Контакт

Економија

Награда од 60.000 денари за најдобриот видеоматеријал: Народната банка ги повикува граѓаните преку кратко видео да ја претстават нејзината улога во нивното секојдневие

Објавено пред

По повод 80 години централно банкарство во нашата земја, Народната банка објавува Конкурс за избор на најдобар видеоматеријал објавен на социјалните мрежи, на тема „Што значи за мене Народната банка?“, со хаштаг #МојатаНБ. За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена парична награда од 60.000 денари, нето, при што персоналниот данок на доход е на товар на Народната банка, известува НБ.

Како што велат од НБ, целта на Конкурсот е, преку перспективата на граѓаните, да ја прикаже поврзаноста на работата на Народната банка со нивното секојдневие – од стабилноста на денарот и цените, до сигурноста на банкарскиот систем и непреченото извршување на плаќањата. Работата на централната банка често се поврзува со сложени економски поими и процеси, но нејзините активности имаат директно значење за граѓаните, нивните пари, заштеди и секојдневни плаќања.

Учесниците можат слободно и креативно да обработат еден или повеќе аспекти од работата на Народната банка, при што видеоматеријалот треба јасно да ја поврзува содржината со Народната банка и со некоја од нејзините надлежности.

Како можни теми за обработка се издвојуваат:

·        денарот и неговата стабилност – издавањето на домашната валута и улогата на Народната банка;

·        ценовната стабилност – инфлацијата, куповната моќ и значењето на предвидливите цени;

·        стабилноста на девизниот курс и нејзиното значење за граѓаните и економијата;

·        сигурноста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка во неговиот надзор;

·        платниот систем и начинот на кој се обезбедува непречено извршување на плаќањата;

·        девизните резерви и нивното значење за ликвидноста во плаќањата кон странство;

·        економската статистика и транспарентноста и улогата на Народната банка во обезбедувањето и објавувањето релевантни економски податоци.

Темите се дадени како насоки и не се ограничувачки. Видеоматеријалите може да бидат изработени како анимација, интервју, скеч, документарен запис или во друг формат соодветен за објавување на социјалните мрежи.

Кој може да учествува?

Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија, со исклучок на членовите на Советот на Народната банка, вработените во Народната банка и членовите на нивните семејства.

Еден учесник може да учествува со најмногу пет видеоматеријали. Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело, со времетраење до три минути, и да биде изработен на македонски или на албански јазик. Се препорачува видеоматеријалите да содржат вградени титлови на македонски или на албански јазик.

Како да учествувате?

Видеоматеријалите треба да се објават на Фејсбук или Инстаграмво периодот од 1 октомври до 31 октомври 2026 година, со задолжително користење на хаштагот #МојатаНБ и означување на официјалниот профил на Народната банка:

·        Фејсбук: @narodnatabanka

·        Инстаграм: @narodnabanka.mkd

Објавата треба да биде јавно достапна во текот на траењето на Конкурсот.

Видеоматеријалите што ги исполнуваат условите на Конкурсот ќе ги оценува комисија формирана од претставници на Народната банка. При оценувањето ќе се земат предвид доследноста на темата и оригиналноста на идејата, придонесот кон разбирањето на работењето на Народната банка и јасноста на пораката, како и креативноста, естетскиот квалитет и техничката изработка на видеоматеријалот, информираат од НБ.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на интернет-страницата и на официјалните профили на Народната банка на социјалните мрежи.

Конкурсот „Што значи за мене Народната банка?“ е дел од активностите со кои Народната банка одбележува 80 години централно банкарство во нашата земја, со цел на граѓаните да им се овозможи од своја перспектива да ги претстават улогата и значењето на централната банка во секојдневниот живот, велат од НБ.

Најново

Македонија24 секунди

„Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!“, велат од СДСМ

„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без...

Спорт24 секунди

(Видео) Последното танго на Меси – За крај гол и две асистенции

Репрезентацијата на Аргентина се збогува од Лионел Меси, а еден од најдобрите фудбалери во историјата се збогува со дресот на...

Свет6 минути

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: „Сите што беа на власт мора да си заминат“

Израел ја одбележува третата годишнина од најсмртоносниот ден во својата историја со низа комеморации и протести на повеќе од 400...

Забава17 минути

(Фото/Видео) „Најубавото девојче на светот“ денес изгледа поинаку: Гордо го покажа своето лице во Париз

Тилан Блондо го привлече вниманието на Модната недела во Париз, воодушевувајќи ја публиката со своето појавување, и покрај негативните коментари...

Забава37 минути

„Беше обострано“: Мајкл Даглас за големата брачна криза со Кетрин пред 13 години

Кетрин Зета-Џонс е 25 години помлада од Мајкл Даглас; тие се во брак од 2000 година и, и покрај разликата...

Свет40 минути

Ким му го честита роденденот на „најдрагиот пријател“ Путин: „Ќе победи во светата војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ѝ вети на Русија „непоколеблива поддршка“ во честитката по повод роденденот на рускиот претседател Владимир Путин,...

Свет44 минути

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека „многу наскоро“ ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во врска со смртта...

Забава57 минути

Подготвена е на сè за љубовта: Сидни Свини ги исполнува желбите на своето контроверзно момче

Според добро упатени извори кои разговарале со „Page Six“, Сидни Свини и Скутер Браун прават сè посериозни планови за свадба...

Европа1 час

(Видео) На роденденот на Путин, Русите го бомбардираа Киев со ракети и дронови: има загинати и повредени

Во текот на ноќта кон 7 октомври, Русија изврши масовен ракетен напад и напад со беспилотни летала врз Киев, што...