Контакт

Економија

Нафтата поевтини, се очекува нормализација на сообраќајот низ Ормускиот Теснец

Објавено пред

Цените на нафтата денеска паднаа под 78 долари за барел, откако САД и Иран потпишаа меморандум што предвидува отворање на Ормутскиот Теснец и постепено обновување на извозот на иранска нафта.

На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали на 77,52 долари за барел, додека на американскиот пазар изнесуваше 74,63 долари.

Според договорот, САД ќе почнат со укинување на блокадата на иранските пристаништа, а Иран постепено ќе го отвора Ормутскиот Теснец за безбеден премин на трговски бродови. Процесот треба да биде завршен во рок од 30 дена.

Веќе се регистрирани првите нафтени танкери што непречено поминале низ теснецот, меѓу кои и три саудиски супертанкери со околу шест милиони барели нафта.

Пазарите позитивно реагираа и поради очекувањата дека иранската нафта повторно ќе се врати на светските пазари.

Во меѓувреме, Меѓународната агенција за енергетика соопшти дека стратешките резерви на нафта на земјите членки на ОЕЦД се намалени за 163 милиони барели од почетокот на конфликтот и се на најниско ниво од декември 1990 година. Според агенцијата, доколку договорот се реализира, производството и извозот на нафта од регионот на Персискиот Залив постепено ќе се стабилизираат.

Најново

Свет3 минути

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет35 минути

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет44 минути

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет1 час

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија1 час

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија2 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...

Свет2 часа

Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за...

Свет3 часа

Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата...

Свет3 часа

Рекордни 2,5 милиони луѓе на мисата на Папата во Буенос Аирес

Повеќе од два и пол милиони луѓе се собраа денес на миса на отворено, која ја служеше папата Лав XIV...