Контакт

Економија

Peugeot Active Drive – тековна акција со 3 модели по одлични цени

Објавено пред

Моделите „пежо 208“, „308“ и „2008“ со Active ниво на опременост, врвна технологија и безбедносни системи од најновата генерација се достапни преку нова промотивна кампања.

Моделот „пежо 208“ уште на прв поглед освојува со својот стил, избор на свежи бои на екстериерот и најсовремена иновативна технологија и потполно се издвојува од останатите во сегментот.

„Пежо 308“ е креиран по најновите стандарди каде ентериерот на возилото, i-Cockpit, е одлика на гамата. Ентериерот i-Cockpit се фокусира на возењето што ви овозможува целосна контрола, овозможувајќи поголемо држење на патот.

Во компактниот SUV-сегмент, „Пежо 2008“ се издвојува од толпата со својот примамлив самодоверлив дизајн и својата вистинска моќност и карактер кои го прават робустен и софистициран. За повеќе информации сите заинтересирани може да се обратат во продажно-сервисната мрежа на „Пежо“ или на официјалната интернет-страница и да закажат тест-возење.

Економија

МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија

Објавено пред

Од

Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии

Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии.

Во објавата за напредокот во рамки на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците, од Светска банка посочуваат дека последнава година во Македонија во рекордно време е постигнат напредок и приближување на управувањето со јавниот долг во однос на добрите меѓународни практики, со значително подобри резултати во однос на другите земји.

„Обемот на реформи кои согласно Програмата се имплементираат, можеби е преамбициозен за другите земји, но не и за тимот од секторот за јавен долг во Министерството за финансии на Македонија. Обично државите реализираат една по една компонента од Програмата, поради ограничени човечки ресури, бидејќи треба да ги спроведат реформите покрај секојдневните работи. Но во Македонија е различно. Таму има разбирање во тимот, кој патем се состои само од 10 луѓе, дека се потребни реформи и напорно работат на сите компоненти“, вели Родриго Кабрал, тим лидер од Светска банка.

Tимот за јавен долг во Министерството за финансии работи на подобрување на стратегијата за јавен долг, на нов закон за јавен долг, на развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност и на ИТ системот за управување со долгот.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на расправата за завршна сметка за 2017 година во Собранието, иако наследил брзорастечки јавен долг, изминатата година Министерството за финансии успешно управувало со долгот. Како резултат на тоа во 2017 година, за првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален, велат од МФ.

Прикажи повеќе...

Економија

СТО пресуди во корист на Русија во спорот со Украина

Објавено пред

Од

дампинг, антидампинг

Комисијата за решавање спорови на Светската трговска организација (СТО) пресуди во корист на Русија во спорот со Украина.

Станува збор за случајот кој СТО го покрена против Украина поради воведувањето на мерки на увозниот амониум нитрат кој се користи како ѓубриво.

Русија во мај 2015 година поднесе тужба пред СТО, наведувајќи дека таквите царини претставуваат кршење на договорот на СТО за антидампинг.

Прикажи повеќе...

Економија

„Burberry“ уништи облека и модни додатоци вредни 31 милион евра

Објавено пред

Од

Burberry, мода

Луксузната британска модна куќа „Burberry“ во текот на изминатата година уништи облека, модни додатоци и парфеми во вредност од над 31 милион евра за да го заштити својот бренд. Со тоа вкупната вредност на стока што ја уништила оваа модна куќа во последните пет години се искачи на повеќе од 100 милиони евра.

„Burberry“ не е единствената модна куќа која ги уништува своите производи за да спречат тие да бидат украдени или да се продаваат по ниски цени.

Во текот на изминатите години „Burberry“ вложи многу енергија за да го направи овој бренд повторно ексклузивен откако фалсификаторите почнаа да ги копираат речиси сите нејзини производи. Една од главните продавачки на „Burberry“, Марија Малоне, вели дека уништувањето на производите е дел од процесот на производство.

„Причината поради која го прават ова е затоа што не сакаат да го преплават пазарот со попусти. Тие не сакаат нивните производи да дојдат во сечии раце и да ги продаваат со попусти и со тоа да ја намалат вредноста на брендот“, рекла Малоне.

Прикажи повеќе...

Најново

плажа, одмор, Европска Унија плажа, одмор, Европска Унија
Македонија11 минута

Македонија на дното на листата на земји во кои луѓето не можат да си дозволат годишен одмор

Според истражувањето на Евростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9 отсто) не можат да си дозволат годишен одмор...

Лос Анџелес, заложници Лос Анџелес, заложници
Вести41 минута

(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ...

Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии
Економија2 часа

МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија

Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии....

Македонија15 часа

Измените на Изборниот законик в понеделник на собраниска седница

Пратениците в понеделник на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по завршување на комисиската расправа. Измените...

Македонија21 час

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион22 часа

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ23 часа

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет24 часа

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија1 ден

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија1 ден

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија1 ден

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија2 дена

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија2 дена

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Македонија2 дена

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да...

Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ
Регион2 дена

Харадинај: Евентуална поделба на Косово би значело почеток на војна

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека евентуална поделба на Косово за него би претставувало почеток на војна. Харадинај го...

Gavril Bubevski SJO Gavril Bubevski SJO
Македонија2 дена

(Видео) СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата,...

Тимјаник, Мила Царовска, дом Тимјаник, Мила Царовска, дом
Македонија2 дена

Отворен домот во Тимјаник, во него се сместени четири деца

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, Неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 дена

(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три...

ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK
Македонија2 дена

Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека Владата ставила европско...

Свет2 дена

Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир...

Досие