Контакт

Македонија

Ѓубрето од битолските депонии редовна храна на стотина свињи

Објавено пред

Стотина свињи редовно се хранат од ѓубрето на битолските депонии близу РЕК-Битола. Според очевидци, тие ја посетуваат депонијата „Мегленци“, јадат и набрзина се оддалечуваат од депониите. Свињите се од битолските локални фарми и одгледувачници од селата во близина, но никој не знае точно чии се и дали инспекциите вршат надзор врз оваа опасна појава, бидејќи истите свињи завршуваат во кланиците и на трпезите на граѓаните. Фотографиите до кои дојде „Макфакс“ се направени пред три дена и најчесто оваа посета на свињите се случува во попладневните часови.

dobivaj vesti na viber

На оваа депонија завршува ѓубрето од Битола, Могила и Новаци, но комуналците не се обврзани да ги спречат и животните да доаѓаат и да се хранат на ѓубриштето. Со оглед на тоа што оваа  депонијата е веднаш до РЕК, кој е еден од главните причинители за загадениот воздух во Битолскиот Регион, со чадот од оџаците и смрдеата од депониите се контаминираат и свињите.

За оваа долгогодишна појава во Битолскиот Регион се запознаени надлежните институции и од година во година тие даваат празни  ветувања дека ќе преземат нешто и дека околу Битола ќе се направи современа депонија и ќе се спречи опасното разнесување на ѓубрето што го прават кучињата. Одговорност за квалитетот на месото од овие свињи нема кој да понесе бидејќи никој од жителите на Мегленци не знае или, пак, не сака да зборува чии се животните и каде се продаваат.

Оваа депонија и РЕК повеќепати од еколошките здруженија се посочени како еколошки бомби кои систематски ја уништуваат природата и се главен причинител за високата концетрација на штетни ПМ-честички во воздухот во Битола и во околината.

Економија

Манасков: ЕВН и Регулаторна го осиромашуваат народот на рекетарски начин

Објавено пред

Стопанската комора за енергетика е на став дека ЕВН и Регулаторната Комисија го осиромашуваат народот на, како што велат, монополски рекетарски начин.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на комората, Ѓорги Манасков, порача до претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски да каже која институција ја контролира ЕВН на терен во државата и како.

„Дали се сериозни. По барање на ЕВН , да се зголеми цената на сметките за мрежарина и воведување на нови мерни броила за полесно да врши МОБИНГ и манипулација врз граѓаните и компаниите во Македонија, замислете дека Бислимовски и Регулаторна Комисија ќе им го одобри? Нека каже Бислимовски која институција ја контролира ЕВН на терен во државава и како? До кога ЕВН и Регулаторна Комисија ќе го осиромашува овој народ на овој монополски рекетарски начин???… Засрамете се , и престанете да правите штета. Бидете сигурни дека за ова ЕВН и Регулаторна, ќе мора да сносат сериозни последици еден ден“, пишува Манасков.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра за производство на полначи за електрични и хибридни возила

Објавено пред

Нова инвестиција на германската компанија за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ беше најавена денес на средба на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за еконосмки прашања  Фатмир Битиќи со менаџментот на КОСТАЛ Групацијата.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за нов инвестициски проект на „КОСТАЛ Македонија“ во Охрид за производство на полначи за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – декември 2026 година во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра.

Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигнат 150 милиони евра. Бројот на нови работни места кои ќе бидат дополнително креирани за овој инвестициски циклус ќе биде над 300 лица.

Премиерот Ковачевски ја поздрави новата инвестиција на „КОСТАЛ Македонија“, потенцирајќи дека проширувањето на инвестицијата на оваа, како и на другите компании основани од странски инвеститори во земјава е показател за добрите политики на Владата за создавање поволен и предвидлив амбиент за инвестирање.

Со проширувањето на постоечките и вложување во нови инвестиции, како што нагласи премиерот Ковачевски, се испраќа силна порака во светот за поддршката која Владата на Република Северна Македонија ја обезбедува за актуелните и потенцијални инвеститори.

Директорот на „КОСТАЛ Македонија“, Виктор Мизо информираше дека досега компанијата има вложено над 100 милиони евра во фабриката во Охрид, а планот е да се започне со производство со воведување на најновите SAC (Smart Actuator Charging) технологии и системи за полнење од групацијата Фолксваген, истите ќе бидат вградени во најновите модели на: Фолксваген, Шкода, Сеат, Ауди и Порше. Системите за полнење на овие светски брендови за сите хибридни и електрични возила ќе бидат произведувани во Република Северна Македонија. „КОСТАЛ Македонија“ ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите.

На средбата, директорот Мизо ја нагласи важноста на државната помош која „КОСТАЛ Македонија“ ја користи од првиот ден на своето постоење, и до сега има добиено финансиска помош во износ од 12,5 милиони евра, а во моментов во компанијата работат 1.020 вработени со просечна плата далеку над просекот во државата.

