Контакт

Македонија

Генералниот секретар на Светската туристичка организација одржа предавање на ФТУ Охрид

Објавено пред

Генералниот секретар на  Светската туристичка организација, Талеб Рифаи, во понеделникот беше во посета на Факултетот за туризам и угостителство, каде одржа предавање на тема „Туризмот и образованието“.

 

 

Според него, постојат многу начини кои треба да бидат преземени за поголема промоција на градот во западно европските земји.

 

„Имав состанок со претставници на локалната самоуправа, а меѓудругото разговаравме за унапредување и развој на туризмот и негова поголема промоција. Важно беше и моето присуство на Факултетот за туризам и угостелство, а оттука ќе ги пренесам моите сугестии понатака. Има многу начини како да се промовира Охрид, а најважно е неговото поврзување. Потребни се креативни настани за привлекување туристи, со оглед на тоа што Охрид може да се спореди со многу туристички дестинации од регионот,“  изјави  Рифаи.

 

Деканот Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, проф. д-р Сашо Коруновски, потенцира дека позитвното искуство на туристите при нивниот престој во градот, е најдобра промоција за привлекување гости на ривиерата.

 

„Се разбира дека истражувањата велат дека треба да се оди преку новите медиуми. Промоцијата на градот да оди по тие канали и се разбира, она што значи добро искуство на оние кои веќе биле тука. Тоа е најдобар начин за промоција на Охрид.“ – изјави Коруновски.

 

Тој истакна дека посетата на генералниот секретар на Светската туристичка организација доаѓа во прав момент, како најава за 45-годишниот јубилеј од основањето на оваа високообразовна институција.

 

„Не може да биде подобра најава со оглед на тоа што идната година, како институција, ќе славиме 45-годишен јубилеј. Посетата доаѓа во прав момент, бидејќи преку неа ќе ја најавиме таа долга традиција на образование и туризам во Охрид, како една од првите институции на Балканот.“ – истакна Коруновски.

 

 

Посетата на секретарот на  Светската туристичка организација Талеб Рифаи во Македонија се реализира на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски, со кој ќе се сретне денес. Предвидено е Рифаи да оствари средба и со премиерот Никола Груевски и да му предаде отворено писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот при неговото унапредување и развој. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

До крајот на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството

Објавено пред

Почна аплицирањето за добивање субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е до 31 јули.

„Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство, и тоа за полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така, до крајот на месецот барање за добивање финансиска поддршка може да достават и сите што се занимаваат со сточарско производство, односно одгледуваат говеда, овци, кози, пчели, свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица“, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци што не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање електронски барања, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

„При барање помош од страна на вработените во подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција сè со цел превенција и заштита од вирусот Ковид-19“. Апликантите пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или внеле погрешни податоци или, пак, увидат потреба од измена поради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето“, апелира Бабовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на горивата: „евросупер БС-95“ поевтинува, а екстра-лесното масло поскапува

Објавено пред

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од минатата недела (29.6.2020 година).

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.

Од 7.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 63,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродозел БС“ (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС – 25,980 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836 %, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716 % и кај мазутот зголемувањето e во просек за 0,873 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 7.7.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Објавено пред

Со цел стимулирање на купувањето домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на корона-кризата, а за да се информира јавноста што сè спаѓа под македонски производи, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 најчесто поставувани прашања од страна на купувачите.

Овој проект произлегува оттаму што домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%.

Прирачникот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинската управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниов линк.

За целите на купување со домашната платежна картичка, производите се сметаат како домашен македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, информираат надлажните органи.

Кај скенирањето на фискалните сметки, производот може да се смета како домашен доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски...

Македонија19 минути

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет2 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија2 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет4 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион5 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија5 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет6 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет6 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија17 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија17 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет18 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион20 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија22 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија24 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија24 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Досие