Контакт

Македонија

Владината делегација во Њујорк ги претстави инвестициските поволности

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација во чиј состав се министерот за финансии, Зоран Ставрески и директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони, Виктор Мизо во понеделникот во Њујорк присуствуваа и се обратија на бизнис форум за презентација на поволностите кои ги нуди Македонија за реализација на странски инвестиции.

dobivaj vesti na viber

 

Њујорк е важен трговски и економски центар и претставува најголемата регионална економија во САД со најголем бруто регионален производ. На бизнис форумот кој се одржа во соработка со Фајненшл Тајмс присуствуваа претставници од повеќе компании кои доаѓаат од финансискиот сектор, градежништвото, осигурувањето и трговијата на недвижен имот, прехранбената и преработувачка индустрија, а кои се интересираат и ги разгледуваат можностите за инвестирање.

 

Премиерот Груевски пред присутните ја нагласи стабилната макроекономска политика и континуитетот кој постои во реформите со цел државата да стане привлечна за странските инвеститори. Истакна дека Македонија има многу поволна бизнис клима која е сериозно подобрена во последните неколку години.

 

„Во извештајот на Светска банка Дуинг бизнис во 2006 – та година државата беше на 94 место, а денес, во најновиот извештај е на 30-то место, со што државата е рангирана подобро од 16 земји членки на ЕУ, подобра од сите земји од Југоисточна Европа и подобра од речиси сите држави од Централна и Источна Европа”, рече  Груевски.

 

Премиерот истакна дека ваквиот напредок во креирањето на добра бизнис клима беше забележан и од другите реномирани институции кои ги следат економските текови и посочи дека Форбс ја рангира Македонија на 36- то место како најдобра земја за бизнис во светот со што остварен е напредок од 46 места во последните 5 години, а на Индексот за економски слободи според фондацијата „Херетиџ“, Македонија ја подобри позицијата од 78 – то на 43 то место.

 

Премиерот Груевски посочи дека ваквата добра инвестициска клима веќе ја препознаа некои големи компании меѓу кои и „Џонсон Контролс“ од САД која задоволна од својата прва инвестиција отвори втора фабрика, „Кемет Електроник“ исто така од САД која произведува електронски уреди за автомобилската индустрија, „Амфенол“ од САД, „Џонсон Мети“ од Велика Британија која покрај првата има и втора инвестиција, „Текнохозе“ од Италија, „Ван Хол“ од Белгија која произведува автобуси кои во најголема мера се извезуваат овде во САД, „Дрекселмајер“, „Кромберт и Шуберт“ од Германија и многу други. Исто така, во последните неколку месеци повеќе компании информираа за нивната одлука да инвестираат во државата, а со неколку други сме во интензивни разговори што е потврда за успешната инвестициска клима на која како Влада посветено работиме, посочи Груевски.

 

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека американската економија е во одлична позиција, а Њујорк е центарот на инвеститорите и финансиите во САД и светот и затоа денес на овој бизнис форум се користи можноста пред инвеститорите да се презентираат можностите за отпочнување и водење на бизнис во Македонија.

 

„Значајно е да се објаснат политиките на Владата во полето на инвестициите, не само во делот на даноците каде што  Македонија е најатрактивна дестинација во Европа и меѓу најдобрите во светот, туку и во поглед на квалитетот на работната сила за што има голем интерес и од страна на инвеститорите и е признание дека Македонија располага со квалитетна работна сила, добра инфраструктура, макроекономска политика која што е стабилна и која што подразбира ниско ниво на задолженост на земјата, ниска инфлација и стабилна валута, и предвидливост на владините политики односно долгорочна можност за инвеститорите да планираат и да знаат какви ќе бидат политиките во иднина. Сето ова во пакет презентирано пред компаниите наоѓа на одличен интерес од инвеститорите, и од тој аспект очекуваме во иднина дел од нив да ја посетат Македонија и да имаат реално влијание овие бизнис форуми на заинтересираноста на американските компании за нивните инвестиции во државата”, истакна Ставрески.

 

Сопственикот на компанијата „Смарт колинг“, Ендру Лоза, која произведува делови од автомобилската индустрија, но и софтвер за редуцирање на зависноста од електричната енергија е заинтересиран да инвестира во Македонија.

 

„Бараме локација за градење на фабрика и производство некаде во светот. Дојдов на овој форум за да ги дознаам сите предности и поволности кои се нудат: квалитетот на работната сила, даноците, банкарскиот сектор, и доста сум импресиониран, дотолку што планирам да ја посетам Македонија до крајот на годината, најкасно на почетокот на јануари идната година, и да се информирам за тоа колку ќе чини и што е се потребно за да се започне со производство до крајот на следната година”, изјави сопственикот на компанијата  „Смарт Колинг“, Ендру Лоза.

 

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ја продолжува економската посета на САД при што по Њујорк, во вторник ќе се обрати на бизнис форум во градот Чикаго./крај/мф/бс

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...