Контакт

Економија

„Нов министер, исти лаги – Серафимовски ги измеша производна и откупна цена на грозјето“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Ново име, исти манипулации. Уште на првиот настап новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски покажа дека не е способен за функцијата. Се потврди тоа што СДСМ го зборуваше – реконструкцијата на Владата е само смена на имиња и нема да ги реши проблемите на земјоделците“, велат од СДСМ.

„Во денешната изјава за производната цена на грозјето, Серафимовски ги измеша лончињата. Наместо производната цена, ја соопшти откупната цена.

Зголемувањето од 25%, не е обврска на Министерството за земјоделство и не се пресметува на производната цена, туку тоа го пресметуваат винариите на откупната цена на грозјето.

Серафимовски свесно ги излажа лозарите, презентирајќи им нереални производни цени. Според неговите пресметки, производната цена на Вранецот е 21,8 денари, а на Смедеревката 20 денари за килограм.

Ова е свесно манипулирање со лозарите за да се прикрие реалната состојба во земјоделството, исто како што тоа го правеше неговиот претходник Трипуновски.

Вистината е дека, кога ќе се одземат овие 25%, кои не се пресметуваат на производната цена, тогаш реалната производна цена за Вранецот би била 17,44 денари, а за Смедеревката 16 денари за килограм.

Овие цени се далеку од исплатливи за лозарите, во услови кога нафтата, вештачките ѓубрива, заштитните средства и работната рака се значително поскапени.

Наместо чесен однос кон лозарите, и новиот министер продолжува по веќе воспоставената матрица на Владата на ВМРО – истите политики, истите манипулации и истото понижување на лозарите.

Јасно е дека со реконструкцијата ниту земјоделците, ниту граѓаните не можат да очекуваат какво било подобрување, мерки или напредок.

Политиките остануваат исти, неспособноста останува иста, а единствено што продолжува да расте се разочарувањето и штетите што Владата им ги нанесува на земјоделците“, соопшти СДСМ.

Најново

Македонија2 минути

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...

Македонија9 минути

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...

Регион29 минути

Околу 2.000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио...

Македонија35 минути

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион58 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија1 час

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава1 час

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава1 час

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет2 часа

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...