Контакт

Македонија

Швајцарските бизнисмени се запознаа со инвестициските можности и бизнис климата во Македонија

Објавено пред

pesevski-zurich

dobivaj vesti na viber

Инвестициските можности и бизнис климата во Република Македонија беа презентирани на бизнис форум пред 50-ина сопственици и директори на реномирани швајцарски компании од повеќе стопански гранки.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски потенцираше дека Република Македонија, од повеќе релевантни и еминентни светски економски институции, е препознаена како земја со одлична бизнис клима и една од земјите коишто спроведуваат најголем број на реформи во насока на унапредување на условите за водење на бизнис.

По завршување на бизнис форумот, македонската делегација разговараше со неколку претставници од присутните компании. Швајцарските бизнисмени покажаа интерес за продлабочување на соработката и подготвеност да ја посетат земјата за евентуални инвестициски проекти во иднина. /крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Интервју) Ванчо Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Објавено пред

Сегашниот даночен систем е тотално несоодветен, а состојбата е таква што секогаш е време за реформи, вели во интервју за „Макфакс“ универзитетскиот професор Ванчо Узунов по најавите за реформи во даночната политика од страна на власта.

dobivaj vesti na viber

„Тој е хаотичен франкештајн-систем, ниту се знае кој што прави, сиромашните плаќаат, богатите се богатат. Ужасен е даночниот систем и време е да го реформираме“, потенцира Узунов.

Задача на Владата е да ја намали даночната евазија, потенцира Узунов.

„Некој ќе рече, можеби е оправдано. Нема прашање, треба да ги решаваат сивата економија, даночната евазија и точка. Не може некој да плаќа, друг да не плаќа и точка“, вели Узунов.

Во врска со прашањето за прогресивниот данок, универзитетскиот професор вели дека токму недостигот на дебата и недоволната информираност ги прави луѓето да се плашат од негово воведување.

„Оние што треба да го поддржат први се плашат од тој данок, мислат дека и нив ќе ги фати. Тие што најмногу ќе бидат погодени, ако некогаш се воведе прогресивен данок, си ќутат и баш им е гајле, ги оставаат другите да зборуваат и да им ја вршат валканата работа“, истакнува Узунов.

Дали државата е на работ на сиромаштија, за ценовните шокови, во каква кондиција е буџетот, за довербата во политичкиот систем и слично, во интервјуто за „Макфакс“ анализираме со универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Прикажи повеќе...

Економија

Сашо Дукоски е нов претседател на Трговската комора

Објавено пред

Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија, кој беше едногласно избран на седница на Собранието.

dobivaj vesti na viber

Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период ќе биде ставен на креирање подобри услови за деловни активности во секторот трговија и зајакнување на капацитетите на Трговската комора.

„Зголемување на активното членство во Комората, која е најмногубројна организација во државата, преку истакнување на придобивките од коморското работење, ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период. Наш важен партнер за соработка се организациите на потрошувачи поради што ќе ја продлабочиме и прошириме соработката во овој сегмент. Посебен фокус ќе се стави и на борбата со црната економија, односно на поттикнување на надлежните органи за детектирање и сузбивање нерегистрирани и нелегални бизнис-активности спротивни на законските прописите. Исто така, важно и неопходно е и да се постигне регулаторно ослободување на бизнисот и да се интензивира соработката со донесувачите на законските решенија“, истакна новиот претседател на Трговската комора.

Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Дукоски се осврна и на обезбедувањето дополнителни поволности за членовите на Сојузот преку поддршка во обезбедување поволности за адвокатски, банкарски, услуги за стандардизација и медиуми и медиумски простор.

Дукоски по професија е магистер по технички и по економски науки, со долгогодишно и богато работно искуство во банкарскиот, јавниот и во приватниот сектор. Косопственик е на реномираните продавници за италијански златен накит и дијаманти „Сигма“.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

Објавено пред

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

dobivaj vesti na viber

Во согласност со одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 %, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10 % за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци што учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените што сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

(Интервју) Ванчо Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Сегашниот даночен систем е тотално несоодветен, а состојбата е таква што секогаш е време за реформи, вели во интервју за...

Македонија5 часа

МОН: Учебната година почнува на 1 септември, во тек се активности за успешен почеток

Министерството за образование и наука информира дека учебната 2022-2023 година ќе почне на 1 септември и за оваа цел веќе...

Македонија6 часа

Ковид-статистика: 600 позитивни на вирусот, пријавени 10 починати лица

Во осгласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Европа7 часа

Резников: Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен...

Регион8 часа

Вучиќ: Приштина подготвува ликвидација на нашиот народ под превезот на борба против криминалот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Приштина ја користи ситуацијата во Украина за да води кампања против Србија...

Економија8 часа

Цената на бензините се намалува 2 денара

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Свет10 часа

Борел предупреди: Поддршката за Украина има своја цена

Европејците мора да бидат подготвени да ја платат цената за поддршката на Украина и за зачувувањето на единството, изјави шефот...

Економија11 час

Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Рајанер“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетската...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Срамната епизода „Стево и плочата“ до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен-плоча од привремен карактер

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски води политика од денес за утре. „Сè е сведено само на гол пиар и зад неговите...

Македонија12 часа

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата поставени при осамостојувањето пред...

Европа12 часа

Тајван го отфрла кинескиот модел „една земја, два система“

Тајван го отфрла моделот „една земја, два система“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање,...

Македонија24 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија1 ден

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа1 ден

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ1 ден

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет1 ден

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија1 ден

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија1 ден

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија1 ден

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа1 ден

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...