Контакт

Економија

Мицкоски: Финансиски стоиме многу подобро од кога било

Објавено пред

Финансиски стоиме многу подобро од кога било, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Општина Битола.

„Од страна на одредени политички сили во државата, ќе се шири бран на негативна енергија. Тоа впрочем се случува две години, се сеќавате ќе банкротиравме 2024, па не тогаш, еве преживеавме. Па 2025 ќе банкротиравме, не банкротиравме. Еве сега 2026 ќе сме банкротирале, еве нема да банкротираме. Финансиски стоиме многу подобро од било кога. Па мигранти ќе доаѓале, само што не дошле, еве и април помина, јули дојде, мигрант не видовме и така натаму. Тие ќе си продолжат со лаги, тоа е дел од нивната политичка стратегија. Ние треба да се фокусираме на она што претставува наша цел. И ако таа цел е вистински наша цел, ние ќе ја реализираме таа цел. Битно е да, во спортски жаргон да се изразам, да го оставиме срцето на терен. Ако го оставиме, тогаш резултати ќе има“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека живееме во прилично предизвикувачко време во кое има две војни, војната во Заливот и војната во Украина.

Мицкоски вели дека она што за Владата претставува предизвик е да има навремено снабдување и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси.

„Претпоставуваме дека битолчани се сведоци, како дел од соседите доаѓаат тука и ги користат потенцијалите на бензинските пумпи коишто се во околината на Битола или во Битола за да ги наполнат своите резервоари со гориво. Што значи дека ние обезбедуваме и за нив, не само за нашите потреби. Статистички имаме најниска цена и убедливо најниска цена. Некој ќе рече, ама нашата плата колкава е, колкава е цената на бензините и на дизелот. Да, така е, но тоа е берзански производ. Тоа не зависи од претприемачка логика, тоа не зависи од политики на Владата, тоа е берзански производ и сите од иста берза купуваме. Процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните. И така било со децении наназад.

Така што, тој сеир ќе го оставам на оние коишто сè уште живеат во тоа политичко мочуриште како што е опозицијата и поедини структури коишто овде во Битола се обидуваат да, од публика креираат јавно мислење, а притоа кога имаат можности да направат нешто, за жал не само што ништо не прават, туку и уназадуваат. Но, има и такви, затоа викам, тие секогаш ќе останат политички маргиналци“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека Македонија во моментов има најниска инфлација од државите во регионот.

„Инфлацијата е еден од тие сегменти коишто се случуваат во вакви предизвикувачки времиња. Ние во моментот, во јуни успеавме да имаме најниско ниво споредено со сите држави во регионот. И посебно ме радува што кај храната таа е некаде околу 2,5%, односно кај обувките и облеката околу 2,1%, односно е под 3%. До 3,4% контрибуираат тутунот, тутунските производи и алкохолот. И исто така транспортните услуги поради високите цени на горивата“, рече Мицкоски.

Најново

Регион21 минута

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава34 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...