеститори од дијаспората.

На прес-конференцијата беше презентиран и калкулаторот за финансиска поддршка на инвестиции и за конкурентост, електронска алатка што може да им послужи на компаниите однапред и апроксимативно да пресметаат колкав износ на државна подддршка може да очекуваат во однос на направените инвестиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија6 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија7 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија11 час

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија13 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија14 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија14 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија15 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија15 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија15 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика16 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија16 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија17 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет17 часа

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет18 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие