Контакт

Економија

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Објавено пред

Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со ЕБРД, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите, давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени.

Во рамките на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка за првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на претпријатијата во сопственост на жени (достапен на следнава врска: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk ). Воедно, активно се работеше на формирање на Националната коалиција за примена на Кодексот во нашата земја. Покрај Народната банка, како национален координатор и обединител, во Националната коалиција учествуваат 19 институции, меѓу кои 6 банки, 2 штедилници и МБА. Од јавниот сектор, вклучени се Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Институциите коишто се дел од Националната коалиција се организирани во три работни групи посветени на деловното окружување, прибирањето податоци и на финансиските и нефинансиските услуги за претпријатијата во сопственост на жени, велат од Народната банка.

„Институциите членки на Националната коалиција неодамна го заокружија списокот со заложби за примена на Кодексот и го објавија на своите веб-страници, а Народната банка го објави интегрирано, во делот од својата веб-страница посветена на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Објавените списоци упатуваат на цврстата определба за ангажирање во активности за поддршка на женското претприемаштво во нашата земја, што е во прилог на јакнење на потенцијалот на економијата во целина.

Активностите на Народната банка и Националната коалиција во следниот период ќе бидат насочени кон натамошно проширување на Коалицијата со нови потписници, спроведување анкета за оцена на потребите, утврдување на националната дефиниција на претпријатијата во сопственост на жени за потребите на Кодексот, наоѓање системски решенија во доменот на податоците според родовата структура во сферата на финансиите, дефинирање на начинот на известување, како и редовни анализи на податоците“, се наведува во соопштението на Народната банка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Николоски од Австрија: Брзата пруга на Коридор 10 ќе донесе силен економски импулс

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави:

„Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.

Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок.

Особено ги истакнав регионалните развојни проекти со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.

На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот коридор 8 и инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор.

Соработката со Австрија ја продолжуваме во духот на заедничката соработка за развој на регионот, за економски напредок и одржување на добрите билатерални односи“, објави вицепремиерот Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април, велат од УЈП

Објавено пред

Управата за јавни приходи со информација за сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година.

„Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 година (понеделник). Според најновите податоци, од вкупно 42.605 очекувани пријави, досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71% од вкупниот број на очекувани месечни и тримесечни ДДВ – 04 пријави. Ги охрабруваме сите даночни обврзници да постапат одговорно и навремено да ја исполнат својата законска обврска, како и да ги достават сите потребни документи до своите сметководители со цел навремена, точна и ефикасна обработка на даночните пријави за наведениот период“.

Од УЈП напоменуваат дека со доследно почитување на роковите, даночните обврзници проактивно ги минимизираат ризиците од казни и камати, обезбедуваат континуитет во финансиското планирање и ја зголемуваат предвидливоста во деловните процеси.

Истовремено, додаваат од таму, навременото доставување на точни ДДВ – 04 пријавите овозможува поефикасна и побрза обработка од страна на УЈП, со што се намалува административниот товар и се зајакнува усогласеноста со даночните прописи.

„Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителна информација или стручна поддршка можат да се обратат преку следниве канали: Е-пошта: [email protected]. Од фиксна линија: 0800 33 000. Од мобилен телефон: 02 3253 200. Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови стојат на располагање за обезбедување точни, навремени и јасни информации со цел успешно исполнување на даночните обврски“.

Прикажи повеќе...

Економија

Народна банка: Годишен раст од 11,3% на вкупните депозити и од 13,1% на вкупната кредитна поддршка во март

Објавено пред

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка.

На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Лацио е во финалето на Купот – Голманот одбрани четири пенали

Лацио ќе му се спротивстави на Интер во финалето, во Купот на Италија. Во Бергамо, Лацио по изведувањето пенали ја...

Спорт2 часа

(Видео) Јамал шутна пенал и се повреди

Ламин Јамал изведе пенал, во 40-та минута и ѝ донесе водство на Барселона во дуелот со Селта и се повреди....

Спорт2 часа

(Видео) Сити победи на „Турф Мур“, ја презеде челната позиција и го испрати Барнли во Чемпионшип

Фудбалерите на Манчестер Сити победија против Барнли и го престигнаа Арсенал на табелата. Манчестер Сити го победи Барнли,а „уфт Мур“...

Македонија3 часа

Средба Сали – Маричиќ: Реформската агенда и измените на Изборниот законик во фокусот

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба во Владата со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и...

Спорт4 часа

(Видео) Елче освои важни бодови – Ги искористи киксот на Облак и глупоста на Алмада

Фудбалерите на Елче остварија победа над Атлетико Мадрид со 3:2 (2:2) во натпреварот од 33-то коло од шпанската Ла Лига....

Спорт4 часа

Челзи го отпушти Розениор

Англискиот стручњак Лиам Розениор повеќе не е тренер на Челзи, потврди клубот. Младиот стратег го предводеше Ќелзи 104 дена. Во...

Македонија4 часа

Димитров од Атина: Меѓу Скопје и Софија нема компромис, туку пакет кој не донесе решение

Дипломатскиот пристап кон решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија беше тема на остра дебата на меѓународниот форум во Атина,...

Македонија5 часа

Мицкоски од Виена: Потребни се дела, а не зборови – Европа мора активно да ги обликува правилата

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена испрати јасна порака до европските партнери: Во услови на неизвесност, енергетски предизвици и економски притисоци,...

Свет5 часа

Украина: Руската „победа“ во Луганск е обид желбите да се прикажат како реалност

Началникот на Воената управа на Луганската област, Олексиј Харченко, ги отфрли руските тврдења дека московските сили целосно ја зазеле оваа...