Контакт

Македонија

НБРМ: Политичката криза виновна за падот на банкарската актива за 1,5 отсто

Објавено пред

Во услови на домашна политичка нестабилност, во вториот квартал од 2016 година, активата на банкарскиот систем забележа пад од 1,5 отсто, кој беше особено изразен во април и мај, кога влошените очекувања на економските субјекти доведоа до повлекување депозити од банките, заклучи Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана во четвртокот на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2016 година.

dobivaj vesti na viber

Сепак, утврдено е дека случувањата во тој период уште еднаш ја потврдија стабилноста и издржливоста на македонскиот банкарски систем.„Овие движења, проследени со шпекулативниот раст на побарувачката за девизи на менувачкиот пазар, ја наметнаа потребата од зголемување на каматната стапка на благајничките записи и на стапката на задолжителна резерва за обврските на банките во денари со девизна клаузула. Воедно, Народната банка повторно им овозможи на банките да пласираат девизни депозити по позитивни каматни стапки. Како резултат од овие мерки на Народната банка, падот на депозитите на домаќинствата сопре, и од јуни повторно бележат раст. Поради високиот износ на ликвидни средства насобрани во претходните периоди, намалувањето на депозитите во вториот квартал немаше позначителни преносни ефекти врз кредитите на банките. Кредитите забележаа солиден квартален раст од 2,4 отсто, со што годишниот раст изнесуваше 8,2 проценти“, се вели во соопштението од НБРМ. Од податоците за растот на кредитите се изземени ефектите од преносот на дел од целосно нефункционалните кредити во вонбилансната евиденција до 30 јуни 2016 година, коешто беше задолжително за банките. Сите трошоци поврзани со резервациите на овие побарувања се направени во претходните години, така што со оваа мерка банките не се соочија со никакви дополнителни расходи. На крајот од кварталот, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити изнесуваше 7,5 отсто. Ризикот за сопствените средства на банките од остварување на кредитниот ризик во иднина не е висок, поради високата покриеност на кредитите со издвоената исправка на вредноста, но и поради задоволителниот обем и квалитет на сопствените средства на банките.Со повлекувањето на депозитите од банкарскиот систем во второто тримесечје од 2016 година, се намалија ликвидните средства на банките, но поради нивната претходно висока состојба, како и поради инструментите на Народната банка за креирање ликвидност, кредитниот раст не беше загрозен, а профитабилноста и натаму се зголемуваше. Стапката на адекватност на капиталот забележа благ пад во вториот квартал и на 30-ти јуни изнесуваше 15,6 отсто.Беше заклучено дека брзата реакција на Народната банка придонесе во одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и во зајакнувањето на неговата основна функција на финансиско посредување меѓу штедачите и кредитокорисниците.Не денешната седница, Советот ја разгледа и ја донесе и Одлуката за издавање дозвола и согласност за вршење услуга брз трансфер на пари. Оваа одлука се носи како нова поради законски промени. Имено, Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари е усогласен со новиот Закон за општа управна постапка, којшто определува обврска за јавните органи, по службена должност, да ги прибавуваат документите и податоците за странките за кои службена евиденција води друг јавен орган. Во Одлуката, меѓу другото, се определуваат документите коишто овластените службени лица на Народната банка треба да ги обезбедат по службена должност од други надлежни органи./крај/мф/бб    

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија11 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија13 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија15 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија17 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија18 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет18 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија18 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет19 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија19 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет19 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...