Македонија
НБРМ: Закрепнувањето на економија позитивно влијаеше врз банките
Закрепнувањето на домашната економија позитивно влијаеше на деловните банки, депозитите на нефинансиските лица забрзано растеа, додека растот на кредитирањето забави, за сметка на зголемувањето на ликвидната актива, констатирано е во извештајот на НБРМ за третиот квартал.
Советот на Народната банка на Република Македонија во четвртокот го разгледа Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за третиот квартал за 2014.
И покрај тоа што е констатирано забавуавње на ратот на кредитирањето вот реиот квартал, годишни промени покажуваатзабрзан раст и на кредитите.
Заедно со заживеаното кредитирање во октомври , промените упатуваат на тоа дека деловните банки очекуваат постепено подобрување во профилот на ризик на кредитната побарувачка, како и на подобрени преносни ефекти од досегашното монетарно олабавување. Позитивниот тренд на промени во валутниот профил на изворите на средства и пласмани на банките продолжи и во 2014 година.
Кредитниот ризик и натаму останува во фокусот на вниманието, при што во третиот квартал растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%. Сепак, адекватноста на капиталот која изнесува 16,5%, како и високата покриеност на сопствените средства со издвоената исправка на вредност, значи дека банкарскиот сектор и натаму е солвентен и отпорен на хипотетички шокови. Во услови на позитивни економски движења, а поаѓајќи од постојната структура и кредитно портфолио на банките, како и од ниската ризичност на кредитите кои достасуваат во наредната година, не се очекува позначително натамошно зголемување на нефункционалните кредити.
И на крајот на третиот квартал, ликвидната актива овозможува задоволителна покриеност на краткорочните обврски на банките. Профитабилноста на банкарскиот систем продолжи да се подобрува, а за тоа најмногу придонесоа намалените каматни расходи и намалената исправка на вредноста на финансиските средства на банките. Основните показатели за профитабилноста на банките, повратот на активата и капиталот се двојно зголемени и изнесуваат 0,9% и 7,6% соодветно. Исто така, видно е подобрена и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење, с евели во извештајот на НБРМ.
На седницата беше усвоена и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2015 година. Во програмата за работа детаљно се разработуваат планираните активности за наредната година, што овозможува поефикасно следење на статусот на остварувањето на утврдените стратегиски цели од Стратегискиот план на Народната банка за периодот од 2015 до 2017 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.