Контакт

Македонија

Произведени 565 милиони киловат часови електрична енергија во ХЕС „Црн Дрим“

Објавено пред

Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, годинава ќе прокнижат уште еден рекорден производствен резултат благодарение на поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема.

Турбините на двата значајни електроенергетски објекти во поголемиот период од годинава работеле под полн капацитет и до средината на овој месец произвеле 565 милиони киловат часови елекрична енергија, што е поголемо производство од планираното.

Дотекот во акумулацијата „Глобочица“ изнесува 30 метри кубни вода во секунда и располага со резерва за производство на 13 милиони киловат часови електрична енергија.

Моментниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ е над 40 метри кубни во секунда и има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Од ХЕС „Црн Дрим“ очекуваат планираното производство за годинава да биде поголемо за околу 40 отсто. крај/мф/дѓс

Економија

Арсовска во Истанбул: 12 светски жени лидери со пораки до Владите на глобално ниво

Објавено пред

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска учествува на седница на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери. Од овој настан Комитетот кој соработува со претседатели на држави и влади на глобално ниво ја адресира пораката за изедначување на третманот на жените. Арсовска е член на бордот на Глобалниот комитет во кој членуваат 12 светски влијателни жени, под водство на Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела.

Арсовска е член на бордот, како резултат на интернационалните достигнивања и функција во највисоката позиција во раководството на Светска коморска федерација WCF, која раководи со над 12.000 стопански комори глобално, како една од 3 жени во светот.

Мандела, како жена лидер на 21 век, истакна дека предизвикот за зајакнување на светската економија е во што поголемо учество на жените на пазарот на труд.
„Како жени треба да почнеме да се поддржуваме и да овозможиме секоја жена која тоа го заслужува, да го добие своето место во општеството. Кога ја отпочнав својата мисија, моето лично искуство беше во доменот на политика, но не и во претприемништво за што ми беше потребен ментор. Владите треба да им овозможат на жените претприемачи, поддршка, а тоа често е декларативно, потребни се конкретни чекори“, изјави Мандела.

Арсовска на седницата на бордот, истакна дека и покрај тоа што прашањето за еднакви можности е ставено на агендите на владите низ светот, сепак предизвикот останува главно нерешен, а напредок во последните децении на светско ниво е ограничен. Таа смета дека квотите кои постојат во јавниот сектор се доказ дека доколку институционално не се наметне овозможувањето на еднакви услови за напредување, тогаш жените тешко дека ќе постигнат еднаков третман.

„Удираме силно по стереотипите и ги кршиме на ситни парчиња. Глобалниот комитет на 12 жени лидери има македонски претставник со што докажуваме дека малите земји, кои се во развој, не се незначајни во глобалните текови. Успеавме со професионални постигнувања кои никој не може да ги оспори, да се позиционираме и пред претставници на големите и силни економии, кои имаат поголема финансиска и политичка поддршка. Ова е мотив за новите генерации, да стекнат свест и храброст да придонесат за глобални промени и целиот свет да го препознае тоа. Исто е и во однос на прашањето на родовата еднаквост, мора со храбри одлуки и решителни чекори да се кршат стереотипите според кои жените се помалку вредни и значајни. За секоја позиција, главен критериум да не биде родот, туку да се инсистира на меритократија и квалитет“, вели Арсовска.

На седницата се дискутираше за предизвиците на денешницата со конкретен стратешки план за делување во следните две години. Во рамки на официјалната посета на Истанбул, Арсовска е и панелист на Глобалниот самит на жени лидери, каде на високо ниво се присутни повеќе од 500 еминентни личности од политиката, економијата и науката на светско ниво.

Прикажи повеќе...

Економија

Трибина на СДММ: Младите да се охрабрат и започнат свој бизнис

Објавено пред

Младите од Велес денеска учествуваа на програмската трибина Агенда – Млади 20-24, на која дебатираа на тема „Младинска невработеност“ во организација на СДММ. На денешната трибина се обратија Виктор Велевски, генерален секретар на СДММ, Љупка Црвенова од ЛК Велес и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор“.

СДММ започна процес на консултации со млади луѓе и креирање решенија и мерки за млади, кои ќе станат дел од официјалната предизборна програма за мандатот на новата Влада, за периодот 2020 – 2024 година.

„Невработеноста кај младите беше еден голем проблем кој ја мачеше нашата младина и ако направиме една паралела од пред 3 години и до денес земајќи ги во предвид мерките кои се направени ќе видиме огромна разлика“, рече Виктор Велевски, Генерален Секретар на СДММ, отворајќи ја трибината.

Тој посочи дека во 2016 година младинската невработеност изнесувала 49%, а денес според податоци од Државниот завод за статистика, во последниот квартал стапката на невработеност кај младите е намалена на 35%. А со Оперативниот план за вработување од 2017 до 2019 година, опфатени се вкупно 9585 млади лица.

