Контакт

Македонија

Незири: Регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција

Објавено пред

Политики за промоција и привлекување на инвестиции во државите-потписнички на ЦЕФТА и регионот какоцелина, зголемување на потенцијалот за развој и промоција на синџири навредности во индустриите од регионален интерес, како и јакнење и координација на регионалните напори за олеснување на трговијата согласно меѓународните стандарди и принципи беа темите на кои се дискутираше на ЦЕФТА Неделата 2014, во рамки на претседателството на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Посебен акцент беше ставен на презентацијата на најактуелните трговски прашања идентификувани од страна на бизнис заедницата во регионот, кои беа предмет на посебна сесија на Форумот на стопанските комори на државите-потписнички на ЦЕФТА.

 

На ЦЕФТА Неделата, која ја отвори министерот за економија Беким Незири земаа учество сите релевантни меѓународни и донаторски организации во Република Македонија и регионот, кои ги презентираа нивните проекти и иницијативи насочени кон јакнење на резултатите на државите-потписнички на ЦЕФТА во областите поврзани со надворешно-трговската размена  и инвестициите.

 

„ЦЕФТА Договорот, како еден од најлибералните регионални договори за слободна трговија, дава можност за еднакво ниво на полето на соработката,  пред да се отворат вратите на ЕУ за земјите од регионот. Бројните ЦЕФТА активности кои ги превземавме во рамките на нашето претседавање со ЦЕФТА оваа година го зголемија оптимизмот и покажаа дека регионот е подготвен да исчекори  напред и да ја подобри економската интеграција. Уверен сум дека континуитетот на овие активности ќе придонесе заеднички да креираме услови за јакнење  на економски раст, со краен  ефект – подобрување на стандардот на  нашите граѓани“, рече Незири во своето излагање.

 

Раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек посочи дека ЕУ го поддржува ЦЕФТА договорот кој, како што рече, претставува чекор напред за земјите од Западен Балкан од аспект на економијата и политиката.

 

„Оваа спогодба дава одлична рамка за земјите да се подоготват за пристапувањето кон Европската унија и се покажа како клучна за комплетирање на регионалната зона за слободна трговија од која најголем процент е веќе либерализирана. Натамошната либерализација кај земјоделските производи и елиминирањето на нетрговските бариери и отворањето на пазарите за јавни набавки понатаму ќе ги зголемат потенцијалите за раст на регионот“, рече Левичек.

 

Тој нагласи дека ЦЕФТА договорот приоднесува кон развивање на добрососедските односи и значи непречен пристап кон пазар со преку 20 милиони потрошувачи.

 

На свеченото отварање на ЦЕФТА Неделата 2014, во организација на Министерството за економија, а со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, свое обраќање имаше и заменик амбасадорот на САД, Бартон Путни.

 

„Регионалната соработка помеѓу земјите членки на ЦЕФТА има огромен потенцијал да придонесе кон економски развој. Сепак, како што го зголемуваат нивото на соработка и се доближуваатдоцелосно елиминирање на  царинските давачки во меѓусебната трговија, земјите на ЦЕФТА се соочуваат со нови предизвици. Разноликоста на овие прашања целосно се одразува во агендата на настанот CEFTA Недела 2014, и ја потврдува комплексноста на процесот на трговско интегрирање“, потенцираше Путни, истакнувајќи дека Владата на САД,препознавајќи ја важноста на регионалниот дијалог и размената на мислења во рамки на ЦЕФТА, е почестена што доби можност да го поддржи овој настан преку Агенцијата за меѓународен развој УСАИД.

 

ЦЕФТА Неделата 2014 беше фокусирана на клучните приоритети на претседателството на  Република Македонија  со  ЦЕФТА во 2014 година, прилагодени да ги опфатат четирите димензии на столбот за „Интегриран раст“ од Стратегијата на ЈИЕ 2020, со што се воспоставува врската  помеѓу  приоритетите  на  ЦЕФТА  и приоритетите на  ЈИЕ 2020.

 

Притоа, целта на столбот ,,Интегриран раст“ е да ја промовира регионалната трговија и инвестициите, нивната врска и политиките на недискриминаторска основа, транспарентноста, предвидувањата кои ќе го зајакнат протокот на стоки, инвестиции, услуги и луѓе во рамките на регионот.  /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија10 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија12 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија14 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија15 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија16 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет17 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија17 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет17 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија17 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет18 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...