Македонија
Груевски и владина делегација на бизнис форум во Хартфорд
Македонскиот премиер Никола Груевски се обрати во четвртокот вечерта на бизнис форум во Хартфорд, во сојузуната држава Конектикат, Соединетите Американски Држави, на кој присуствуваа претставници на компании од поголем број на сектори.
Македонскиот премиер Никола Груевски се обрати во четвртокот вечерта на бизнис форум во Хартфорд, во сојузуната држава Конектикат, Соединетите Американски Држави, на кој присуствуваа претставници на компании од поголем број на сектори.
Премиерот Груевски ги претстави поволностите кои нашата земја ги обезбедува за реализација на инвестиции, отворање на бизнис и нови работни места. Во своето обраќање тој се осврна на позитивните макроекономски индикатори, како што се ниското и умерено ниво на државен долг, стабилниот курс на националната валута, стапката на инфлација, растот на извозот од технолошко-индустриските развојни зони, кои гарантираат предвидливо опкружување кое е потребно за реализација на долгорочните планови за раст на бизнисите. Истакна и дека како резултат на владините политики земјата остварува стапки на раст на бруто домашниот производ што е показател за доброто економско опкружување.
„Минатата година имавме раст на БДП од 3,8 отсто што беше втор најголем раст во Европа, претходната 2013 година, исто така, бевме втора најдобра земја според растот на БДП во Европа. Во првата половина од оваа година растот изнесуваше 2,9 проценти, што е еден од најдобрите пет резултати во Европа, и веруваме дека до крајот на годината ќе продолжиме со оваа добра динамика и повторно ќе бидеме помеѓу земјите со најголем раст во Европа“, истакна Груевски.
Се осврна и на напредокот на Македонија на листите за бизнис клима на меѓународните финансиски организации, како што се Светската Банка, Форбс, Прајсватерхаус Куперс, Херитиџ, што, како што рече, претставува потврда за континуираните заложби за унапредување на деловното опкружување. Ги спомена и погодностите кои се нудат во технолошко-индустриските развојни зони, и најниските трошоци во Европа за правење бизнис, меѓу кои и најнискиот даночен пакет.
„Персоналниот данок изнесува 10 отсто, данокот на добивка е исто така 10 отсто, а доколку добивката се реинвестира овој данок е 0 проценти. За многу сектори данокот на додадена вредност е намален од 18 на 5 отсто. Континуирано ги намалуваме царинските давачки и сега тие се многу ниски. Исто така, ги намаливме и придонесите за социјално и здравствено осигурување и на тој начин го креиравме најдобриот даночен пакет и за домашните и за странските инвеститори, затоа што се што правиме правиме и за домашните и за странските компании“, рече Груевски.
Присутните американски бизнисмени дадоа позитивна оцена за владините политики и можностите што ги нуди Македонија. Зак Рајли, потпретседател на компанијата Амфенол, ја истакна отвореноста и поддршката на македонската Влада за бизнис секторот, и најави дека неговата компанија планира проширување на веќе постоечките капацитети во Македонија.
„Имаме капацитети во Македонија кои се склоп од повеќе деловни единици. Планираме значително да се прошириме во Македонија во следните 12 до 18 месеци за што Владата доста ни помага во делот на обезбедувањето дозволи и пристап, со цел да ги изградиме фабриките побрзо и да одговориме на големите барања за дуплирање и триплирање на капацитетите и да одговориме на барањата на клиентите“, истакна Зак Рајли.
Бизнисмените истакнаа дека по слушнатите презентации за поволностите кои се нудат, и заради добрата економска понуда на Република Македонија, тие сериозно ја земаат во предвид нашата земја како потенцијална дестинација за нивните бизниси за што во следниот период ќе пристапат кон продлабочени истражувања на претставените можности.
„Имаме бизнис за развој на медицинска технологија со производство во Европа и Америка кои ги дистрибуираме во повеќе од 70 земји во светот. Од она што го слушнав денес, за можностите за правење бизнис во Македонија, таа ми прерасна во голема точка на мојот радар за понатамошни истражувања, како опција и можност за главно седиште и локација за бизнис активности на европскиот пазар“, изјави Ентони Вискоглиози, директор на компанијата Вискоглиози. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.