Македонија
Прва конференција за групно финансирање во Македонија

Прва конференција за групно финансирање во Македонија ќе се одржи во сабота во Скопје, во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“.
Целта на конференцијата е запознавање на луѓето со концептот на групно финансирање (crowdfunding), како алтернативен начин на финансирање на проекти и идеи, како и да понуди вештини за спроведување ваков вид кампањи.
Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран и првиот македонски прирачник за спроведување кампањи за групно финансирање, а се организира во рамки на проектот „Одржливост преку алтернативни начини на финасирање“, имплементиран од Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“, во партнерство со Final Frontier Games. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Економија
Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни сертификати. Ппричината што сега се става во функција, според него е , да се прикаже дека автопатот е завршен по заслуга на СДСМ.
„Една година новиот автопат го држеа завршен, а неотворен со лажно објаснување дека не е завршен, а всушност од градежните работи не беше завршено само преместувањето на еден далновод и контролната соба. Нешто за што требаат најмногу три месеци, поточно на крајот на август 2017-та делницата Демир Капија – Смоквица на тогаш автопатот именуван како „Александар Македонски“ да се пушти во употреба. Реалната причина всушност беше да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил овој автопат. А, всушност нема изградено ниту еден метар од автопатот во време на нивното владеење“, пишува Груевски на Фејсбук.
Според него, власта целосно ги заборавила формалните процедури поради кои ниту еден автопат во Европа не би можел да биде пуштен во употреба.
„Нема технички персонал што ќе го менаџира тунелот. За ваков тунел треба посебен режим (машински инженер, контролор на воздух, сообраќаен инженер , болничка кола 24/7, противпожарна екипа) вкупно околу 40 луѓе; огласот отворен во време на ВМРО, го поништија вработија несоодветен кадар кој не може да се обучи; нема сертификат за безбедност од ТУВ-германското сертификационо тело кое треба да потврди дали се исполнети потребните стандарди; Нема агрегат како бекап варијанта. Ова значи дека ако нема струја нема да се вози по тунелот, пишува Груевски.
Економија
(Видео) Ѓорѓиевски: ЕЛЕМ плаќа 197 денари за услуга која порано била плаќана 120 денари

Раководството на АД ЕЛЕМ склучи договор за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола по пат на непосредна спогодба со фирмата СВ-Инвест, во висина од 21 милион и 240 илјади денари, фирма чиј сопственик според нашите информации е близок пријател на директорот на РЕК Битола, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено според информациите со кои располагаме со оваа услуга СВ-Инвест ќе наплаќа 197 денари од час, додека порано истата услуга била вршена и за 120 денари од час. Што се смени во меѓувреме па цената на истата услуга одеднаш порасна за 77 денари? Информациите велат дека СВ-Инвест од парите добиени за час работа за вработените на работниците им дава 97 денари од час“, рече тој.
Според Ѓорѓиевски, дополнителен сомнеж отвора фактот што покрај постапката во четири очи е водена и транспарентна јавна постапка, но истата откако договорот го добила фирмата СВ-Инвест била поништена.
„Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори зошто спроведува двојни постапки и зошто наместо по пат на транспарентна и редовна постапка, каде што постои конкуренција и судир на понуди склучува договори во четири очи“, рече Ѓорѓиевски.
Економија
Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 мај.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април. На веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.
Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици.
„На земјоделците во програмата за 2018 година на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Запазувањето на рокот за аплицирање е важно за да може навреме да се обработат барањата и навреме да исплатат субвенциите. Од 2018 година се воведуваат нови мерки за директни плаќања. Дел од нив, се повисоки субвенции и нов модел на субвенционирање во три нивоа за тутунот, 20 отсто повисоки субвенции за растителното производство, односно градинарство, овоштарство, лозарство за земјоделците со потенцијал за развој, директните плаќања во сточарството нудат 10% повисоки суми за истата целна група, 30% повисока поддршка за промена на типот на производство и тоа промена од житни култури во градинарски култури, овошни култури и лозови насади, за вкупни површини помали од 5 хектара, 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади заради промена на сортна структура и други“, соопшти Министерството.
Во програмата е предвидена и ставка за исплата на обештетувањата од временските непогоди што се случија во 2016 и во 2017 година.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“