Контакт

Економија

Мицкоски за најавите за протест на земјоделците: Нивните барања се легитимни, ќе направиме сè за да помогнеме

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за став околу најавите на земјоделците од струмичко за протести истакна дека нивните барања се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

„Јас апсолутно сакам да кажам дека како влада ги поддржуваме земјоделците и нивните барања и тука нема никаква дилема. Затоа што тие се луѓето коишто нè хранат и во оваа година која што е исклучително предизвикувачка кога во неформални кругови се користи терминот, оваа година „треба да се преживее“, ценам дека барањата на земјоделците се легитимни и ние како влада преку механизмите коишто ни стојат на располагање ќе сториме сè што можеме за да помогнеме, што впрочем и го покажавме уште кога бевме избрани како влада“, истакна Мицкоски.

Тој исто така се осврна и на тоа што досега оваа влада го направила во насока на обезбедување подобри услови за земјоделците имајќи ја предвид катастрофалната состојба која ја остави минатата власт во овој сектор.

„Ќе ве потсетам, нема добра реколта без исчистени канали за наводнување и без полни акумулации што беше случајот сега. Еве денеска добив информација дека во принцип водостојот на акумулациите и на реките е најнизок околу Голема Богородица, а нашите акумулации се некаде околу 60%. Значи завршува сезоната на наводнување, некаде околу 60% се полни. Ќе ве потсетам, 23 јуни кога оваа влада беше избрана процентот во акумулациите беше 7. Тоа не беа акумулации, беа мочуришта. Таа е разликата од прилика што направивме ние за да имаме поголема реколта и што правиме ние за земјоделците“, нагласи Мицкоски.

Тој упати и критики до претставниците од претходната власт, кои иако ги уништија и доведоа на питачки стап земјоделците, денеска излегуваат без трошка срам во таканаречена одбрана на истите и мислат дека народот им верува.

„Второ, се сеќавам на тие први владини седници кога се разговараше за две државни компании коишто беа во една прилично предизвикувачка состојба односно неколку месеци на вработените не им беа исплатени плати. Тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Кога зборам неколку, 3-4 месеци не им беа исплатени платите. Исто така се сеќавам тогаш министерот за земјоделство шумарство и водостопанство реферираше дека не беа исплатени субвенции од 2020-та. Во јуни 2024-та не беа исплатени субвенции од 2020-та. И денеска како да имаат амнезија од опозицијата, сето ова го забораваат, ама ај тие што мислат дека го забораваат, тие мислат и дека народот им верува и без нималку срам излегуваат во јавност и се ставаат во таканаречена одбрана на земјоделците. Овие истите што ги уништија, буквално што ги доведоа на питачки стап земјоделците денеска без срам ги гледаме снимаат по некое рилсче, страв им е да се соочат бидејќи можат да добијат непријатни прашања. Со камерата се снимаат и тоа го објавуваат и мислат дека на тој начин ќе добијат некаква поддршка, а притоа забораваат дека нивната репутација е нула, а кредибилитетот е негативен“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Да сумирам, земјоделците ја имаат апсолутно нашата поддршка, вистинските земјоделци се наши партнери и ние продолжуваме да бидеме како влада вистински партнери на вистинските земјоделци“.

Најново

Свет3 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет3 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет3 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет4 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет5 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија5 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава5 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија5 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава6 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....