Контакт

Економија

Министерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска, 7 октомври, престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Преку посетата во Виена, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставува енергетските приоритети на земјата пред релевантни европски институции, претставници на јавниот сектор, дипломати и идни носители на одлуки, со цел отворање нови можности за соработка, размена на искуства и унапредување на партнерствата во енергетиката.

Програмата „Жени лидери 2026“, организирана од Дипломатската академија на Виена, е посветена на зајакнувањето на женското лидерство и на современите предизвици во јавниот сектор. Учеството на министерката Божиновска овозможува размена на искуства и отворање прашања од значење за иднината на регионот и Европа, вклучително и лидерството, управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија.

Енергетската соработка меѓу Македонија и Австрија е еден од клучните сегменти на посетата. Министерката ќе оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот ќе бидат билатералната и економската соработка, енергетската транзиција, енергетската сигурност и можностите за воспоставување и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, велат од Министерството за енергетика.

Посебен дел од агендата е посветен на младите и идните дипломати. Министерката Божиновска ќе има обраќање и ќе одржи предавање пред студентите на Дипломатската академија на Виена, посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија.

Пред студентите ќе бидат претставени реформите и процесите што го менуваат македонскиот енергетски систем – развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура, постепеното напуштање на јагленот и спроведувањето на праведната енергетска транзиција. Ќе бидат презентирани и приоритетите поврзани со енергетската сигурност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и интеграцијата во европскиот енергетски пазар.

Во услови на новата енергетска и геополитичка реалност во Европа, посебно значење има регионалната енергетска поврзаност. Во овој контекст, значајно место имаат новите енергетски коридори, вклучително и Вертикалниот гасен коридор, кои придонесуваат за поголема сигурност и диверзификација на снабдувањето.

Со активната меѓународна агенда, Министерството продолжува да ги гради партнерствата во регионот и Европа, да ги отвора можностите за нови инвестиции и соработка и да ги позиционира македонските енергетски интереси во пошироките европски процеси. Посетата во Виена е насочена кон создавање конкретни можности за соработка и размена на искуства во енергетиката, со фокус на сигурна, модерна и одржлива енергетска иднина, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...