Контакт

Економија

Народна банка го усвои извештајот за финансиската стабилност за 2025: Финансиската стабилност е задржана

Објавено пред

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2025 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2025 година, во услови на стабилен домашен амбиент, финансискиот систем ја задржа својата стабилност и отпорност и покрај предизвиците и неизвесноста во глобалното окружување.

„Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции, како штедилниците и друштвата за лизинг, остварија солиден раст и непречено ги извршуваа финансиските активности, придонесувајќи за натамошно продлабочување на финансиското посредување“, соопшти Народната банка.

Во извештајот се наведува дека банкарскиот систем ја задржал стабилноста во 2025 година, неговата солвентност и капитализираност продолжи да расте, што придонесе за натамошно зајакнување на капацитетот за справување со потенцијалните шокови. Показателите за ликвидноста на банкарскиот систем се задржале на задоволително ниво, при натамошен раст, иако забавен, на ликвидната актива, во услови на малку побавен раст на депозитите и истовременото засилување на кредитната активност на банките.

„Осигурителниот сектор одржува соодветна солвентност и ликвидност, како и солидна профитабилност, при ограничени ризици. Од суштинско значење за нивното работење и натаму остануваат внимателното управување со ризиците и натамошното намалување на трошоците“, пишува во соопштението.

Кај останатите сегменти на финансискиот систем, кои се значително помали, и во 2025 година се издвојуваат инвестициските фондови, кои втора година по ред се најбрзорастечкиот сегмент од финансискиот систем, што произлегува од високите приливи на нови средства во овие фондови, при намалени стапки на принос во 2025 година, во услови на променливи движења на пазарите на капитал.

Во Извештајот се оценува дека одржувањето силен и отпорен банкарски сектор претставува еден од клучните предуслови за зачувување на финансиската стабилност и ќе остане приоритет на Народната банка и во наредниот период. Токму затоа, особено во услови на неизвесно окружување, Народната банка продолжува да води претпазливи политики, преку активно користење на макропрудентниот инструментариум и внимателна монетарна поставеност.

„Влијанието на ризиците врз финансиската стабилност во голема мера е условено и од отпорноста на домаќинствата и корпоративниот сектор, преку нивните одлуки за штедење, задолжување и соодветна отплата на обврските. Кај домаќинствата, ризиците за финансиската стабилност во 2025 година се задржаа на умерено ниво, при натамошно зајакнување на финансиската позиција, умерена задолженост и подобрување на квалитетот на кредитите, а новите макропрудентни мерки дополнително ја зајакнаа заштитата од прекумерна задолженост. Ризиците од корпоративниот сектор, исто така, се оценети како умерени, со подобрена профитабилност и одржлива задолженост на секторот, но со присутни структурни слабости поврзани со традиционално ниската ликвидност, финансиската дисциплина и неизвесното надворешно окружување, што ја нагласува потребата од претпазливо управување со ризиците и зајакнување на конкурентноста“, соопшти Народната банка.

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за вториот квартал од 2026 година, во кој се оценува дека банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови.

На истата седница, Советот разгледа и усвои повеќе материјали поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт6 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт6 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет7 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет8 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија8 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт8 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...