Контакт

Македонија

Одржан првиот Форум на добри компании

Објавено пред

Претставници на компании, граѓански организации, носители и спроведувачи на политики, сите заедно седнаа на маса со цел да се договорат како да направат подобар социјален импакт во општеството, во рамки на првиот Форум на добри компании, на тема: „Трансформација на општеството преку бизнисите“ што денес се одржа во Скопје.

Форумот е во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, и негова цел е да понуди информации и да даде придонес во создавањето вредности кај засегнатите страни преку прикажување добри практики од светот и преку овозможување увид во сегашната состојба на општеството.

Гостин на Форумот беше Мартен Дресен, холандски претприемач, основачот на „Good Hospitality Group“, кој го сподели искуството на создавањето на „Добар хотел“, пловечка конструкција која привлекува илјадници туристи, особено оние кои ја разбираат својата улога во создавањето можности за луѓето од маргините.

„Во социјалниот бизнис како „Добар хотел“, акцентот е ставен на луѓето и креирањето вредности, а не само на профитот. Фокусирајте се на луѓето, обидете се да ги мотивирате, да ги задржите и тоа ќе даде резултати на крајот. Најдобар случај е кога се постигнува баланс, остварување добивка и вреднување на човечкиот фактор“, порача Дресен на првиот Форум на добри компании во Скопје.

Климентина Илијевски, извршната директорка на „Паблик“, нагласи дека во светот се случува рапидно зголемување на инвестирањето во социјален импакт, зашто очекувањата од бизнисот, за придонес кон општеството никогаш не биле поголеми.

„Купувачите се менуваат и тие очекуваат промена на вредностите на компаниите и усогласување на нивните мисии со брзорастечките нови потреби на општеството, на планетата, на човекот. Во суштина, културата на општествена одговорност е основната клетка со која започнува раѓањето на организмот моќен да направи позитивни промени во општеството“, вели Илијевски.

За амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, Форумот е настан каде треба да се изродат нови идеи за решавање на социјалните нееднаквости и предизвици.

„Холандија е долгогодишен пријател на Македонија, и во изминатите 20 години сме поддржале и работиме со многу граѓански организации и компании. Длабоко веруваме во концептот дека 1 плус 1 може да биде 3, и оттаму мотивацијата да ги доведеме овие два сектора на едно место денес. Затоа што, предизвиците на национално и на глобално ниво не можат да бидат адресирани од само еден сектор, и затоа што веруваме дека синергијата може да биде двигател на позитивни промени и напредок на општеството“, сподели Пломп.

Меѓу говорниците беше и Ренате Лакнер Гас, прв човек на одделот на корпоративна општествена одговорност на ЕВН од Виена. Таа говореше за улогата на партнерството во остварување успешна корпоративна општествена одговорност.

„Кога делуваме одговорно, мораме да размислуваме на кој начин можеме да вложиме во општеството. Основниот бизнис секогаш треба да потенцира која е општествената улога на производот, но, и вредностите на компанијата“, порача таа.

По Лакнер Гас, на тема: „Луѓето се бизнисот, бизнисот се луѓето“, зборуваше Марина Анчевска, од Центарот за бизнис психологија, која нагласи дека сите ние дејствуваме системски, поврзано.

„Време е да ги отстраниме стереотипните однесувања и дејствувања дека немаме влијание и ништо не зависи од нас. Време е да размислуваме колективно. Општествениот систем е изграден од индивидуалци кои што веруваат дека нивниот придонес е значаен во градењето на еден свет, во кој што сите припаѓаме. Единствено што ни укажува на тоа дека дејствуваме колективно е нашето индивидуално чувството на припадност“, потенцираше Анчевска.

Форматот на настанот беше неформален и интерактивен, го дизајнираше Холистик комуникации. /крај/со/ст

Економија

Објавени јавните повици за финансиска поддршка за угостителскиот и финансискиот сектор

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска информираа дека се објавени седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки на Владата за поддршка на најпогодените сектори од ковид кризата.

Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани за што се очекува да дадат видливи резултати врз домашниот туризам и економијата.

„Со првите два повици кои сега се објавени се опфаќаат естрадни уметници и туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 денари по лице. За јавните повици за: финансиска поддршка за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани и други, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. Дополнително секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година“, информираше министерот Бектеши.

Бектеши прецизираше дека кај туристичките агенции износот на средства кој ќе биде доделен ќе биде во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата а ќе изнесува од 60.000,00 до 300.000 денари за правен субјект.

