Контакт

Економија

Мицкоски: Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз

Објавено пред

Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во работа на новата фабрика на „Винчини“ за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра.

„Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис ‘Винчини’, односно ‘Макрпогрес’ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз“, рече Мицкоски и додаде дека „Макпрогрес“, дали директно преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, произведува веќе и 80 проценти од своето производство го дава за извоз.

Отворањето на новата фабрика за производство на вафли, се реализира за само шест месеци, со значајно учество на домашни градежни компании, инженери, проектанти и изведувачи. Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на „Винчини“.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања. Новата фабрика ќе се овозможи зголемување на производствените капацитети на „Винчини“ за околу 30 проценти, како и значително зголемување на извозот и присуството на меѓународните пазари.

Најново

Регион3 минути

Гоци: Вучиќ не може да го држи Западниот Балкан како заложник

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Сандро Гоци денес изјави дека српскиот претседател...

Забава26 минути

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет41 минута

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија1 час

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија1 час

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника2 часа

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...