„Во 2020 Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување е со рекорден буџет до сега од 1,4 милијарди денари, со кој се планира да се опфатат 12.000 невработени лица, од кои 67% млади до 29 години, со што се прикажува заложбата на Владата предводена од СДСМ за што поголем опфат на младите и нивна инклузија на пазарот на трудот“, истакна Велевски.

Тој ги посочи како успешни мерките: „Самовработување со грант“ на АВРМ, преку која неповратни средства за отворање сопствен бизнис имаат добиено 1524 млади, преквалификацијата и доквалификацијата на невработените млади лица за ИТ вештини од која бенефит имаа 820 лица, финансиската поддршка за новоосновани „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, мерката млад земјоделец со која оваа година се зголемува сумата од 10 – 20 илјади евра и младинскиот додаток од 3000 денари за млади вработени во производство и земјоделство.

„Денес, грантовите се доделуваат неселективно и врз основа на проект и план“, дополни Велевски.

Нашата држава е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а во 2018 година започна со воведување на „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе до 29 години, истакна Љупка Црвенова од ЛК Велес .

Таа посочи дека во 2018 година, иако Гаранцијата за млади се спроведе само во три пилот општини: Гостивар, Струмица и Скопје, веќе во 2019 таа се спрове на територија на цела држава со посебен акцент на трите најранливи региони: полошкиот, југозападниот и североисточниот регион.

На младинската трибина учествуваше и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор“.

Тој посочи три стратешки промени кои се случија со доаѓањето на оваа власт. Тоа се: голема поддршка на домашните компании, зајакнување на човечкиот капитал и вработување на младите во производството, фокус на ит професионалци, а во иднина порача дека треба да се зголеми поддршката на старт ап бизнисите и претприемнишвото .

Тој истакна дека Фондот за иновации конечно ја врши задачата која ја има и има вистинско место во државата, а тоа е поддршка за започнување на свои бизниси. Тој ги повика младите луѓе да се охрабрат и да започнат свој бизнис посочувајќи го отворениот повик за Старт ап програмата во Фондот за иновации кој нуди помош од 30.000 евра и 15% учество.

Во нашата држава има огромен потенцијал, треба да го искористиме тоа, затоа им пораќувам на младите да работат локално, а да размислуваат глобално, заврши Андреев.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Со сериозни мерки и политики ќе ја вратиме надежта кај тутунопроизводителите

Објавено пред

Во изминатиов период во Министерството за земјоделство предочив и воочив некои неправилости коишто се случувале, преупредив на лошите политики коишто ги води Министерството и за жал таа ситуација се отсликува на терен. Самите земјоделци наоѓаат на забелешки во делот на селективната исплата на субвенциите, погрешни мерки, едноставно нема сегмент каде што нема некакви забелешки од актуелната власт, односно од политиките коишто се имаат креирано во овој земјоделски сектор, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за време на посетата на битолскиот регион.

„Она што е важно во разговорите е дека подобрите времиња допрва доаѓаат за македонскиот земјоделец кои што со формирање на новата влада, македонскиот земјоделец ќе биде на врвот на приоритетите и сите оние мерки коишто ќе ги креираме и спроведуваме ќе бидат во интерес на подобро земјоделско производство, односно македонскиот земјоделец ќе биде оној којшто ќе почуствува дека од другата страна има партнер којшто ќе се грижи за неговата работа и за трудот да му биде правилно вреднуван“ истакна Трипуновски.

Трипуновски вети дека во наредниот период со сериозни мерки и политики ќе ја врати надежта во тутунопроизводството.

„Изминативе неколку дена апелирав дека има сериозни отстапки во тој дел, во делот на проценката на тутунот зато што според мене не е само да се откупи секој килограм, треба и проценката да биде реална затоа што тие земјоделци, тутунарите цела година работат и едноставно ова е моментот кога сакаат да си го валоризираат трудот. За жал тоа не е реалност се случуваат сериозни отстапки, меѓутоа исто така не знам од која причина, ниту министерот ниту инспекторатот не посветуваат сериозно внимание се со цел да го спроведат законот на терен. Во знак прашање е дали ќе се заврши целиот откуп и едноставно ќе биде цела количина откупена, затоа што имаме еден несериозен однос на министерот и инспекторатот, на директорот на инспекторатот и ги оставаат земјоделците и тутунарите сами да се справуваат со оваа тешка ситуација“ рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на вирусот корона. Околу 160 милиони луѓе сепак нема да се...

Топ49 минути

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет2 часа

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет2 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има...

Свет3 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија14 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија16 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија17 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија18 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија18 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија19 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија21 час

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија21 час

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија21 час

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија21 час

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија23 часа

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ24 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет1 ден

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет1 ден

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Досие