Контакт

Економија

Oтворен Самитот Македонија 2025

Објавено пред

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија 2025, каде врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

„Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи како можности така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод нив да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал“ – изјави Ентони Б. Ким, менаџер за истражување, уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво. Максимилијан Ламбертсон – водечки аналитичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

„Регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-2009, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Кај земјите на Западен Балкан во периодот 2018-2022 предвидувме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3.3%“ – додава тој.

Имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, една од темите на Самитот денеска ќе биде и производството на канабис за медицински цели. Исто така, ќе бидат презентирани успешни македонски компании.
Утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

На самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Објавено пред

Централните банки на Германија и Австрија само до крајот на неделава, односно до 26 април ќе издаваат банкнота од 500 евра. Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинаа печатењето на таа банкнота уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра. Надлежните сметаат дека укинувањето на оваа банкнота ќе придонесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Претседателот на германската централна банка, Јоханес Берман, за весникот ,,Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека централните банки во Германија и Австрија досега издавале најмногу банкноти од 500 евра.

„Затоа беше донесена одлука тие последни да го престанат со издавањето. Голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра”, рече Берман.

Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот на владејачката СДСМ, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи напиша дека ова е горчлива победа, а резултатот треба да биде поука за сите. Тој истакна дека е дојдено време за одговорност на дел од функционерите од СДСМ како и пензионирање на голем дел од политичката елита на Албанците во државата.

-Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас. Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ, напиша Зекири на социјалните мрежи.

Вечерва и двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа. Според последните резултати од ДИК, кандидатот Стево Пендаровски е во водство со 323.040 гласови пред Гордана Силјановска Давкова која од преброените гласови досега има освоено 318.535 гласа. Единствениот кандидат Албанец, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, освои 79.787 или 10,58 отсто од запишаните гласачи.

Прикажи повеќе...

Економија

Компанијата „ФИАТ – Крајслер“ повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Објавено пред

Фирмата „ФИАТ – Крајслер“ (ФАА) објави дека ќе повлече повеќе од 300.000 возила во Северна Америка поради неисправност на менувачот.

Повлекувањето се однесува на компактните автомобили „доџ дарт“ произведени од 2013 до 2016 година со автоматски менувач во шест брзини.

„Поради неисправност, кога возачот ќе се паркира или ќе префрли во друга брзина, може да се случи брзината да не се промени“, соопштија од ФИАТ.

Компанијата исто така порача дека не добиле информации за некоја несреќа или повреда, но ги советуваат сопствениците да го исклучат моторот и да ја подигнат рачната сопирачка пред да излезат од автомбилот.

Продавачите ќе го поправат дефектот без трошоци за сопственикот, а повлекувањето на автомобилите се очекува да почне на 31 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ11 час

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа15 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201916 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет16 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201918 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201919 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201921 час

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201921 час

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет22 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ23 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201924 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет24 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ1 ден

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести1 ден

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие