Контакт

Економија

Медведев: Русија и Србија наскоро ќе го потпишат договорот за Јужен тек

Објавено пред

Проектот на гасоводот Јужен тек, проектиран за транспорт на рускиот природен гас во Европа по дното на Црното Море, останува приоритет што е во контекст на случувањата во Украина, изјави во понеделникот рускиот премиер Дмитриј Медведев на заедничката прес-конференција со српскиот колега Александар Вучиќ најавувајќи дека Москва и Белград следните денови ќе го потпишат договорот за изградба на делницата од гасоводот низ Србија.

„Една од најважните делници на гасоводот Јужен тек е на територијата на Србија. Поради тоа претставува приоритетен проект, кој е многу сериозен за сите нас, што стана очигледно во контекстот на настаните во Украина. Се надевам дека тоа ќе помогне да се обезбеди сигурноста на испораките на рускиот гас до европските потрошувачи во наредните децении“, изјави Медведев. Рускиот премиер истакна и дека Јужен тек претставува заемно корисен проект и повика да не биде политизиран. „Според нас, овој проект не смее да биде политизиран, тој е од заемна позла“, порача Медведев. Од своја страна, српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека во врска со гасоводот Јужен тек остануваат само технички прашања, коишто „брзо ќе бидат затворени“. Претходно во понеделникот во Софија, бугарскиот премиер Пламен Орешарски и министерот за надворешни работи Кристијан Вигенин на средбите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изјавија дека Бугарија не се откажува од изградбата на Јужен тек преку нејзината територија. „Многупати најавувавме силна заинтересираност за реализација на овој проект. Од самиот почеток на работата на оваа влада почнавме да вложуваме напори за реализација на проектот и постигнавме значителен напредок. Нашата земја има подготвено одговори за прашањата на Европската комисија (ЕК). Сметам дека имаме доволно добри аргументи и останувам оптимист дека тие ќе бидат прифатени”, изјави Орешарск, додавајќи дека бугарската влада ќе вложи максимални напори за реализација на проектот, но во рамките на европското законодавство.Дека Бугарија ја поддржува изградбата на гасоводот Јужен тек потврди и Вигенин по разговорите со Лавров. Гасоводот „има големо значење за Бугарија и југоисточна Европа. Ние ја поддржуваме изградбата на гасоводот во согласност со европското законодавство, и се надеваме дека дијалогот со Европската комисија ќе помогне да започне неговата изградба“, рече бугарскиот министер за надворешни работи.  Според Вигенин, Софија очекува да продолжи работата на изградбата на Јужен тек на бугарска територија по добивање на појаснувањата од Европската комисија. На почетокот од јуни, бугарскиот премиер Орешарски изјави дека земјата ја прекинува работата на проектот Јужен тек до решавањето на забелешките на Европската унија. Софија и Белград се под притисок на Брисел и Вашингтон во врска со зависноста од руските енергенси, во настојувањата да се намали зависноста на Европската унија од испораките на рускиот гас. Гасоводот кој ќе ја заобиколува Украина ги подгреа тензиите меѓу ЕУ и Русија, откако Брисел минатата недела побара од Софија да запре со работата сé додека не биде донесена одлука околу тоа дали изградбата на гасоводот е во согласност со европските прописи. Вашингтон, исто така, ја предупреди Софија дека доколку за изградбата на бугарскиот дел на „Јужен тек” избере конзорциум со чело на фирмата „Стројтрансгаз”, кон која има наметнато санкции, тогаш и на бугарските компании кои учествуваат во проектот исто така би можеле да им се наметнат санкции.Меѓутоа, последните изјави на европските челници покажуваат колебања кај некои членки на ЕУ во врска со рускито гасовод, како онаа на еврокомесарот за енергетика Итингер, медијатор во руско-украинските преговори, кој откако во Киев, Русија и Украина не постигнаа договор, а руски „Газпром“ ги прекина испораките за Украина, рече дека Јужен тек е проект кој ЕУ би можела да го прифати. Еврокомесарот досега изјавуваше дека тој проект во сегашната фаза ги прекршува законите, но истакна дека „тоа прашање не е нерешливо”, како и дека „Јужен тек е проект кој навистина можеме да го прифатиме“.Италијанскиот премиер Матео Ренци, пак, беше главниот инспиратор на заедничкото писмо до Европската комисија во поддршка на проектот Јужен тек, потпишано од лидерите на земјите низ кои треба да помине овој гасовод.Челниците на австриски OMV и на руски „Газпром“ кон крајот на јуни го потпишаа во Виена договорот за изградбата на делницата од гасоводот Јужен тек до Австрија, и покрај противењето на Европската унија на овој проект. Јужен тек претставува глобален инфраструктурен проект на рускиот енергетски гигант „Газпром“ со капацитет од 63 милијарди кубни преку акваториумот на Црното Море во земјите од Јужна и Централна Европа со цел да се прошират правците за транзитот на рускиот природен гас и да се исклучат транзитните ризици, особено во Украина. Кон крајот на 2015 година, според планот, треба да бидат испорачани првите количества гас преку Јужен тек, а работата на гасоводот со целосен капаците е предвидена за во 2018 година./крај/мф/сн

Економија

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Објавено пред

Со цел стимулирање на купувањето домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на корона-кризата, а за да се информира јавноста што сè спаѓа под македонски производи, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 најчесто поставувани прашања од страна на купувачите.

Овој проект произлегува оттаму што домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%.

Прирачникот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинската управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниов линк.

За целите на купување со домашната платежна картичка, производите се сметаат како домашен македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, информираат надлажните органи.

Кај скенирањето на фискалните сметки, производот може да се смета како домашен доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Објавено пред

Wise.Blue е сеопфатно решение за огласување на Твитер, кое нуди резултати во поширок обем, избрано од најголемите меѓународни performance огласувачи (огласувачи ценети по учинок). Дизајнирана од Httpool, оваа платформа користи машинско учење и алгоритми за предвидување за управување сложени кампањи и испорака на клучни показатели за успех (KPI) во поширок обем.

Сега, како дел од програмата за официјални партнери на Твитер, програма која им дава признание на компании што нудат извонредни решенија за маркетинг со докажани резултати за успех на клиентите, Wise.Blue им дава дополнителна вредност на performance огласувачите, нудејќи резултати во поширок обем.

Можност за искористување на потенцијалот на огласување на Твитер за performance огласувачи

Некои од најискусните тимови за изведба и експерти за машинско учење си поставија амбициозна цел – да создадат можност за користење на целиот потенцијал на платформата за огласување на Твитер за performance огласувачите. Преку анализи и алгоритми за предвидување, создадовме низа карактеристики скроени за таа намена и го дизајниравме Wise.Blue за да станеме врвно решение за performance огласувачи.

„Твитер е една од најзначајните платформа со висококвалитетна публика која нуди неверојатни можности за најуспешните брендови и бизниси од целиот свет.“, објасни Мариус Ивановас, идејниот автор на Wise.Blue. „Тука настапува Wise.Blue! Ги идентификувавме клучните барања на најголемите performance огласувачи и развивме единствена технологија за напредните корисници да ги постигнат своите клучни показатели за успех на Твитер во поширок обем“.

Решението Wise.Blue API е засновано на обемно искуство, досегашни успеси и разбирање на потребите на performance огласувачите. Развиено е од Httpool, корпоративна компанија на IMS и партнер за продажба на Твитер во повеќе од 25 земји во Европа и Азија, Wise.Blue претставува иновација во најсуштинската смисла. Работејќи со безброј кампањи на Твитер и големи меѓународни performance клиенти, тимот воочи можности за максимално искористување на платформата на Твитер, поедноставувајќи го управувањето со сложените поставувања, а истовремено значително подобрувајќи ги резултатите.

Сеопфатна алатка за напредни корисници низ целиот свет

Повеќеаспектната природа на Wise.Blue е преточена во голем број производи и карактеристики кои претставуваат револуционерна алатка за сите performance огласувачи. На сеопфатното управување со дигиталната стратегија се додава алатка за длабинска аналитика, креативно студио и патентирана автоматизација за машинско учење.

„Овој проект, што го создадовме со сопствени ресурси, се разви во водечка глобална алатка. Постанувањето официјален партнер на Твитер е важно признание за Wise.Blue, и ни претставува задоволство што придонесуваме за екосистемот и додаваме вредност на некои од најсофистицираните performance огласувачи низ целиот свет “. рече Аљоша Јенко, извршен директор на Httpool.

Решението Wise.Blue се состои од технологија и услуги за управување со мрежа обезбедени по потреба, кои ги извршуваат меѓународни тимови на специјалисти за performance на Твитер. Како резултат, големите глобални огласувачи на Wise.Blue обично ги надминуваат своите клучни показатели за успех и креираат нови, претходно несогледани можности.

„Решивме да го довериме целокупното управување со кампањата на Твитер на тимот Wise.Blue и се воодушевивме од резултатите и професионалниот пристап. Тимот извонредно ја исполни задачата. Тие се многу агилни, транспарентни, имаат многу знаење и подготвени се да помогнат кога е потребно“. рече Камерон Ро, Директор за дигитален маркетинг на Change, една од водечките апликации за криптовалути.

Деивид Пранчас, менаџер за аквизиција на корисници во NordVPN се заблагодари на тимот на Wise.Blue за успешната соработка, истакнувајќи дека „знаењето што го комбинирате со практична поддршка е клучот за успешни performance кампањи. Задоволство е да се работи со таква група експерти“.

Решени континуирано да иновираме

Wise.Blue е решена постојано да иновира и да ги дефинира трендовите за performance рекламирање на Твитер.

„Ова е само почетокот на едно неверојатно патување. Постојано ја ажурираме и надградуваме Wise.Blue со нови функции наменети за дополнителна поддршка на напредните корисници на Твитер“, рече Артурс Лукашевиќ, директор на Wise.Blue. „Следните нови елементи на Wise.Blue вклучуваат дел за различни видови публика и специјална алатка за ремаркетинг“.

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Трипуновски: Помош при откуп и кредитен револвинг фонд за земјоделците во првите 100 дена

Објавено пред

„Земјоделството е стратешка гранка во Република Македонија. Над 100.000 лица живеат или на некој начин се занимаваат и се поврзани со земјоделство. Изминативе години поради негрижата на власта оваа гранка е во сериозен пад. Откуп нема, а кога го има цените се под секоја рентабилност. Субвенциите доцнат, за модернизација на земјоделството воопшто и да не зборуваме едноставно во буквална смисла катастрофа.
Коронавирусот остави последици и во земјоделството. Власта која не можеше да обезбеди услови за функционирање на земјоделците во нормално време, во кризава се соочи со тотален крах. Токму затоа потребно е итна стратегија за пребродување на последиците, во таа насока ние нудиме преодна стратегија која нашата влада во првите 100 дена од мандатот ќе ја спроведе“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, за заштита од можните негативни состојби, владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе интервенира со комбинација од повеќе сет на мерки, со кои ќе им се помогне на земјоделските производители да се справат со проблемите и да обезбедат соодветен приход. Имено ќе бидат преземени пазарно-ценовни мерки и мерки со кои ќе им помогне на земјоделците, извозниците и на транспортерите настап на светските пазари.
Се обврзуваме да обезбедиме дополнителни плаќања по единица капацитет за производителите на зеленчук и овошје кои нема да можат да ги пласираат своите производи. Оваа мерка ќе овозможи производителите да ги пласираат земјоделските производи и да остварат соодветен доход.

„Поддршката ќе биде насочена и кон извозниците. За да им помогне на извозниците на земјоделско-прехранбени производи да стигнат до постоечките пазари, и во насока на изнаоѓање на алтернативни пазари, владата ќе креира мерки за маркетинг, промоции и кампања. Доколку значително се зголеми цената на транспортните трошоци, поради нарушување на постоечките коридори за транспорт, ќе се имплементираат мерки и во таа насока.

Со мерки на ценовна поддршка ќе ѝ се помогне на преработувачката индустрија да ги откупи сите домашни количини овошје и зеленчук кои нема да може да се пласираат на пазарите како производи за свежа консумација. Во сетот на мерки ќе бидат опфатени лозарите, градинарите, сточарите, односно сите гранки од земјоделскиот сектор.Ова е само мал сегмент од нашите планови за земјоделството, кои опфаќаат 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за водоснабдување, неповратни средства за младите земјоделци за набавка на механизација и опрема, инвестиции во земјоделските стопанства, кредитен револвинг фонд за сигурен откуп на земјоделските производи и многу други реални проекти.ВМРО-ДПМНЕ има стратегија. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија10 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа10 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија12 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион13 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија14 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа14 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт15 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион15 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет17 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет18 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет18 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет19 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 дена

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие