Контакт

Економија

Наскоро постапка за избор на проектант и изведувач за гасоводот кон Србија

Објавено пред

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста пренос на природен гас, Номагас, се подготвува за отворање на тендерската постапка за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект претставува втората клучна точка во стратегијата за диверзификација на изворите на енергија и намалување на зависноста од еден снабдувач. Овој важен чекор за унапредување на позицијата на Македонија како значајна енергетска врска меѓу јужните и северните правци во регионот ќе придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во регионот, унапредување на енергетската транзиција, поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на гас, како и интеграција на регионалните гасни пазари.

„Проектот се движи низ јасно дефинирани фази и дека досегашната институционална и техничка координација создава основа за следните чекори. Во изминатиот период беа потврдени заедничките заложби на Номагас и Србијагас за забрзување на реализацијата, а на ниво на ресорни министерства и оператори беше нагласено дека постои јасна динамика, завршени студии и поддршка за продолжување на проектот“, велат од Номагас.

Интерконекторот ќе има капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно

Гасоводот со Србија е предвидено да има должина од околу 68 километри, од кои околу 23 километри се на територијата на Северна Македонија. Трасата треба да го поврзе постојниот национален гасоводен систем со границата кон Србија, што ќе овозможи транзит на природен гас од југ кон север, но и интеграција на земјата во регионалните гасоводни мрежи. Проектот ќе се реализира на потегот Клечовце–Врање и треба да овозможи двонасочен транспорт на природен гас меѓу двете земји. Интерконекторот ќе има капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, а со неговата реализација Македонија ќе добие нова врска кон северниот правец, паралелно со пошироките активности за енергетско поврзување на регионот. На македонска страна е предвидена изградба на главна мерна станица.

Интерконекцијата со Србија има значење што ја надминува билатералната инфраструктурна соработка. Со реализацијата на овој проект, Македонија дополнително ќе ја унапреди својата позиција како важна енергетска врска меѓу јужните и северните правци во регионот, со значење за поврзаноста, сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Воедно, овој правец се вклопува во пошироката визија за посилно енергетско поврзување на Балканот и отворање пристап до повеќе извори и рути на снабдување.

Од Номагас оценуваат дека отворањето на постапката за избор на проектант и изведувач ќе биде важен исчекор кон влез во поконкретна реализациска фаза. Тоа ќе значи премин од досегашната подготовка, студии и меѓуинституционална координација кон активности што ќе ја приближат изградбата на новата гасна врска меѓу Македонија и Србија.

Најново

Свет3 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет4 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион4 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија5 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника5 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава5 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника5 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава6 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт6 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...