Дополнително „КОСТАЛ Македонија“ инвестира и во производство на најновите кровни модули кои ја користат последната SkinTec технологија која се користи за најексклузивните модели на Daimler како што се: Mercedes EQS, EQE, C + S CLASS, AMG SL.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Конкурентноста и иновативноста создаваат нови потенцијали за економски раст

Објавено пред

Заменикот на претсетседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, се обрати на панел-дискусијата на билатералниот форум на тинк-тенк организации од Северна Македонија и Шпанија на тема „Размислување и работење заедно“, организиран од Институтот „Преспа“.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Битиќи истакна дека земјата е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште тука во однос на синџирите на дистрибуција, скоковите на цените, финансиските нарушувања, енергетската несигурност и геополитичките тензии.

„Овие варијации, на кои се изложени националните економии, претставуваат предизвик за младите луѓе, кои сакаат, кои имаат желба, да понудат одговор на нив, да ги засноваат своите лидерски вештини на конкурентност и иновативност“, рече Битиќи.

За него, овие квалитети стануваат уште поважни ако ги артикулираме и процесите на дигитализацијата на економските активности.

„Младите луѓе што се стремат да станат лидери треба да развијат дигитални вештини, кои ќе им овозможат да интегрираат и водат системи кои обработуваат и анализираат големи количини податоци во кои се интегрирани роботи и вештачка интелигенција, процеси што вклучуваат технологии облак, сајбер-безбедност итн. Ова е само дел од мозаикот наречен глобална економска конфигурација, во која лидерството треба да се препознае и да се интегрира за да се ослободат нови потенцијали за раст“, истакна Битиќи.

Рече дека климатските промени се уште еден фактор што треба да се интегрира во визијата за одржлив економски раст.

„Затоа зелената економија или преминот од фосилни кон обновливи извори на енергија со ниски или нула емисии на јаглерод треба да се препознае како вистинска можност за реализација на економски идеи, кои ќе дадат позитивни резултати. Според податоците на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија, лани 83 отсто од вкупните инвестиции во производството на електрична енергија биле насочени кон обновливи извори на енергија. Овој зелен сектор од економијата лани имаше 12,7 милиони работни места, со проекција во 2030 година бројот на вработени да биде 38 милиони. Ова се дел од новите економски можности за граѓаните што ги создава зелената транзиција, а кои лидерите треба да ги препознаат и понудат“, рече Битиќи.

Според него, обезбедувањето енергетска безбедност е од клучно значење за економската стабилност и одржливост.

„Диверзификацијата на изворите на енергија, намалувањето на зависноста од фосилни горива и инвестирањето во инфраструктурата за обновливи извори на енергија може да ја зајакне енергетската безбедност притоа придонесувајќи за одржливоста на екосистемот. Оваа енергетска транзиција значи обезбедување стабилно снабдување со енергија на деловните субјекти и домовите“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија5 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ7 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија7 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија10 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион10 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија11 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија12 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија13 часа

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија14 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија15 часа

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија16 часа

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...

Свет17 часа

Гори енергетска централа во Белгород, дрон фрлил бомба, тврди руски гувернер

Гувернерот на рускиот град Белгород соопшти дека во тој регион избувнал пожар во енергетска централа. Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород,...

Вести17 часа

Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени...

Свет17 часа

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива: „Се обидоа да навлезат таму каде што сме најранливи“

Руските воени власти соопштија дека спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк. „Целта на непријателот беше да ја пробие нашата...

Вести17 часа

Детали за драмата на небото над Вашингтон: пилотот на „цесна“ не реагирал, подигнати воени авиони, го пробиле звучниот ѕид за време на потерата

Воздухопловните сили на САД ги активираа борбените авиони „Ф16,“ за да го гонат лесниот патнички авион „цесна“, кој го наруши...

Македонија18 часа

21 година постоење – ДУИ и фракцијата со одделни прослави

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање. Од раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија...

Свет1 ден

(Видео) Илјадници Полјаци излегоа на улица во Варшава на протест против власта

Илјадници Полјаци од целата земја се собраа во Варшава на голем марш на покана на лидерот на опозицијата и поранешен...

Македонија1 ден

Сопственикот на „ДоказМ“ однесен во „Идризово“, сајтот исклучен, доменот сѐ уште во негова сопственост

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ намалената затворска казна, започна да ја издржува во затворот „Идризово“. Истовремено, се уште не е спроведена...

Македонија1 ден

Денови се бројат до одлуката на Врховен дали аболициите од Иванов ќе важат

Иднината на аболициите дадени од експретреседателот Ѓорѓе Иванов ќе се знае пред почетокот на судската ферија, а до крајот на...