„Сакам да потенцирам дека за сите мерки освен за водичи и естрадни уметници секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат одобрени средства, доколку на 31 декември има намален број на вработени споредено со почетокот на годината тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка, доколку во истиот период го задржал истиот број на вработени ќе има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка и ако во истиот период има зголемен број на вработени тогаш ќе нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија“, кажа Бектеши.

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири рече дека во рамките на досега подготвените шест пакети за ублажување на последиците, донесени се околу 100 различни мерки, со кои се опфатени и поддржани субјектите и физичките лица погодени од пандемијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев од Шпанија: Широко ги отвораме вратите за шпанските бизнисмени

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев работнатата посета на Кралството Шпанија, во рамките на неговата европска агенда, денеска ја почна со состанок во Шпанската конфедерација на бизнис-организации, информираат од неговиот кабинет.

На средбата со претседателот на Конфедерацијата, Антонио Гараменди, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека неговата посета на Шпанија, меѓу другото, има цел да покаже дека Северна Македонија ги отвора широко вратите за шпанските инвеститори.

Премиерот Заев ја претстави економската програма за финансиска поддршка за директните странски инвестиции во земјата, како и сите други поволности, како даночните, царинските и другите олеснувања за странските компании и додаде дека Северна Македонија како раскрсница на Западен Балкан и на Југоисточна Европа претставува своевиден хаб од кој понатаму нуди развој и бизнис-експанзија и на други пазари.

„Нашата економија се развива врз принципите на слободниот пазар и ги негува најдобрите европски и светски вредности за водење бизнис. Северна Македонија развива пријателска средина за странските инвестиции и тоа го потврдуваат десетици најреномирани компании од светот“, потенцира премиерот Заев на средбата и додаде дека за шпанските инвеститори од посебен интерес може да бидат вложувањата во зелената дигитална економија, обновливите извори на енергија, земјоделството и транспортната инфраструктура како поволни области за соработка.

Претседателот на Шпанската конфедерација на бизнис-организации, Антонио Гараменди, на средбата истакна дека тие со внимание го следат развојот на Северна Македонија, перформансите на бизнис-средината во земјата и дека една од главните причини за интересот на бизнисмените од оваа конфедерација се должи на стабилната и предвидлива економска ситуација.

Гараменди додаде дека Конфедерацијата ќе даде сериозен придонес Северна Македонија да биде ставена на мапата за инвестиции на шпанските компании, кои во најголем дел покажуваат интерес за инвестиции во сферата на инфраструктурата, обновливите извори на енергија и менаџментот со води.

Прикажи повеќе...

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај на НРБМ со најновите макроекономски проекции

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен најновиот квартален извештај, во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка.

Априлските проекции не се значително променети во споредба со октомвриските согледувања. Во текот на овој период се очекува закрепнување на економијата, при што и натаму целосно враќање и надминување на преткризното ниво се очекува во 2022 година. И ова сценарио не упатува на поголеми инфлациски притисоци, а надворешната позиција и понатаму останува поволна. Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на Ковид-19, велат надлежните.

Од НБРМ појаснуваат дека во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 %, што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 %, а во 2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 %.

Се очекува растот на БДП оваа и в година да произлезе од домашната побарувачка, а нето-извозот да има негативен придонес, велат од НБРМ.

Во известувањето стои дека кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 %.

За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 %. Очекувањата за идните движења во надворешниот сектор укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 % од БДП во 2021 година, што во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 % од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво, се посочува во писменото соопштение.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Имено, во текот на 2020 година кредитната поддршка беше солидна, а тековните проекции упатуваат на нејзино постепено забрзување во следниот период.

Ризиците за остварување на основното макроекономско сценарио и понатаму се оценуваат како надолни и се главно поврзани со пандемијата на Ковид-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното побавно спроведување на имунизацијата, што е тесно поврзано со набавката и дистрибуцијата на вакцините, како и со повторно разгорување на пандемијата со појавата на нови мутации на вирусот и нивна поголема отпорност на веќе постојните вакцини, што би можело да доведе до повторно воведување построги рестриктивни мерки за спречување ширење на вирусот. Евентуалната материјализација на овие ризици може да доведе до повторно нарушување на синџирите на производство и на побарувачката и до значително забавување на очекуваната динамика на економско закрепнување, а со тоа и до тешкотии во опстојувањето на фирмите и побавно закрепнување на пазарот на труд. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побргу од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната, а со тоа и домашната економска активност. Исто така, членството на нашата држава во НАТО и почнувањето преговори за полноправно членство во ЕУ и натаму претставуваат позитивен ризик за проекцијата на среден рок, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа5 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет6 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија18 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија22 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие