Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

18,6 милиони денари од ковид-програмата се насочуваат за поддршка на софтверски компании

Објавено пред

Владата на денешната 125. седица ја разгледа и усвои информацијата и го прифати барањето на Стопанската комора да се издвои износ од 18.600.000 денари од ковид-програмата како финансиска поддршка за имплементација на современи дигитални софтверски решенија.

„Износот ќе биде издвоен во рамки на поддршката на компании од информатичко-компјутерската технологија како заедничка акција на јавниот и приватниот сектор“, информираат од владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата одобри инвестиции за соларни електрани во Пехчево и Карбинци

Објавено пред

Владата на денешната 125. седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестициски проект на фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл пауер интернатионал“ ДООЕЛ Скопје.

Соларната електрана вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во атарот на Долни Балван, oпштина Карбинци.

Владата на денешната седница донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата „ХЕК солар МК“ ДООЕЛ Скопје, којашто ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.

„ХЕК солар  МК“ соларната електрана ќе ја гради во општина Пехчево.

Прикажи повеќе...

Економија

Пред стопанствениците презентирани придобивките од дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги

Објавено пред

Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Коморскиот инвестициски форум и Стопанската комора на Северна Македонија организира работилница за ЦЕФТА-дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги, со акцент на тоа какви придобивки носи протоколот за македонската економија и за регионот и како може да придонесе за поуспешно создавање заеднички регионален пазар на Западен Балкан.

Дополнителниот протокол 6 обезбедува сеопфатна рамка за трговија со услуги во регионот и се заснова на општиот договор за трговија со услуги (ГАТС). Протоколот особено се фокусира на ограничувањата за пристап до пазарот и ограничувањата поврзани со дискриминација на странски компании против домашни. Во повеќе од 100 сектори страните на ЦЕФТА се обврзаа да нѐ воведат или доколку веќе постојат, да ги отстранат ограничувањата за пристап на пазарот, како и да обезбедат ист третман за домашните даватели на услуги и оние од другите страни потписнички на ЦЕФТА-договорот. Покрај овие одредби, протоколот обезбедува рамка за работа на понатамошно отстранување на бариерите, особено во чувствителните областите на економијата, како што се лиценци, дозволи, професионални квалификации.

Во оваа насока протоколот воведува обврска за отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги и дава гаранција дека нема да се воведат ограничувања во иднина меѓу страните на договорот ЦЕФТА, што е особено корисно: за бизнисмени што им ги нудат своите услуги на потрошувачите на други пазари на ЦЕФТА, без физичко присуство, за потрошувачот да добие услуга кога патува од едната во друга ЦЕФТА-страна, кога услугата се обезбедува преку подружница или претставништво на друг пазар на ЦЕФТА, кога поединци привремено се испраќаат од еден на друг ЦЕФТА-пазар за да ја испорачаат услугата.

Благодарение на дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги (ДП6), системот за слободна трговија во ЦЕФТА-договорот е подобрен, кој сега е проширен и во услужниот сектор. Протоколот во принцип ги обврзува страните да не наметнуваат ограничувања за пристапот на пазарот и да ги третираат компаниите од другите страни во договорот ЦЕФТА како домашни. Дополнително, протоколот отвора можности за отстранување конкретни бариери во иднина. Сметаме дека оваа мерка ќе придонесе за зајакнување на економската соработка и создавање заеднички пазар на Западен Балкан, а со тоа директно ќе ги подобри деловните услови за сите бизниси во регионот“, изјави Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги од Секретаријатот на ЦЕФТА, велат надлежните.

„Намалените бариери значат зголемена доверба, отворени врати за поголема соработка, повеќе заеднички потфати и проекти во целиот регион. Во процесот на креирањето на заедничкиот регионален пазар, кој во суштина треба да обезбеди слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во целиот регион, протоколот адресира прашања што се од суштествено значење и бизнис-заедницата од регионот со нетрпение ја очекува неговата целосна имплементација. Во иста насока се и дел од активностите што Коморскиот инвестициски форум, со поддршка на ЕУ, ги иницира кон компаниите од регионот – овие активности вклучуваат мапирање на доставувачите на услуги од регионот на Западен Балкан со цел нивно вклучување во регионалните синџири на снабдување, како и функционалностите на двете датабази што се изготвуваат (Market access and Market Intelligence Database), кои за компаниите треба да го олеснат наоѓањето информации за пристап до некој од другите пазари од регионот, вмрежувањето со нови партнери и заедничкото учество на настани“, изјави Татјана Штерјова-Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум.

ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија) е регионален трговски договор кој значително ја подобри и поттикна трговијата на Западен Балкан, дејствувајќи како катализатор за иницијативи насочени кон продлабочување на економската соработка и создавање заеднички пазар во овој регион.

ЦЕФТА-дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги беше усвоен во 2019 година и стапи во сила на 11 јануари 2021 година. Овој документ го прошири принципот на слободна трговија во рамките на ЦЕФТА и на услужниот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

По двочасовен разговор заврши видео состанокот меѓу Путин и Бајден

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија...

Македонија2 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа3 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија6 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија7 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија8 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија8 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа8 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија9 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет9 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет11 час

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет11 час

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет11 час

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ23 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион1 ден

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет1 ден

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион1 ден

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Досие